Јас немам искуство во Плодност, правев во Систина. Претходно читав доста коментари дека е болно ама мене лично воопшто не ме болеше целата процедура и во мојот случај беа проодни.
Се јавив јас и таа ми рече гладна и жедна, јас и реков без анестезија сакам и таа ми рече ако исто било. Затоа ве прашав.
Да, кратко трае и одма ќе можеш да си одиш. Малку полежав поради аналгезата. Резултатите ги даваат брзо, извини не се сеќавам точно колку чекав. Само треба да напишат извештај и да ти ја дадат снимката, не е многу време. После се чека за кај докторот. Тука веќе зависи од гужвата, пуштаат една закажана една со резултат. Ама ако си кај друг доктор а тука одиш само за снимањето, не знам дали ќе имаш потреба за ова. Најдобро да прашаш кај твојот доктор дали тој ќе го гледа резултатот.
Добро утрооо Во 2 сабајле е направен тестот а денес е прв ден што ми касни. Немав трпение да чекам и сега се нервирам што е бледа втората линија. Што мислите?
Нема врска рана бременост е дури и во упатството на тестот пишува дека може да е бледа и кај мене беше вака за 2 3 дена ќе биде појака Честиткииии
Ми фалеше форумов Си се вратив пак назад со ова корисничко име јас сум Bokace се надевам дека нема веќе да си ја заборавам лозинката Да ви се пофалам бремена сум 5+3 недели Си ги видов најубавите и долго очекувани две црти , доаѓа нашето каратинско бебе Ве гушкам
Честитки и лесна бременост. Многу се израдував денес вистина. Се повеке и повеке да се множиме со убави вести
Втор брак ми е и се обидувавме 7 месеци . Предходно во првиот брак ,спонтан во 24 недела , две хистороскопии и едно ивф .
Феминки едно прашање? Ако има бременост базалната температура се покачува или намалува? Во исчекување сум на недобивање (3дена) на менструалниот циклус. Пред 3 дена страшно ме болеше долниот ден од стомакот а веќе немам никакви болки значи само тој ден. Ве молам за мислење?