Се покачува , околу 37со 1 е . Јас пред да одам на гиниколог имав болки и грчеви пред да дознаам дека сум трудна . Се смируваат па пак почнуваат болките. Јас направив селф клиар тест , покажа бледа црта на крај од 3тата недела. Направи си тест и со среќа
Срцкааа Честитки Бокаче. Најпрво за бременоста , а после и за бракот. Многу ми е драго мила Уживајте во љубовта , галете мешко и бидете среќни до крајот на животот
Ве читам за мерењето температура страници уназад. Не знам дали сфаќате што е базална температура и како се мери. Ако мерите во било кое време и со тоа топломерите со жива-не се праи тоа така. Температура се мери во секундата кога ќе отворите сабајле очи , без да се мрднете, со дигитален топломер со две децимали. И секој ден во исто време да станувате треба. Така се гледа дали ви е качена температурата за овулација, после имплантација итн. Ако измерите во 18ч дека ви е 37 и се радувате дека ви е качена , да не бидам сурова ама не значи буквално ништо.
Јас така сум мерела како што напиша ти. Од сабајле кога станував и одма при рака топломерот и мерам температура. Но и со обичен топломер си покажува точно.
Базалната се покачува дента кога е овулацијата. После ,Ако јајцето се оплодило , за 8 до 12 дена се имплантира. Дента кога јајцето се имплантира се случува нагло опаѓање на температурата , тоа се нарекува implantation dip ( имплантациски пад). И тој пад трае еден ден и веќе следниот ден почнува да расте темп, што укажува на бременост. еве во прилог графикон на базална температура кај жена кога забременува
Даааа Ти благодарам од се срце Бев шокирана кога докторката ми кажа не изгледа дека ќе добиеш ова 90% личи на бременост направи бета , и искачам од таму и прво во аптека тест земав и покажа бледа втора црта . Утре дента правев бета 510.9 и после четири дена вториот тест беше со појака втора црта
Ма какво нервирање... нема нервирање Рана бременост е, затоа е бледа. Честитки и со лесно! @bokace1 Честитки и со лесно да си ја износиш бременоста! Те имам читано предходно кога пребарував низ форумов за азоспермија, па наидов на твои мислења Многу ми е мило за тебе. Честитки уште еднаш за бременоста и за бракот.
@Bebce1 можеш да го ставиш графиконот тука. Јас сум 5 дена до недобивање. Само градите ме болат па затоа мислам дека ќе добијам.
Мериме секоја сабајле штом ќе отвориме очи со дигитален топломер. Времето на мерење е од 05.30 до 6 зашто се будам пред аларм, но сепак е во ред.
@melonka имам 3 дена до недобивање, ми се намали болката во градите само имам малку болка во долниот дел од стомакот. Мислам дека ми се менструални болки
Не губи надеж Јас последна мен. имав на 15.04, болките почнаа негде околу 09.05 и на 12.05 две црти видов . Градите ме заболуваа како за добивање ден предходно симтомите се скоро исти само кај мене беше разликата што еднаш повратив мислејќи дека имам стомачен вирус