Во било која аптека може да се најдат? Или само преку интернет страната на 24 аптека, таму ги имам јас гледано.
И јас добивав на 3 месеци, сега последниов период на 2, не знам дали е од апчината. Прочитав дека и исхраната е битна и вежбањето, па почнав да внимавам и на тоа што да внесувам повеќе, што помалку. Се опседнав а сите велат дека кога не очекуваш ќе се случи.
Јас од еден месец се опседнав а тек којзнае колку ќе бидат. Ситуацијата од што најмногу се плашев, нема бременост ама нема ни циклус. Инаку да и јас имам режим на исхрана од гинекологот, воглавном што помалку јаглехидрати и шеќери никако, нели сме биле по склони на шеќерни болести.
За жал таков пат ни одредил Бог за нас најхрабрите Во борбата има и падови и успеси , многу солзи и не преспиени ноќи. Но нема откажување и разочаривање . Провери и хормон инсулин да не треба и метформин да пиеш , обично со пцос знае инсулинот да се покачи . Иии кога најмалку очекуваш ќе успееш
Најпрво честитки од срце и ти посакувам лесна бременост Проверив мила хормони, инсулинот ми е 6,32 (3-17), направив и ОГТТ тест тој е добар. Гинекологот ми рече 6 месеци да пијам елова и диамел па потоа ако треба да пијам метформин. Мислам дека многу сум опседната и многу напната и затоа нема успех. Ти благодарам за поддршката.
Со лесно на ХСГ, добри нека бидат резултатите. А спермограм имате правено така? Мене од што ми е ноќна мора спермограмов, сите ги замарам прво тоа да проверат
Јас правев пред две недели кај Толовски и исто жалам што чекав две години се обидувавме испадна дека едниот канал ми хидросалпинг а другиот прооден ама со атхезии(слепувања). Иначе кај нив само седиментација барат ама јас и брисеви проверив чисто мирна да си бидам, и покрај другото ме натераа да испитам алергија на контрастот. Со среќа мила ❤️
Микробиолошки брисеви и седиментација на крв пониска од 10. Микробиолошките може и да не ти ги бараат по приватниве, но имај си за твоја сигурност. Седиментација најубаво направи неколку дена пред да правиш ХСГ. Ќе се вмешам во муабетот. Терапија за ова нема. При хидросалпинг најчесто јајцеводот го отстрануваат, а за атхезиите најверојатно ќе пробаат лапароскопски да средат. Нека пише членката во нејзиниот случај конкретно што и кажале.
Гинекологот што присуствуваше ми рече право кај Димитров во Ремедика на лапаро или ако не лапаро ифв ке треба, а ренгенологот ми вика едниот ти е добар сега овој месец секој ден односи. Оставив овој циклус да добиам и да закажам во Ремедика кај специјалистот ама верувам дека ке ми рече да го отстранам хидросалпингот бидејки штети и на плод и на вгнездувањето испушта некоја течност.
Обично ако има некое мало запушување се средува и по самата постапка на хсг . Доколку има поголем проблем лапараскопски се оперира. Јас пред околу 4 години имав правено во Систина и тогаш само седиментација ми побараа и се правеше околу 11 до 13 ден на циклус. Кај мене имаше суп септум и хестероскопски ја остранив , а една правев хистероскопија во Ремедика и не беше успешна исто така суп септум вадев , па на хсг се појави дека пак ја има, па во Гак ја средив.
Не добив. Треба да одам на преглед деновиве, да видам што се случува. Сабајлево правев тест, негативен е.
најпрво добредојде, Ви посакувам успех во борбата и што побрзо да ги видите посакуваните // и јас сум со пцос но денес сум 7 недела и 5 дена, после година и половина обиди, разни испитувања и уште колку не разочарувања и испиени лекарства за регулирање на циклус и поттикнување на овулација јас стигнав до посакуваниот резултат после два месеци откако почнав со Еловата... така да слушај си го докторот пиј ги лековите кои ти ги дал, опушти се и верувај дека побрзо од очекуваното ќе го постигнете посакуваниот резултат
Честитки, многу е убаво вака кога ќе прочитам среќни приказни! Ти посакувам лесна бременост уживај во времето!