мноогу Ви благодарам, Ви ја праќам целата среќа на светов и едвај Ве чекам во труднички да си ги кажуваме слатките маки
Честито мила, имај лесна бременост. Ме радува кога ќе прочитам вака убава вест и верувам дека на сите ни дава надеж и сила за да се бориме понатаму. Ти благодарам за поддршката, секој совет е добредојден ❤️
Мила, во сабота е денот за недобивање. А во недела е денот кога ќе ти пријавам две црти ќе видиш доста ве замарав сите во оваа тема недела си ги пакувам куферите и идам во труднички а графикот не покажува ништо конкретно. Те гушкам
Браво за позитивните мисли и позитивните вибрации што ни ги пушташ , така треба Сите во најскоро време ќе се спакуваме и магла од темава
Мора позитивно, шта зрачиш то привлачиш нели така викаат? ве гушкам сите и една по една да се губиме од тука, доста беше
Апдејт од мене со закаснување. После недела дена доцнење и три негативни теста преку урина и еден преку крв, јас добив. Болки ужасни, крварење минимално. Не успеав да појдам на гинеколог во меѓувреме, поради смените на работа и матичната ми рече веројатно од стрес ти е, најважно е дека доби. Сега со нови сили во нов поход, почнав повторно со мерење на базална температура и од 11ти ден ќе почнам со тестови за овулација и микроскопчето. Прашање до искусните @Saba08 што мерат редовно базална температура: како да мерам бт ако одам во смени на работа? Нема ни да легнувам, ни да станувам во исто време? @melonka ни требаат повеќе позитивни луѓе како тебе во темава. Од срце ви посакувам на сите недобивање и две цртки и големи мешковци.
Мора да сме силни, ќе биде само прашње на време е кога! Како си задоволна од користењето на микроскопче за следење овулација? Дали станува збор за maybebaby?
Дали смеам да си го земам елова прашокот на своја рака, ако немам пол. јајници, дали може да предизвика хормонален дисбаланс? Пиев метилирана фолна,мед со јаткасти плодови, знам дека не се лек за да се забремени но сепак за подготовка на огранизмот, немаше тие месеци ништо, е сега пијам само Вит Ц од 1000 и цинк 10мг, па сакам да пробам и со еловата
Незнам колку би било од помош ако немаш пцос, но штетно сигурно не е. Но не се ставај на дополнителен трошок, сепак 800 денари е кутија а две ти требаат месечно. Знам не се битни парите за ваква работа, но мој совет е да се консултираш со гинеколог да видиш што би те советувал на ова прашање. Јас колку што сум упатена само на тие со пцос се даваат елловата.
Да, maybe baby микроскопчето го имам, ама искрено јас не сум задоволна како единствена метода за следење на овулација. Кај мене, со циклус од 31 ден, позитивен ми е тестот преку плунката од 10ти до 25ти ден (многу голем период).
Офф да тоа е доста долг период. Најекономично е со него, но по се изгледа со лентиве е попрецизно. Ништо да се надеваме дека за брзо истите пари ќе ги даваме за купување бебешки работи.
Еве, имам две слики во телефонот, двете се со 6 дена разлика. Економичен е, да, ама мое мислење е дека не е добар како единствена метода за следење овулација. Поекономично, а попрецизно е мерењето на базална температура. Дај Боже сите пари да ги расфрламе за купување бебешки работи, оти веќе ми се смачи од давање пари за прегледи, мислења, консултации, ленти, тестови, суплементи... (со мм имаме заштеда за лапароскопија на приватно и му велам ако останам бремена во меѓувреме за сите пари најубава количка на свет ќе купам за бебушот )
Здраво девојки направив микробиолошки испитувања, имам бактерија гинекологот ми препиша антибиотик и вагиналети. Најверојатно причина за тоа што неможам да забременам е таа бактерија после терапијата гиниколгот вика ќе биде се во ред дали имал некој вакво искуство?
Елова содржи миоинозитол и фолна киселина. Не би требало да е штетно но најдобро консултирај се со твојот гинеколог.
Од моето досегашно искуство ден на овулација најточно ќе определиш со мерење базална + ленти за овулација. Само мерење базална не е репер, еве јас сум пример. По овулација имав стагнирање на температурата од 3 дена, а лентата на 14ти ден од циклус ми покажа тест линија потемна од контролната. Паралелно и двете работи за поточно да си определиш ден.