Да, пишав погоре, планирам базална, ленти и микроскоп. Ама како единствена метода, а најекономична, попрво би одбрала базална, отколку микроскопчето.
Купи си лентички за овулација не се малтретирај со мерење базална,јас со нивна помош забременив после 2 години.
Искрено не ја знам ја заборавив од што се стресив и исплашив му го заборавив името само знам дека Кламидија не е и др ми рече ќе се уништи од терапијата што ми јја даде е сега незнам цела сум збунета не очекував поради тоа што мм и тој направи микробиолошки се покажа кај него се ок
@Grasiela** најдобро да се консултираш со твојот доктор во врска со Еловата.. дали имаш проверено хормонски статус? спермограм за сопругот? хсг? освен пцос има и други причини од кои не се забременува..
На трет ден се испитуваат неколку хормони што се врзани со денот, а тоа се: Фоликуло-стимулирачки хормон (FSH), Лутеинизирачки хормон (LH), Пролактин, Естрадиол, TSH - хормон на тироидната жлезда, Тестостерон и DHEA-S итн. Пролактинот не е фиксно врзан за третиот ден, како што кажав можеш да го испиташ во било кој друг ден и ќе добиеш веродостоен резултат. Се испитува за мониторинг на функцијата на хипофизата, млечните жлезди, нарушувања во менструалниот циклус итн. Секако ако испитуваш на државно, лекарот кој што ќе ти даде упат ќе ти објасни кога и зошто е најдобро да го испиташ.
Да имам испитано и хормони, и хсг, и спермограм, и други испитувања имам проверено, скоро се после вториот спонтан.Но веќе има поминато 1год од испитувањата. Се, се беше во ред, и менструацијата ептен ми се среди на 29,30 дена ми иде, на мм спермограмот одличен, проодни канали, матка со нормална форма. Еве денес ми е 13ти ден од циклус следам овулација, утре би требало да се исти, зошто почна да се затемнува линијата. Дај Боже да бидне овој месец
Бидете си активни деновиве, ти се ближи овулација. Има една апликација GLOW се вика, си ги сликаш тестовите и ти ги памти и ти кажува во која фаза си. Подобро е отколку вака да ги чуваш, пробај. Со среќа! Вакви тестови како што користи членката нема во аптеки. Претпоставувам дека и се нарачани. Пробај да најдеш Oview низ некоја од аптеките. Не се прави со утринска, најдобро е да се тестираш во периодот од 12 до 20ч, се препорачува во приближно време секој ден и пред тестирање 3-4 часа да намалиш внес на течности и да не одиш во вц за урината да биде поконцентрирана.
@Bebce1 ги порачав тестовите од алиекспрес, има во жива фарм тестови за овулација, имам зимано 2теста 150ден Овула се викаат. Иначе ги правам или во 15ч, или во 20ч не ги правам со утринска. @Bella_Stella пробав еднаш да ја најдам, не успеав, некој други што ја немаа таа опција за со слика ми испаѓаа. Ке бидеме активни и да ти се нејќе тоа е тоа И тебе исто со среќа!
Тогаш немаш потреба од грижи.. единствено што Ви треба во овој момент е да се опуштите и да не мислите на тоа дека правите бебе туку да уживате ( знам дека премногу пати си го прочитала ова и од другите членки но верувај дека успехот е во тоа ) а нормално деновиве треба тоа турбо да го правите колку што видов ти се ближи овулацијата така да држам среќа
Да се пријавам денес ми е 27 ден, добивам на 28 дена но апликацијата обележила ден за добивање 29 ден од циклус, решив да ја послушам чувствувам топлина долу кај матката, ми се спие повеќе од вообичаено . Градите знаат и 10 дена пред добивање многу да ме болат и да отечат а овој циклус ми се малку чувствителни на допир и малку зголемени и обично ден-два пред добивање спласнуваа ама уште се големки така. Изразени вени речиси секогаш пред добивање имав и сега ги имам. Така да на симптоми не можам да се ослонам, чекам да задоцни па да правам тест. Има ли некоја друга што чека да си се бодриме?