Покачениот пролактин на ништо не ми влијае. Редоовен циклус имам 28 дена, овулација 14ти ден, ама бебе нема веќе 5-6 месеци.
Како јас да се читам. Скрос исто, и после кога уочив дека не сум трудна ми беше криво што немавме скоро 10 дена односи од мојот памет и размислување. Советов на место и од мене истата препорака за сите.
Амх може да биде низок и на нормално ФСХ,причината за низок АМХ е тоа што сите ние се раѓсме со одреден бр на јк и се трошат низ годините и тоа кај сите е различно а мислам и наследно.
здраво феминки имав пишиувно тука дека немам добиено од 15- март..последен циклус ми беше ама тука не добив одговор пишував на тема тест за бременост..мојата ситуација беше вака..на 10 ти март на бришејне имав кваеаво и си викав ке добијам..ама ништо дојде средина на месец правив тест и ми идеше ептен бледа линија и не бев сигурна правив по една недела негативен и реков само цисти имам и скоро два месеца не добив вчера заминав на преглед ме шокира докторката ми пушти кај што чука срцето..јас сум во шок ни малку не мислев на бременост..извините на долгиов пост..за симтоми немав ништо само киселина и ептен малку градите ме болат..ви посакувам на сите набрзо да ги видите две цртки и ова радост ❤️
Здраво! Дали на Клиничка биохемија земаат крв за испитување хормони секој ден, вклучувајќи ги и сабота и недела, знае некоја? Поздрав до сите.
Да...за тие хормони бидејќи се испитуваат на одреден ден од циклусот испитуваа секој ден. Барем така беше пред Коронава, сега не знам дали работат воопшто и како работат.
Фала ти за брзиот одговор. Јас веќе земав упат од матичниот, така што се надевам дека работат нормално.
Добив мила, денес 3 ден па бев да проверам пролактинот да не скокнал пак, одамна не ми е проверен. Се мислев да правам хсг се јавив во 3 болници прашав се што сакам и никаде не закажав. Ми текна на др што ми кажа до јуни сигурно ќе останеш бремена, па си реков ако не биде и во јуни тогаш ќе проверам проодност. Кај тебе како оди?
На приватно испитуваше само пролактинот? Јас ако не ми даде на матичнава упат за на биохемија да испитам хормони ќе ги чекам државниве да почнат со работа. 9 хормони на приватно преку 8000 нема шанси. Се надевам за брзо ќе си почнат со работа најнормално.
Епа ако, направи си потребни испитувања, се што си мислиш бар да си мирна. Јас ситно бројам, Петок е моментот за вистината