@Cherry blossom89, @melonka @Bella_Stella ајде девојки следниве месеци да ја напуштиме темава!!! И сите што се обидуваат!
Тука ќе ја тагнам и сестра ми @LucyLu па заедно сите ние веќе да ја напуштиме групава, доста бевме издржливи, редно е да се израдуваме веќе
Па ми рекоја само со донирани можам,Пановски така ми кажа,2 неуспешни во Еу Борн,2 во Плодност.На крај испадна дека никој нр ми кажа дека ТСХ требало да ми е под 2.5. Гуржанова само ми кажа и оф кога го намалив се случи природно.АМХ не е мерило,гледај др хормони да ти се ок,пролактинот и тироидната пред се.Нема некоја филозофија. И нр земај при срце што ти кажале докторите,еве грешат.
Девојки денес ми е 16ти ден од циклус, на 14ти ден најверојатно имав овулација така тестовите ми покажаа, и сега ми текна да измерам темература и ми е 37.1. Дали и вас ви се покачува после овулација тт? Се мислам дали да се напијам парацетамол, ама не се осеќам топло, дури рацете и нозете ми се ладни.
Добив мила да. Да ти кажам колку и да ми е криво што не сум бремена, од друга страна сум среќна што добив спонтано. Ајде следен месец ќе се бодриме пак заедно и ќе чекаме две цртки.
Да. Тт се покачува после овулација и паѓа пред да добиеш или останува благо покачена ако настане бременост.
Најпрво провери проодност, и оттука ќе знаеш што понатаму. Кога има ендометриоза, често е запушување на каналите. Ако тоа е случајот и ако се отпушти барем еден при постапката, ќе има шанса за природно забременување. Ќе можете истиот месец да пробувате, на свежо. И обавезно кај специјалист. Со висок фсх може да ти дадат прв ваучер за инвитро со твои јк, за тоа да не се грижиш. Ама убрзајте малку со специјалистичките прегледи. За кај Лазаревски, спреми си листа на прашања. Се' зависи од проодноста. Ако каналите не се проодни, не може инсеминација. Уште нешто - за пролактинот редовно земаш терапија или ја прекина? Можеби напиша а испуштив. Ако пак ти се качува без терапија, добро е да направиш магнет на хипофиза. Да, пролактинот реагира на стрес и може затоа да е покачен, но може да има и микроаденом што бара редовна терапија. Не е ништо страшно и опасно, но треба да се лоцира проблемот. Кај мене испадна микроаденом, и откако почнав редовно со бромергонот се стабилизира пролактинот, но се нормализира и ТСХ без терапија, и се намали ФСХ. Истата жлезда ги лачи. Важно е дека има решение, и треба да го барате. Матичните гинеколози тука веќе не можат многу да помогнат. Сопругот да ти дава повеќе поддршка, тоа е најважно. Во ова сте заедно ко едно, нема тука "не е до мене."
На државно, но не сум од Скопје. И дека во недела испитував, немаше никој за 5 мин бев готова. резултати денес ќе земам.
Уште проодност ми остана, се друго е супер. Ти држам среќа, израдувај не. Си приметила нешто поразлично од претходните циклуси?
Битно дека се средува циклусот, така шансите да забремениш а и надежта дефинитивно се поголеми. А штом имаме позитивни мисли, ќе имаме и позитивен исход. Јуни ќе биде наш месец
ХСГ секаде е различно: толовски 4200 ден + седиментација да се направи на прв или втор ден од циклус систина 5600 ден + седиментација 200 ден (се прави таму пред преглед) органџиски 8000 ден , но претходно мора да се направат други преггледи таму ми спомнаа колпоскопија која чини 4500 ден. На државно не прашав. Ремедика не прават.
Секаде каде што се прави инвитро и инсеминација, прават и спермограм. На пример Систина, Њу Борн, Ремедика, Плодност.