Секако дека е можно,закажи одма кај специјалист и смени си ја матичната докторка,очигледно не ја бива... Не се секирај,со соодветна терапија се средува.
И јас мислам дека под итно треба да ја смениш матичната. Ако си од мало место каде што не можеш да одбереш друг матичен доктор, обавезно оди негде на приватно ако си во можност. Не може после три години матичната да не те упати на подетални испитувања, да си седи со скрстени раце и ти да ја молиш за упати! После спонтаниот правеше ли испитувања?
@Stressed Out Неможам да ја сменам матичната бидејки немало место кај другиот поискусен што е (наводно имале бројка одредена која била пополнета). Дали можам да одам кај приватен гинеколог или мислиш само за приватниве големи клиники? Уште повеке ме фака страв и паника сега
Фала ти мила Па од симптоми, нешто по различно од минати мои циклуси, градите почнаа да ме болат пред 2 дена, а пр.минатиот месец почнаа дента на овулација, 13 дена пред добивање, упорен ми е исцедоков од бел премина во жолт и повремени пецкања како грчеви од 2 3 секунди...нај битното, месецов сум тооотално опуштена, и резултат, мирно ПМС, воопшто не сум нервозна, дури се чудам што ми е, а откако памтам за себе во ПМС не се трпам сама себе, се и секој ме нервира Реков месецов Божја воља е, и да добијам, бар мирно ПМС имав
Мисед имав мила. Јас мислев исто е спонтан и мисед. Одам некогаш и на приватно (кога треба). Само за упати и за рецепти одам кај неа заради тоа што некогаш е скапо. Пример ако ги правев хормонските на приватно многу ке ме коштаа. Ама ми вели после 3 абортуси се правело испитувања. Правев микробиолошки, пап, торч и хормонскиве сега. До сега имам уреаплазма која ја лечевме со сумамед и плус за мене вагиналети полигинах, и хормонскиве незнам какви се уште.
Спермограм од лани не прават, ни во Авицена ни во другиве лаборатории. Од Министерство за здравство имало некое правило дека спермограмот како анализа не било дел од услугите што можеле да се прават во биохемиски лаборатории и сеуште немаат дозвола да прават.
Не знам како е во Скопје, сопругот правеше во февруари тука кај нас, правеа тогаш во една лабораторија, сега веќе не знам дали прават.
Не знам мила, немам искуство со такви испитувања. Пробај во темата за спонтани консултирај се, да видиш дали си испитала се што треба. Иначе мене ендокринологот ми го препорача д-р Хаџи Лега во Ремедика, специјалист е за потпомогната репродукција и наводно бил доста добар. Можеш да отидеш таму на консултации или еве ако имаат другите некој од кој што се задоволни.
Јас бев кај него правев пап тест, сакав и брисеви вика не мораш да ги правиш и ми даде вагиналетки.Тоа беше февруари, ме гледаше на ехо ми рече за ден-два ќе испука јк бидете активни деновиве. Јас лично не сум баш задоволна гледа набрзина да те помине не е баш пријатен.Ми кажа се е во ред а јас година ипол не можам да забременам....
Јас одам кај Трајковски во Њуборн,Митко Иваноски во Систина исто го фалат,Димитров во Ремедика... каде и да одиш нема да згрешиш. Осеќам дека си вознемирена,те молам смири се,навистина ништо страшно не е,ќе испиташ пак хормони и ќе ти дадат терапија.
И јас би сакала во њу борн да одам. Премногу сум вознемирена мила ме фака паника. Дури и страв ми иде некогаш да забременам со помислата пак да не завршам со мисед.
Ете баш и ради тоа реков нека кажат членки со искуство. Јас немам искуство, ендокринологот ми го наметна како добар, може се пријатели па затоа, којзнае. Добри предлози и даде @Stressed Out , за сите овие доктори имам слушнато позитивни коментари. @Tinka1234 немој да се грижиш, важно е да го откриеш проблемот и да го најдеш правиот доктор што ќе ти помогне, има решение, ќе биде се во ред.
Ви благодарам најмногу на сите. Да не сте вие незнам што би правела сега. Уште еднаш најмногу ви благодарам за поддршката и за советите и искуствата што ми ги давате. И сите да се исчистиме од групава со префрлање во труднички муабети.
Смири се, ептен си вознемирена се осеќа. Биди упорна се додека не се лоцира проблемот ако го има. Ама откажување нема!!! Мора да собереш сила и храброст и да одиш напред. Разочарување е секој месец но надеж секогаш има. Само со добар доктор кој ќе те води низ ова.