Баш ми е мило што си имате вака убава поддршка меѓу себе,баш супер.Ви посакувам да ви се исполни желбата на сите Иако никој не ме тагира мене јас ќе ве спомнам сите
Хахаха златнаа таа, не љубомори ајде мислиме ние и на тебе тоа значи за сите што чекаме, да ни се оствари желбата
Не ви љубоморам ни малку девојко, и да не ме мислите е во ред,не ме знаете ,постара сум во групава,вие сте од оваа година активни
Прво без тоа "девојко" ако може Второ јас кажав личен став, дека ти посакувам и на тебе иако не сум те тагнала. И без разлика дали сме стари или нови во групава, јас посакувам да сме сите бремени и среќни!! Од циничност нема потреба!! @curlyhair
Еве јас имав спонтан и ке ти пишам што испитав. Пап и микробиолошки тестови Проодност на канали (ХСГ) На Трансфузилогија имав упат од матичниот, а таму доктор ти определува што ке треба да испиташ. Хемостатски систем, мутации, тромбофилни состојби,имуногенетика(ова мојте) Торч Кариотип за двајцата Хормони... јас сакав уште витамин Д, и диметри да испитам, ама и јас незнам што им е на матичниве шо не даваат упати, јас за секој упат коа одев она окезена мисли трудна сум. И исто како тебе јас инсистирав и ајде ке ми дадеше. Иначе јас сум со два мисед, и затоа мислам дека ти немаш потреба од многу испитувања. Скоро сите мој познанички поминале низ еден спонтан а сега имаат здрави дечиња. Активно ли пробувате цел овој период? Зошто не пробаш да одиш на фоликулометрија, или да пробаш со кломифен еден два месеца да и спомнеш на матичната. Немој да паничиш, што треба да биде ке биде не е дојден правиот момент Од сите испитувања би ти препорачала најпрво ХСГ, и ако си во можност на приватно да си го направиш
Најпрво ти благодарам многу. ХСГ таман се одлучив да правам и ме спречи тоа што имам уреаплазма (не смее да има бактерија за да не се пренесе во матката) а после 1 месец пак ке направам испитување дали е излечена секако пиевме соодветна терапија. Поактивно мислам дека не можеше да биде. Секој 2 ден пробувавме секако пред да имам мисед. Сега никако 3 месеци до сега со заштита бидејки препорачуват 6 месеци да не забремениш после мисед. Што е тоа фоликулометрија и за што ги препорачуват климофен? Кај тебе што беше причината за мисед? Кој се битните испитувања што треба да се направат?
Прашав зошто моја другарка имаше во 5та недела, се исчисти со некакви капки, а на следен циклус пак забремени и ете ја се породи пред месец дена. Немој да се секираш, направи ги потребните испитувања и чим еднаш си забременила ќе биде пак и овој пат успешно до крај.
@Bella_Stella ми предложија со некакви апчиња или да почекам само да се исчисти ама не прифатив бидејки беше знак прашалник дали ке се исчисти како што треба. Вака најдобра опција беше со киретажа. Да се надеваме на убаво незнам друго што да кажам.
Jas imav spontan vo 8ma nedela, me ischistija so kiretaza oti morashe taka da bide i posle 1 ciklus od kiretazata ostanav bremena. Nemoj tolku stresno pazenje, opushtete se malku. So srekja
Јас сакам да прашам за кломифенот, веројатно служи за стимулација? Ми кажа докторката ако по 6 месеци не биде ќе ми даде мала стимулација изгледа мислеше на кломифен. Што е тоа всушност и на која основа го препишуваат, дали се прават посебни испитувања некои?
Кломифенот се апчиња кои се пијат од трет ден на циклус и служат за стимулација на фоликулите. Мислам дека за да ти ги препише лекар треба прво да ти прави фоликулометрија за да утврди дали зреат сами или не, па според тоа да види дали си за кломифен или не си.
Аха епа добро е што сте провериле, со бактерија не се оди на ХСГ, плодот кога си се пуштила бил многу мал, понекогаш да може да сметаат прегради во матката што се гледаат на хсг, но во твојов случај мислам дека не е тоа, сепак е добро да се направи,за мирна глава. Јас имав мисед еднаш на 12+3 кога ми беше и првиот скрининг, а вториот некаде пред да влезам 10недела. Двата пати срце слушнав уште на 5+5 и супер e се на почетокот но во тие недели запираше 12та и 10та. Многу сакам да знам зошто, ама не дознав, испитувањата ми беа во ред. Кломифенот служи за стимулација,понекогаш настанува и близначка бременост, поради создавање на повеќе фолекули. И меѓу тоа да си одиш на мерење на истите, кога ке прснат, пуштаат некоја инекција и се има темпирани односи. Ова ми го предложи матичната мене, можеби твојата нема. Јас одбив зошто предходните 2 пати завременував релативно брзо, прво по 3 месеци обиди, вториот по 10, е сега малце е подолго 1год,и желбата за дете е поголема. Кариотип е да се видат хромозомите кај партнерите, но се прави после 2,3 спонтани. Хормоните со терапија лесно се ставаат во нормала, ако има мала отстапка. Опушти се, тешко е многу добро знам, но после еден спонтан не се прават многу испитувања, зошто стана многу честа работа за жал. И јас се плашам како ке биде понатаму, ама со Господ напред, дај Боже да успееме сите.
Дај боже и јас викам. Сега би направила генски мутации и здравје ако е излечена бактеријата ХСГ на приватно.