Веќе ти пишале за што служи кломифенот. Јас сакам само да дополнам, не знам дали имаш направено проверка на проодност на канали, но ако не си, пред да почнеш да земаш кломифен обавезно направи си го и тоа испитување за да не пиеш кломифен залудно ако случајно не ти се проодни каналите.
Јас имам чоколадна циста на десен јајник веќе 3 години која Димитров вика дека не е сега за сега за операција и имам и високо ФСХ (17.4) на последното мерење во ноември. Сега чекам да добијам и ќе испитам пак и ФСХ и АМХ овој пат. Инаку како утеха, имав едно ин витро пред два месеци без трансфер, сега почнувам да се спремам за трансфер ама откривам и други дијагнози па решавам едно по едно. Инаку и покрај астрономското ФСХ, на терапија изреагирав фантастично, извадија 17 јајце клетки, од нив се оплодија 10, на трет ден замрзнав 6 ембриони со одличен квалитет. Едноставно не ми се веруваше дека со такво ФСХ и ендометриом извадивме толку. Колку ти е АМХ инаку? Ендометриозата е хронична болест и тука нема што многу да се направи, и да се оперира прашање на време е кога ќе се врати. Со добра исхрана и суплементи ќе гледаш што помалку инфламација да ствараш во организмот. Ти посакувам успех ако се одлучиш за ИВФ а ова ти го пишувам да не очајуваш дека и покрај бројките во хормоните, има шанса добро да реагираш на терапија и ин витрото да биде успешно.
Вчера мерев ми беше 0.44, фсх 15. Пред неполни 6 месеци амх ми беше 0.59 и тој пад ме исплаши, не очекував дека така брзо паѓа. Кај кој доктор правеше ивф? И според каков протокол? Од суплементи земам ubiquinol 400mg, витамин д, омега 3. Земав и други глупости ама прекинав зашто циклусот ми се изремети. Што препорачуваш од исхрана и суплементи? Браво за бројката на ембриони, се надевам дека ќе имаш успешен трансфер и полно бебиња
После многу многу читање по темава, решив и јас да побарам ваше мислење за мојата ситуација. Пред 4 години кај проф. Димитров (Ремедика) имам направено лапараскопија на цисти на двата јајника. Потоа било се најнормално на прегледите, имам нормален циклус, помеѓу 24 и 28 дена добивам. Со сопругот веќе 11 месеци се обидуваме за бебенце, но без успех. Вчера правевме спермограм на кој пишува дека има Normozoospermija, меѓутоа лично сметам дека сите параметри во смисла на брзи сперматозоиди, нормални итн... не се баш најсјајни. Отидов кај Димитров за консултација (бидејќи веќе 4 години само кај него одам на гинеколог) и негова препорака беше овој и следниот циклус да дојдам околку плодни денови (веројатно ќе мериме фоликули) и доколку не бидне ништо инсеминација да почнеме. Плус имав коментар... ее добар е спермограмот, плус кога ќе се обработи спермата уште подобра ќе е. А притоа, не препорача ништо што да пие за да се подобри, веќе кога и тој смета дека има простор за тоа. Константно сум во недоумица, дали да побарам второ мислење и кај кого? Некако сметам дека е прерано за инсеминација, сигурно постои и нешто друго пред тоа... или незнам навистина. Некако се разочарав, кога ми спомна инсеминација. Дополнително имав правено и хормони и беше презадоволен какви ми беа хормоните, освен што мислеше дека малку можда ми е повисок естрогенот. Извинете за километарскиот пост, ама навистина ми е потребен совет. Ви благодарам бескрајно, однапред.
Здраво, јас после 4 месеци како не забременив тргнав по доктори, бев кај најмалку 5.Побарај си второ мислење, немаш направено ниту hsg, има испитувања пред инсеминација, и јас правев една неуспешна и пролактинот не треба да ти е над 10 за забременување, ова од лично искуство.
А зошто разочарување затоа што ти спомнал докторот за инсеминација? Па тоа е толку лесна постапка, што немаш причина за страв или разочарување. Не знам на која возраст сте, ама после 1 година обиди, веќе се препорачува да се направи и проверка на проодност на канали. Инаку вообичаено е така, ти следат фоликули на ехо 2-3 месеца и пробувате природно (нормално ако е се во ред), но ако сеуште нема успех тогаш следен чекор е инсеминација.
Здраво! Ми заврши циклусот пред 4 дена, според календарот утре ми започнуваат плодните денови. Денес имам малку кафеаво за како пред добивање. Дали е застарена крв или овулација? Тоа веќе ми се случува 3 месеци под ред. А и имам малку пецкање и болка во десен јајник. Мислење?
Девојки пишувам овде затоа што толку време сте ми најголема подршка. Утрово е направен со прва мокрача на ден пред да ми дојде. Менструација редовна на 27 дена. Повеќе сум исплашена се плашам да се радувам. Го гледам и не верувам. Девојки па јас воопшто не се чувствувам бремена Малку градите и си подждригнувам
Имам редовна менструација 26-28 ден. Тој месец ми дојде на 27ми ден и ми траеше 5 дена. Затоа ми е чудно дека рано е за овулација, а и теоретски не мора да е 10-14ден после менсруален циклус.
@LucyLu колку убава вест ти посакувам лесна бременост и држам среќа и за другите што побрзо да се преместите во труднички
Само 1 во 10 мажи има нормозоспермија. Верувај, тоа е сјајен спермограм. Нормално е да има повеќе бавни од брзи и повеќе ненормални од нормални сперматозоиди. Во денешно време, статистички лошата сперма е најчест проблем за неплодност кај парови. Така да биди среќна и воопшто не мисли на резултатот, одличен е. И ова се што ти го кажав ми е кажано од специјалисти за неплодност. Зошто да е прерано за инсеминација? Тоа ти е природно зачнување каде предноста е што го темпираат среќавањето на јајце клетката со сперматозоидот. Пробај, може само го утнувате тајмингот и вака ќе ви се посреќи. Ништо не губиш. Биди позитивна и Со среќа
Се јавив во њу борн и ми кажаа уште што треба да испитам и со сите тие резултати треба да одам. До тогаш ми дадоа да пијам: methylfolate od 1000 mcg x 1, methylcobalamin od 1000 mcg x 1, vitamin E od 400 IU x 1. Па прашањето ми е дали можам да ги пијам и доколку забременам? Оваа фолна ја земав.
Сестро моја, ми го направи денов весеел Конечноо, и тука да ти посакам нааај лесна бременост Те гушкаааам П.С и јас сум во шок, конечно се оствариии
Колку убава вест!!! Ми го разубави денот уште толку! Денес ми е роденден, плус е празник, плус ваква вест, МЕ РА ЦИ! Ти посакувам бременост како песна, радувај се, дојде тој ден! И влечи не за нос, раце, нозе... за што сакаш, ама побрзо да излеземе и ние од оваа тема.