Сеуште ме болат од прилика крај на 4 недела сум. Јас имав нередовен циклус , имам пишано баш на темата дали сум бремена околу мојте симтоми. Од 26 ден на последна менструација мене градите ме болат како за добивање. Извини во темата симтоми на бременост имав денес пишувано.
Јас како за ептен тазе ме болат само пупките и така на добир малку. Малку поспаност друго ништо баш не ми е. Само се прашувам на моменти дали е нормално. Викам немам грчевиии немам толку апетиииит ама ете секој организам различно си реагира сигурно.
Јас уште од сам прв ден ги имав сите можни симтоми Болките ми се смирија малку во јајниците , градите отечени и пупките болни на допир , поспана сум , апетит првата недела немав , ама сега се будам со болка во желудник за јадење Не се секирај нормално е , јас 4 дена никаков симтом немав од еднаш се ми престана и јас се чудев и паничев .
Првата бременост немав никакви симптоми, освен што не ми дојде, а втората тек после позитивниот тест почнав да имам повремени грчеви и нагон за повраќање. Последнава имав грчеви од 6-9-ти ден и многу болни и отечени гради, а мерев и температура и си остана покачена. Сите бремености речиси сé различно и мислам дека освен тест ништо не може сигурно да укаже на бременост. На твое место јас би направила тест утре, другиден .
Не ми доцни менструација, треба тек за 5-6 дена да (НЕ)добијам, па затоа не знам што да мислам, баш во овулација правев тест и ми излезе позитивен, па тогаш бевме вредни, и сега си чекаме резултати.
Не знам во која тема да го поставам прашањето, но итно ми треба одговор за роднина. Каде можам да најдам Прегнил од 1500? Слушнав дека немало ни Мк, ни Грција. Од болница да се купат или некое друго решение? Без замени. И зошто нема да не знаете? Фала
Pregnyl redovno nema odamna,se naogase do pred nekoj period vo neoi apteki no neznam dali seuste e toa taka,se raboti za deficitarnost na proizvodot ( ne se uvezuva),znam deka ima zamena za nego i mislam deka ja imaat ginekolozite no e bas poskapa od pregnyl.
Здраво. Овие се резултатите од спермограмот, ако знаете да ми кажете дали се страшни и како би ги подобриле. Докторот ми закажа за на 15ти да се видиме, до тогаш ќе ме убие неизвесноста
прегнил мила нема да најдеш никаде во ремедика боцкаат со хоримион исти состав иста доза само мислам бугарски се ( не ме држи за збор ) 800 ден со боцкање само извештај од доктор ти треба и рецепта евентуално , одиш те боцкаат и толку е.... во виола исто има овитрел ама тие се со 2000 единици па зависно од намената се боцкаш и дома сама дали со пола инекција или цела тие ти се 2200 ден .... ја сум во ремедика боцкана исти ефект имаат
Астено е намалена подвижност на сперматозоидите. Првично ќе ви дадат витаминска терапија нешто за да ги раздвижите. Три месеци се пие, па пак контролен спермограм за да се види дали има промени. Дали имате направено спермокултура? Некогаш знае од бактерија да има намалена подвижност. И брис за уреоплазма добро е да направите, бидејќи спермокултурата не ја опфаќа и оваа бактерија. Во секој случај, не е толку страшен спермограмов. Верувам дека со терапија значително ќе се подобри. Едит: Сега прочитав дека година ипол се обидувате. ХСГ да си направиш што побрзо.
Не..немаме спермокултура..имам јас брисови испитано и негативни ми се кај мене, па затоа следен чекор ни беше спермограм ..во секој случај фала ти на одговорот
Нека направи спермокултура и брис, иако кај тебе се негативни. И да се повторам тоа што се едитирав погоре. Колку што прочитав, немаш направено ХСГ. Обавезно да направиш.
Некако не можам да соберам храброст, таман ќе се решам да направам и ќе прочитам низ форумов дека било многу болно..уште тоа ми остана да проверам друго се ми е во ред ..па со Господ напред и за тоа ќе се одлучам ако не биде за скоро ..докторот рече ако е се во ред со спермограмот следен чекор ќе ни биде проодноста
Воопшто не е страшно 2до3 минути нелагодност или ко менструални болки (малку појаки ако имаш недајбоже запушување ако се проодни само нелагодност некоја додека вбризгуваат од течноста)
Тоа со менструални болки дај боже да не е таква болка, бидејќи имам ненормално страшни болки дури завршувам некогаш на брза помош со инекции
Исто но ако така *мерам* ни далеку не боли до толку бар мене... но штом си со такви болки верувај ова ќе биде за тебе "ко без болка" немој да се плашиш оич...