Кај секој е индивидуално, но еве да те охрабрам, мене ич не ме болеше. Веројатно ако се случи отпушување, ако имало запушеност се осеќа некаква болка, пак ќе кажам различно кај секој. Ако сте со намера да остварите бременост, ова испитување е едно од првите и основните затоа што има некоја преграда или др.проблем а не се открие, за џабе ќе се подложуваш на третмани и стресови а не се третира проблемот. Постапката е навистина кратка и ти посакувам да ја минеш безболно и што побрзо
Да..ама јас до сега не сум била на никакви терапии само сопругот сега со резултативе ќе видиме што ќе ни речи докторот..инаку секако дека тоа ми е во следен план..ќе стегнам заби и ќе издржам ..како ќе раѓам ако се плашам од 3 минутна болка (недај боже да ја осетам) хаха така си се тешам и си давам сила
Намалена е подвижноста на сперматозоидите, ама со антиоксиданси ќе ја подобрите, од искуство. Проодност да си испиташ обавезно, џабе е се во ред ако не дај Боже не ти се проодни каналите. Воопшто не е болно, 3 минути работа, од кои 2 минути се за сликање. Ако ти е страв од болката, пред да одиш да правиш хсг ќе си се напиеш појак аналгетик.
Женски, да не случајно некоја била деновиве на клиника за испитување хормони? Како е процедура со оглед на состојбава? Однапред благодарам
Ништо овој месец се разочарав, денеска добив 5 дена порано, затоа што минатиот месец ми каснеше 5 дена, сега затоа порано, искрено после 2 месеци со обиди, и 6 месеци после спонтан, се надевав овој месец дека нешто ќе биде, ама се изнервирав, матичната сеуште не ми работи, за преглед, пијам витамини, ама ете и овој месец ништо не испадна, дали многу си имам ставено на психа, не знам, ама некако ептен се трудевме, и пак ништо. Знам дека 2 месеци се малце, ама во овој момент ме фаќа нервоза, и не знам што поопрво да направам.
Прво смири се. Под стрес и со нервоза ништо не правиме. Опушти се едноставно. Ке биде еден ден сите ке си имаме најголема радост.
@thelittle17 Здраво, јас сеуште чекам да не добијам на 9ти и имав спонтан во 6та недела. Дали имаш правено испитувања и дали открија причини за спонтан? Сметам дека мораш да направиш нови хормони, со пролактин над 10 потешко доаѓало до бременост и голем е ризикот од спонтан.
Девојќи. Помонаа 3 месеци од киретажата. Незнам дали од овој месец да почнеме со пробувања за бебче? Имам уште за испитувања. Ваше мислење ве молам?
Ние година ипол се обидуваме после абортус и пак ништо. 2 месеци се малку нема простор за разочарување, само позитивни мисли и смиреност.
Мене ми беше пролактинот 13, со тоа што пишува дека нормално вредности за жени се: од 1.9 до 25. Барем така ми кажа и д-р. Тоа беше пред скоро 3 месеци, другото што испитав ми беше во ред, чекам да се отвори трансфузиологија, за да проверам хемостаза, друго не ми кажа да испитам, не знам што да кажам, никогаш не сум имала проблем со хормони, ама ете кој да знае, според сите резултати ми кажаа природна селекција демек, не се вгнездил добро плодот, јас бев 7ма недела, и немаше ни срцева реакција. Чекам од март за останати испитувања, ете и брисеви, хормони, да направам пак, ама ова кој знае до кога ќе трае, сега за сега си пијам само витамини, и тоа е тоа.
И мене хормоните ми беа во нормала, но пролактинот ми беше 23 и ми рекоа дека е во нормала но за забременување треба да биде под 10 бидејќи во бременоста се покачувал, но три месеци по спонатаниот кога направив нови хормони сега и тсх ми е 0.05 а ми беше во ред 0.27. Многу варираат хормоните и бараат многу следење.Се надевам дека во најбрзо време ќе ни се исполнат желбите на сите во групава.
Мила си се консултирала со ендокринолог? Многу се ниски вредностите. И 0.27 и 0.05 се под нормала. fT3 и fT4 како се?
Јас мислам дека до психата ми е, нон стоп на тоа мислам, почнав бебиња и породувања да сонувам, морам малце да се стабилизирам со психата.
Фт4 21, а фт3 не знам зошто не е впишано, за една недела пак ќе правам нови хормони и да закажав за ендокринолог.