Авицена 800 ден, Синлаб 700 ден, Њуборн 850 ден. Систина, Ремедика претпоставувам 800-900 ден. Ова се цени за еден хормон.
Девојки, ги читам коментариве за хормониве и баш се збунив. И мојот матичен гинеколог- Панговска и Г.Дiмитров (Ремедика), ми рекоа дека ми се супер хормоните, со тоа што Димитров рече дека Estradiol-от ми е малку повисок но во граници на нормала, а пролактинот и мене ми беше над 10, односно 11.1. Останатите хормони ми беа: TSH 2.73 T4 1.15 T3 2.95 Estradiol 79.8 FSH 5.53 LH 2.72 Има ли некое чаре за пролактинот?
Супер ти е пролактинот. Не се што е напишано тука е точно Сепак и двајца доктори ти кажале дека е во ред. Всушност идеално е да биде 10-15.
Да, ама сега не работат во државна, не работи ни трансфузиологија, и се ме кочи со ова коронава. А приватно се исподавав пари за други тестови, не можам еден хормон по 700 800 ден. да го плаќам, морам да чекам значи, а тоа уште повеќе ме нервира, ми ги оспорува сите работи.
Имав пишано и на предходна страна. На Клиничка биохемија може да се испитуваат хормони. Во друга тема пишаа и дека во Идадија може.
@thelittle17 Јас во понеделникот испитував хормони на биохемиска медицина мослам дека се викаше во болница ама не во скопје. И истиот ден добив резултати. 450 денари платив.
Да во Скопје, во склоп на државна болница (Клинички центар Мајка Тереза да бидам појасна), ЈЗУ Универзитетски институт за клиничка биохемија.
Здраво , Би сакала да Ве прашам кој е најдобриот природен начин за зголемување на продуктивност т.е. неопходни витамини за што повеќе здрави( успешни) јајце клетки
Немам проверувано до сега, па не сум во тек каде би можело на друго место на државно. Прашај во темата за Д-димери во бременост или во Труднички муабети, сигурно ќе знае некоја членка да те посочи.
Денес 25ти ден од циклус, и 12ти ден после овулација, за колку дена треба да (не) добијам незнам зошто различно ми иде од 28до31 ден. Почнаа малце мн малце да ме болат градите,друго нема. Има ли некој друг што чека да сподели како се чувствува? Јас како и обично мислам дека за менс. почнаа да болат, ама пак имам ронка надеж дека е од друго зошто баш ги погодивме плодните денови овој месец. Тест рано ми е да правам а колку не ми се чекааа
Ете и јас како тебе, немам никакви симптоми само мали грчеви во јајниците и тапа болка во матката и се молам утре да не добијам