Хахах нема гајле, секако и оваа информација што ми ја даде е од полза. Ако евентуално не ги најдам низ аптеките, ќе си ги нарачам онлајн. Фала ти како и да е за несебичната поддршка и совети.
сега повторно си ги гледам резултатите од сите 3 месеци.... едно не ми е јасно. Дали имаат утврден норматив бидејќи малку се разликува гледам на секој преглед на пример негде нормалната граница е од 1.98 до 11.3 а негде од 2.8 до 11.3 конкретно за FSH зборам. Друго шо не ми е јасно е јас секогаш сум ги правела овие испитувања на 3 ден од менструацијата значи тоа р фоликуларна фаза а они ми заокружиле демек овулативна фаза и тука има проблем бидејќи во фоликуларна фаза уствари мене испаѓа дека некои од хормоните ми се во ред иако мојата ендокринолог кога ги виде ги заокружи со цел да ми посочи дека не е во ред а според мене е во ред. На пример, резултат 5.7 FSH каде пишува во заграда дека во фоликуларна фаза нормално е да биде од 2.8 до 11.3. Па тоа нели е ок во мојот случај? Ве молам објаснете ми. Друго шо читав е дека хашимото е проблем со имунитетот а хипотироидеа е директно поврзано со намалена функција на тироидна. Сега ги гледам наодите никаде ме пишувадека јас имам хашимото. Некако се охрабрив си мислам дека не е се така црно.... Друго ми заокружила како алармантно LH резултат 8.4 а пишува за фоликуларна фаза нормално е 1.1 до 11.6. Пролактин резултат 12. 6 а нормалата р 1.9 до 25. FT4 резултат 13 а граница од 9.5 до 25. Каде грешам луѓе помагајте
И јас не сум од Скопје но оверилот го има во сите градови цената е околу 2000 денари и можеш да одиш на итна помош да те боцкаат, јас така правев. Ти посакувам успех овој циклус
Штом ти се правени на 3 ден од циклус, тоа значи гледаш фоликуларна фаза. ФСХ со вресност 5.7 е супер вредност. ЛХ иако ти е во граници на нормала според референтните вредности, многу е битен неговиот однос спрема ФСХ. Вредноста на ЛХ и ФСХ треба да бидат пропорциоални. Затоа и докторката ти го заокружила ЛХ со вредност 8.4 како вредност што не е соодветна. Тоа пробувам да ти го објаснам цело време А Хашимото е автоимуно заболување на тироидна жлезда. Најчеста причина за хипотироидизам е токму Хашимото.
ок значи да ми се изедначат тие два хормона. Па ок сега ср осеќам мн подобро некако. Мислев дека не е ич на арно. Да разбрав за тоа но морам да знам дали е хашимото или не заради промена на диетата гледам различни работи сметаат за двете
Во моментов приоритет нека ти биде средување на тироидната. За Лх и да не е добар соодносот, се додека имаш овулација, не е за оптоварување. Кај мене на пример последно Фсх ми е 4.6, а Лх 8.8. Но јас имам потврдено овулација неколку месеци по ред, со тоа што некогаш ми е ептен порано, 11 ден од циклус, и тоа е тоа. Направи обавезно нов хормонален статус за и естрадиолот да се види како е сега. И секако ТСХ, што пак ќе кажам, сега ти е најбитно. И да не се повторувам за спермограмот
ЛХ и ФСХ треба да се во сооднос 1:1, без разлика дали влегуваат во референтните вредности. Повисоко ЛХ алудира на полицистични јајници, а и не мора секогаш да значи. Не знам кој ти кажал дека имаш хашимото, за тоа треба да провериш антитела. Грешен доктор имаш според мене. Сиве овие прашања треба отворено да ги поставиш на добар доктор и да ти даде одговори. Исто така почни да читаш повеќе на интернет, ќе се едуцираш. Јас станав пола доктор мислам од читање и сама си ја потерав работата за да ми се открие се.
Еве ги мојте резултати, ми дадоа orgametryl 10 дена да пијам.. 6 дена ми доцни и уште немам добиено, од утре ке да ги почнам или ? Многу сум збунета...
Откако ги направив хормонските тестови, читам за овие соодноси на FSH i LH. На мојот резултат на 3 ден од циклус: FSH 5.53 LH 2.72 И матичната и Димитров кога бев месецов рекоа дека ми се совршени резултатите, а не ми е сооднос 1:1. Пред 4 години имам правено лапараскопска операција на двата јајника со дијагноза Cystis dermoidalis, кај Димитров. Иако неговиот дополнителен коментар за хормоните беше: "со оперирани два јајника супер ти се хормоните." Минатиов месец кога бев на контрола 10 ден од циклус ми виде овулација дека имам на десен јајник и ми рече само дека ќе имам порана овулација, не на 14 ден, бидејќи му се виде фоликлот голем. (не ми рече повторен преглед, апсолутно ништо, освен следните два дена да работиме на случајот - Бебе) А и имам редовен циклус на околу 26 дена, плус минус ден-два. Дали сметате дека сепак треба да се видам со ендокринолог? Веќе една година чекаме две цртки... Останатите хормони ми се : TSH 2.73 T4 1.15 T3 2.95 Estradiol 79.8 Prolactin 11.1
Девојки. Од сабајле кога станав имам голема болка во десниот јајник. Бев кај матичната и ми рече во болница да одам на гинекологија. Ојдов во болница ме вратија, имаш матична ми рекоа. И незнам сега што да правам а кај што одам приватно докторот не ми е тука. Кажувајте мислење што може да е?
@Nade-sunrise мила гледам дека имаш големо знаење кога се работи за хормони. ТСХ ми е 0,75 (0,25-5) фТ4 11,13 (7,9 - 14,4) Пролактин 17,76 (5-35) Ќе ми значи твоето мислење
Зошто те пуштила на гинекологија? Нормално дека ќе те вратат ако не ти дала ни упат. Мора да те прегледа, врати се кај неа. Од многу работи може да боли, најчесто безопасни, циста да не е?
Зошто не е токму затоа(извинете на израз). Се вратив од болница кај неа не ме прима. Ми вика не си трудна сигурно за да те примам. Утре ке одам кај друг гинеколог за матичен да видам дали сега ке ме прима. Инаку незнам дали е циста. Прв пат толку да ме боли. Можно ли е да е од замор?
Не верувам толку силно од замор. Ама ние само нагаѓаме. Значи врати се кај нејзе и кажи и дека матична ти е и дека има обврска да ги прима сите, а не само трудни. Мораш да и кажеш јасно дека знаеш кои ти се правата, да не те мафта. Таа ако не те прима, како очекува на гинекологија да те примат. Идиотка стварно, како те остава да трпиш силна болка.
Леле аман!!! Значи уште не примаат матичниве не трудници??? И мојата до пред две недели не примаше но сега си закажав без проблем, мислам дека рече почнале најнормално да си работат. Инаку стварно многу безобразно од нејзина страна што те пратила на гинекологија, се подразбира дека нема да те примат ни упат ни ништо. Прво она треба да те прегледа па ако недајбоже е нешто итно да те праќа некаде. Зошто тогаш постојат матични.
Се враќам во темава , па со Господ напред да се средам малку па пак во борба се враќам За брзо да си видиме сите две црти
Ке ја сменам утре ако можам. Сега ке трпам до вечер ако ме боли уште ке одам на гинекологија белким ке ме примат.