Нема утешни зборови, секој месец разочарување. Но еден ден ќе не огрее сонце, исплачи се и со нови сили следниов месец. ❤️
Незнам дали ме читаше погоре? Вчера имав болки во јајниците и докторот ме прати да испитам. Инаку мислиш дека е рано сеуште за висока бета?
@bokace1 @Saba08 @CareTee @Grasiela** @Stressed Out Ви благодарам многу. Од сега препуштам се на господа. Што биде нека биде.
Девојки, ги има некаде Impryl таблетите освен онлајн и во систина? Прашав во зегин никогаш ги немало.
Здраво девојки. Вчера бев за брисеви и ПАП и бев со план да му кажам на докторот да ме види пак на ехо за да видиме како е фоликулот, ама многу беше гужва и он ептен беше во брзање и не ме прегледа. Земањето материјал прв пат ми беше толку непријатно, не знам зошто.. и од тогаш наваму имам пецкање долу и како да ми се малку помодрени внатрешните усни или си умислувам. Се мијам исклучиво со вода, ама не поминува, а исцедок немам никаков. Не знам од што би можело да биде ова, дали некоја од вас има вакво искуство? Утре ќе ги земам резултатите од брисеви и ќе одам пак кај него со нив и ќе го прашам, ама сакав да слушнам и ваши искуства. Што се однесува до овулацијата, немам апсолутно никаков симптом на овулација, освен може некое минимално пецкање во јајник, а може и да халуцунирам од преголема желба. Немам ниту лигав исцедок како што кажав погоре, ништо. Од тоа што читав фоликулот може да порасне до 24 мм и во следните 36 часа максимум да прсне. Обавезно ли се појавува исцедокот или не мора да значи? Нејќам да се преопседнувам, ама што да правам нон стоп ми е тоа во памет. Ние сме активни од вторникот наваму, и ќе бидеме уште некое време за секој случај.
И јас кога правев брис и пап можам да кажам дека исто ми беше и мене 1 ден потоа ништо. А за исцедокот јас имав точно на ден на овулација ама немора да значи и кај тебе дека ке е исто. Ти посакувам успешна бременост месецов
Те читав затоа ти реплицирам,табелата погоре е од ден на овулација а не ден од циклус,прерано е,опушти се малку.