Извини јас синоќа сум мислела на после овулација 19ти ден , а пишав од менструација Кога ја орворив на нет сликава сватив која глупост ја кажав
Баш пред некој ден и јас прашував за овие таблети. Неколку членки ми одговорија дека ги купуваат или од аптеката во Систина или од аптеката во Ремедика. А ги има и онлајн да се нарачаат како што си напишала. Сум прашувала во Зегин и Еурофарм но до сега таму ги немам најдено овие таблети.
Не знам дали некој видел фајде од нив, не се ефтини а во упатството пишува да не се мешаат со Q10 што веќе ги пијам. На два ума сум дали да ги почнам.
Не можам да ти кажам дали има фајде од нив од мое лично искуство, затоа што јас почнав од скоро да ги пијам. Мислам дека треба да се пијат минимум 3-4 месеци за да се осети ефектот од нив. Меѓутоа многу од докториве што се специјалисти за неплодност ги препорачуваат баш овие таблети за пиење. Не знам што да ти кажам, ама штом ти ги препорачал докторот сметам дека треба да почнеш да ги пиеш. И јас ги земав по препорака од докторот.
Девојки здраво не знам колку сте ме читале до пред некое време и јас бев во темава... ќе се повторам јас сум со ПЦОС после година и половина останав бремена со помош на Елова и опуштени мисли.. зошто велам опуштени мисли затоа што кога мерев базална температура, одев кај докторката за следење на фоликули, дури примив и стоп инекција мене ми беше умот само на бебе и кога ги читав советите на другите членки кога пишуваа опуштете се опуштете се јас само се подсмевнував на нивните коментари и си викав во мене како бре луѓе да се опуштам кога не бива.. истото знам читајќи ме мене и вие си помислувате НО бидејќи останавме дома со вирусов си најдовме занимација, мм купи нова игра за PS4 и по цели денови што се вика ние игравме и водевме љубов притоа не помислувајќи на бебе бидејќи побитно ни беше кој ќе победи на играта јас по месец и нешто од последната менструација ги видов посакуваните || (беше тоа слабо обоена втора линија но сепак ја имаше) муабетот ми е знам дека чекањето убива, најуспешните месеци се нижат, солзите сами течат кога ќе видите некоја трудница, сето тоа е нормално НО немојте да си дозволите да паѓате психички бидејќи убавите денови за Вас допрва доаѓаат сите ќе Ве огрее најсилно што може и ќе заборавите дека воопшто го имало направете си ги оние испитувања кои се најбитни како спермограм, хсг, направете си хормонски статус и потоа опуштете се бидејќи верувајте во тоа е успехот а и друго за да не се разочарувате не правете го тестот за бременост пред терминот за менструација почекајте да Ви доцни барем 10тина дена.. се извинувам за долгиот пост и во најбрзо време Ве чекам СИТЕ во труднички
Фала ти за споделеното искуство. Позитивниот став е клучот, на сите ни е јасно тоа, уште да собереме сила и да го применуваме во пракса. Факт е дека телото си го осеќа секој стрес и негативно му влијае. Откажување нема, плачки после негативен тест ден-два максимум и после со нови сили до целта. Тебе ти посакувам убава и лесна бременост! Гали меше и уживај во најубавиот период што е пред тебе!
Колку убава вест, фала ти што сподели. Ти посакувам најлесна бременост. За се си во право што имаш напишано само уште да го спроведуваме во пракса.И јас сум со ПЦОС елова пијам повеќе од 6 месеци, се надевам ќе бидне до крај на годинава.
Прекрасен пост. Баш денес се најдов во ситуација каде што сфатив дека колку повеќе се нервирам и се опседнувам дали овој месец ќе биде или не, толку повеќе не бидува. Еве сабајле како швајцарски саат си дојде тетката, а имав толку надеж дека нема да дојде. Сега следува најтешкиот дел, да пробам да не се опседнувам толку нареден месец и да си најдам некоја занимација. Па што е мое ќе си дојде.
Здраво девојки, еден update од мене. Само што се враќам од кај матичниот, брисевите се супер, чисти. Утре ќе доаѓам во Скопје па му кажав да ме види на ехо, да видиме до кај е фоликулот, за да знам дали да отидам успат и до Ремедика за стоп инекција. Фоликулот денес е 23x19мм, пораснал за 1мм од претходниот пат, а ендометриумот е 15мм, секреторен, претходниот пат беше 13мм. Он ми вика јас мислам дека вечер, најкасно утре ќе имаш овулација. Е сега јас сум малку во дилема што да правам, ама се мислам ако не да оставам овој циклус спонтано, па нека биде како треба да биде, стварно не знам што е најисправно... Ваши сугестии?
Браво, предобри вести се ова, сигурно ќе биде следниве 2 до 3 дена најкасно. Незнам за стоп инекцијава немам искуство да пишат девојкиве со искуство. Ама штом толку пораснал би требало и сам да пукне или нема врска? Ама штом доаѓаш навака барем да знаеш да искористиш и за инекцијата. Стискам палции конечно да се чистиме полека од темава.
Па не знам мила, од тоа што читав може да стигне и до 24мм, ама да не прсне туку сам од себе да си исчезне или да се претвори во циста. Се надевам дека нема да е таков мојот случај. Чекам да кажат искуства и мислења и другиве, па да се решам што да правам. Многу брзо ќе се исчистиме сите од темава, само верба и трпение.
Мислам дека сега е моментот кога ти се сите коцки наредени, не ризикувај. Да сум на твое место би ја ставила инекцијата. Се се случува со причина
Па и јас така мислам, сепак станува збор за хормонска инекција. Да не си направам пак некој хаос во организмот, таман почнав да се средувам. Ама сакав да слушнам ваши мислења сепак.
Он минатиот пат ми рече сега да имав една инекција ќе те боцнев, а сега ништо не искоментира за инекцијата. Само рече јас мислам дека вечер, најкасно утре ќе имаш овулација.
Само ќе ти посакам среќа и 2 црти. Сепак мислам да ја ставиш инекцијата. Сите да се чистиме од темава
Ако можеш да се боцнеш боцни се,најсигурно ти е,мене ми растеле и до 26мм фоликулите,а нема потреба до толку,или ако не се боцнеш после 3 дена оди пак на ехо за да се осигураш дали пукнал.