Да цело време имаме, секој ден или преку ден, и синоќе имавме. Фоликулот во петокот беше 23 мм, не ми е јасно како можам сега да добијам? Сабајле беше една точка ама сега ставив улошка, како добиено ми е.
@babybubu @Tinka1234 @LaTama Не знам, јас не сум сигурна дека е овулација, стварно не знам што е ова и како може сега да добијам а во петокот да имам фоликул од 23 мм. Многу сум збунета.
Оф стварно не знам како е можно тоа. Имплантациско не е обилно и не треба да биде исто како добиено. Ај види баш дали ќе ти прекине...
Да не те разочарувам но има 2опции ако со крвта има и ко лигаво да е овулациско крварење (да пукнал и да предизвика малку крварење)или да е циклус со тоа што може и да не прсне фоликулот (да биде присутен и по циклусот-ко циста) -ќе видиш како ќе ти е денес и утре консултирај се со докторот па види што ќе те советува
Кај било кој циклус, колку време и да треае, после денот на овулација иде по 14дена. Ако е на 28дена ке биде 14ден. Ако е на 30 ке биде 16ти ден. Тебе денес ти е 23ден, а минатиот месец си добила на 37, ако броиш тоа е точно 2 недели. Значи и минатиот и овој месец 23ти ти е врвот(најплодниот ден) јас така мислам. Ке видиш пак ке или НЕМА да дониеш после точно 2 недели. Менструалните болки се зошто твоето тело само ја завршило работата, мислам не ти требала инекцијата. Е сега уште 2 дена барем бидете вредни и потоа ке чекаме да поминат две недели Ако имаш еден тест за овулација напрај баш да видиме што ке покаже.
Ти дојде пообилно? Незнам од што може да биде, ама мислам многу ти е рано за менструација а пред некој ден беше на лекар и ти кажаа дека имаш водечки фоликул. Нема логика да е менструација, ама може не сум во право. Ајде баш пиши до крајов на денов дали ке престане, или ке продолжи и ке се зголеми.
Незнам, ама нема логика да добуваш сега и да имаш толку голем фоликул исто време. Може не сум толку искусна но двете состојби една со друга не ми идат некако.... Ако деновиве ти била овулацијата тек за две недели би требало да добиеш по некоја логика.Консултирај се со гинекологот утре, баш напиши ни каква е ситуацијата те мислиме.
вака сега според анатомија на јајници многу чест е случајот кога јајниците овулираат исфрлаат фоликул и заради покачените хормони на истиот јајник или на другиот може да настане нов процес на создавање на фоликул, првиот кој пукнал ја исфрла јајце клетката и почнува процесот на менструација и чистење на матката , а во меѓувреме имаш зрел фоликул кој треба да пукне и да исфрли јајце клетка која е спремна за оплодување ( така им се случува на 3 % жеми да останат бремени за време на циклус ) верувам и се надевам дека не сум во право да си имала фоликул кој пјкнал пред недела ипол , а во петокот да се појавил оној 23 мм кој го видовте на ехо ...... мое искуство со пратење на фолукометрија во 45 дена циклус моите два јајника произведуваат фоликул на 13 ти ден кој пука ама нема јајце клетка , на 22 ри ден пука и нема јајце клетка - јас сеуште немам менструација и на крај на 30 ти ден пука трет кој исфрла јајце клетка и не се оплодува па ми почнува циклусот на 45 ти ден .... ова е со хаос хормони и со полицистични јајници мое искуство ама ти пак ке видиш што се случува со крварењево до утре евентуално задутре .... инаку последните месеци имав таква хиперстимулација што на десен јајник имав и по 3 фоликули кои пукаа преку два дена , 17 мм , еден 21 мм и еден 26 мм ..... и па нејкеше бебче да се фати значи нема правило
Се слушнав со матичната. И кажав за бетата и за на лекар. И ми вика, тестовите преку урина и крв покажуваат дека има бременост, но многу е рано.И спомнав за Ск да одам и ми вика каде и да отидеш нема ништо да се види на ехо пред да се качи 1500 вредноста. Ако имаш болки ке дојдеш во било кое време, а ако не ке дојдеш по една недела. До тогаш ке пиеш утрогестан и премама дуо. Јас планирам пак да направам тест преку крв да видам како што. Крварењето сабајлево е намалено и е кафено. Јас пијам витамин Ц 1000, цинк 10мг, Дз капки ама тие не секој ден и метилирана фолна. Имам и витамини за бремени витал Прегна како најдобри ми ги кажаа во аптека ама во нив има обична фолна 400мг, а јас сакам метилирана да пијам, така да планирам да продолжам како до сега. Еве ги тие иначе
Утре задутре испитај пак бета за секој случај. Инаку кој и да ги пиеш ако немаш некоја мутација нема да згрешиш но сепак јас сум за метилирана да пиеш. Ти посакувам се повисока бета и бременост до крај
Ете гледаш ќе се смири и крварењето може се мести ембриончето па нормално е да има малку и кафеавко да не те плаши.... провери си ја пак бетата утре и гали меше... Утогестанот можеш и да го пиеш и вагинално (јас би ти препорачала вагинално но како и да е не е грешка) Метилирана можеш да пиеш ако имаш мутации ... засега е најдобро да уживаш и да си смирена Позз и со лесно да е
Јас прв пат бев на ехо на 18ти ден од циклус и тогаш го имав само тој фоликул на лев јајник, тогаш беше 22мм, а во петокот 23мм. Не е имплантациско сигурно, исто е како циклус, си имам и благи менструални болки. Полна бев со надеж овој циклус и денес ми се сруши светот врз глава... Од толку долгометражни циклуси, баш сега кога имав добар фоликул и ендометриум, јас добив на 23ти ден...
организамот се бори и со тие нередовни циклуси имаш дисбаланс и пробува да направи рамнотежа .... ама гледај на позитивната страна јајце клетка се спушта 24 часа а спермата може да живее во јајцевод и до 5 дена ... рече сте имале односи пред два дена пошо со ејакулатот виде крв утрината да се надеваме на таа јајце клетка и тој фоликул ...надежта е голема
Оди на ехо можно е фоликулот да перзистирал и да се претворил во циста,заради тоа е добро ставање инекција,нема утка тогаш,ама па чудно ми е што толку брзо доби менструација,ако не ви е нелагодно имајте односи и сега,знам случаи што останале бремени за време на менструација.