Мене не ми е баш јасно како е можно да прсне тој фоликул и да се оплоди јајце клетка, а во исто време да има и крварење? Ние имавме последно синоќе односи, имав болка во лев јајник кај што беше фоликулот и бевме упорни демек тоа е тоа, а сабајлево кога станав имав крв помешана со ејакулатот. Сега си тече ко менструација, а ме боли повеќе лев јајник. Цела сум во прашалници. Не знам што да правам следно.. Докторот во петокот ми рече ако евентуално не забременам и добијам после 15 дена, да дојдам да ми даде упат за хормони на трет ден. Е сега не знам што да правам, добиено ли е ова, треба ли хормони на ваков циклус да се испитаат, ништо не знам моментално. Ќе одам утре до кај него и ќе видам што ќе каже, ако воопшто знае и самиот.
Да, ќе отидам утре на преглед, да видам што ќе каже докторот. Моментално не знам дали сум во состојба за однос, повеќе психички, физичкиот момент ако треба ќе го занемариме.
Здраво девојки. Јас официјално добив, доста обилно ми тече дури и по малку парченца има. Бев кај матичниот и освен што се изнервирав уште повеќе ништо друго не добив. Уште кога влегов ми вика "Aaa не можам да те прегледувам сега, си ставив капки" Викам докторе јас чекам фоликул да прсне, а добивам менструација, не ми е јасно како е можно? И он само се насмеа и ми вика "и на мене не ми е јасно како е можно" Цело време очи не отвори дур бев во ординација, мижеше демек капки има. На сестрата и кажува само каков упат да ми направи за хормони, вика она имаше corpus luteum од 22 мм циста. Викам докторе значи не било фоликул циста било така ли? Он ми вика не не, не е така и ќути. Крвта ми зовре во глава ако ми верувате, цела почнав да се тресам и препотувам и само чекав да го земам тој упат и да излезам надвор! После сопругот ми вика врати му се и кажи му сакам да ме прегледаш, ама не се вратив, не можев немав сила повеќе да се занимавам со него. Не знам што му беше, ама не беше со сите. Фала ви на грижата, ми значи.
@Tinka1234 @thelittle17 Јас гледам да одмарам поголем дел од денот, ама мислам се е џабе. Утре ке испитам бета, ако е падната нема да пијам утрогестан, и ке правам тестови и преку крв и преку урина додека не станат негативни, па после ке средувам организам. Ако случајно е порасната што стварно не верувам после менструација и после уште 3 дена крварење ке одам по доктори. Навечер повеќе крварам одколку денски, кога кафено, кога како густ секрет, кога по црвено, значи ги знам сите нијанси на крв веќе....и така тоа од мене, немам болки фала Богу, но немам ни во градите што знам дека е еден од поглавните симптоми на бременост. Ви благодарам на сите што мислите, убаво е чувството кога знаеш дека не си сам
Леле тие матичните се стварно луди не знам како да ги наречам. Ми треба хитно упат за лабораторија таа ми вика не исполнувам тука желби. Од коронава ептен се шакнати.
@Bella_Stella мислам дека треба да си го смениш гинекологот, не се рњзочарувај тоа е што е, следниот месец повеќе среќа. @Grasiela** ти посакувам среќа, да биде се како што треба. Сега јас да прашам, ми стигнаа од хемостаза резултатите, некој ако знае да каже дали се добри, според мене се е добро, може сум грешка.
За подобрување на квалитет на јајце клетки и подобра овулација можеби е подобро да пиеш Ovunorm отколку Impryl. Impryl ги даваат за генски мутации кога треба да се прима метил фолат и метил кобаламин, како и за проблеми со инсулинемија и резистенција на инсулин. Ovunorm во составот имаат витамин Е, мака, Q10, цинк, алфа липоична киселина и мио-инозитол што има благотворно влијание на плодноста.
@Bella_Stella Смирено само и без нервоза. Смени си го матичниот ако можеш под итно. @Grasiela** Ти посакувам повисока бета утре и одмарај колку што можеш повеќе. Ве гушками се ќе биде како што треба, сите ќе си галиме меше.
Ги пиев и тие ама мислам дека инозитолот не ми пријаше. Ми се скрати циклусот мислам дека и циста ми беше од него. Откако престанав да ги пијам поубави циклуси имам. Иначе ги пијам сите состојки посебно без него и мака. Q10 пијам 400мг во форма на ubiquinol и ако ништо друго кожата некад не ми била помазна.
Матичниот ми е од скоро, од јануари негде. До сега немаше вакви испади, баш ми изгледаше како ок. И кога ме прегледува на ехо секогаш е детален и ми објаснува што гледа. Не знам што му беше денеска, ама не беше со сите. Ќе видам утре како ќе се испонаша кога ќе отидам со резултатите од хормони. Едно е сигурно, се помалку нормални доктори има, и од кај претходната матична се преместив ради незаинтересираниот однос, сега пак иста песна.
Ова матичните се како од хорор филм. Какви се работи се изначитав почнав да мислам дека мојава не е толку крш колку што мислев дека е.
Се согласувам со тебе за матичните што се поретко ги има како стабилни. И јас се преместив од кај мојава едвај. Овој новиот ми гледа добар за почеток ама да не заречам ќе видиме. Незнам што да кажам. Зошто ти напраил така? Изгледа ние самите ќе испаднеме поискисни и со повеќе знаење од нив. Се надевам дека се ќе биде како што треба и идниот месец ќе си видиш II црти
Епа тогаш стварно не гледам потреба и од Имприл. Јас пиев исто антиоксиданси еден куп, сега по препорака на доктор поради мутациите и проблемите со инсулинот почнав со имприл и некои други суплементи, ама Витамин Ц, Е и ubiquionol престанав да пијам зашто пишува дека треба да се избегнуваат ако се пие Имприл.