Aj да допишам, се слушнав и ми вика не е добро требало дупло да се зголеми, и ми вика зимај утрогестан до петок, ама јас како што ги земав на своја рака така и ке ги прекинам. Само се чудам дали и кога ке почне да опаѓа дали ке треба апчиња да пијам, дали инекции, неможам веќе ни да седам ни да лежам ништо
Јас мислам дека ако докторката ти сугерирала да пиеш утрогестан да не го прекинуваш. Треба да расте бета да, ама мислам да ја послушаш неа. Како е крварењето се намали ли? Направи ли и домашен тест?
Денес е точно 12 ден после овулација. Се надевам дека ќе е на арно. И некоја нервоза ме фаќа од сабајле како пред добивање. Незнам стварно.
Ако остане на малку само розе кафеафко може да е имплантација но ако почне повеќе може и да е циклус порано... не е страшно дајбоже да е првото
Мослам дека престана веќе. На секои 10 минути wc сум. Нема сега за сега на бришење ништо ама незнам ќе пратам ситуација. Сега ми текна дека кога останав бремена истото ми се сличи како сега. Незнам девојќи дали да се радувам или да плачам навистина ако можете да ме сватете. Од една страна се радувам да сум бремена а од друга страна ми е страв да не дојде пак до абортус
Незнам мила, воопшто не сум задоволна од одговорот, можеше повеќе да каже што да очекувам, а не тоа што сите го знаеме дека не е добро и требало да се дуплира.Ете имаш искуство од предходната матична некако ич не се заинтересирани. Мислам јас веќе знам, само веќе немам душа од одење на киретажи или во овој случај и полошо. Нема логика да пијам утрогестан мислам, јас и петок ке испитам бета, ама и ова е доволно за да се согледа дека не е во ред дали оплодувањето, дали вгенездувањето, дали ембрионот(што го нема) е тоа сакам некој да ми каже Туку кажете ми искуства ако имате од др Петановски или Димитров, кој од која болница беше или и двајцата беа од Ремедика, да отидам негде да ми каже некој што побрзо и појасно што ми се дешава кај и да е треба кеса да се види, а мене ендометриумот ми е танок така даа...несакам ни да мислам толку негативно ама што да правам кога сум очајна иначе крварењето да се намали, а домашен тест немам направено зошто со бета 133 сигурно ке покаже две црти со скоро ист интензитет.
Немој да размислуваш така, само позитивните мисли носат и позитивен исход. Мораш да се смириш пред се и да се надеваш на најдоброто. Овој пат нема да биде како првиот. Дај Боже стварно да е имплантација и да не израдуваш за некој ден. Смири се.
Мислам дека утре треба да отидеш на второ мислење ако си во можност. Кога веќе си исплашена, што е многу нормално, не чекај. Немам искуства со докториве што ги спомна, ама за Димитров имам слушано само пофални зборови.
Побарај второ мислење. Се молам и се надевам на најдоброто мила. Дај боже се да биде како што треба и еден ден сите да си имаме бебче. Господ е голем и ќе направи чудо,верувам во тоа.
Не размислувај премногу, не анализирај и не барај симптоми. Пробај да бидеш опуштена само и да мислиш позитивно. Јас пак ќе кажам како што сум кажала и многу пати до сега, чим еднаш си забременила ќе забремениш пак, и овој пат ќе биде успешен.
Ти благодарам мила многу за поддршката. Сега ќе излеземе малку со мм да прошетаме барем да не мислам толку. Незнам дали да се напијам некое апче за смирување или само магнезиум да се напијам? Солзиве сами ми идат.
Мислам и дај Боже да сум во право дека е имплантација. Опушти се, најди си занимација филм, книга, видео игри било што и чекај го денот за НЕдобивање па направи тест. И без црни мисли шта зрачиш то привлачиш те чекаме со убава вест за некој ден.
Фала ти мила за позитивното мислење и за тоа што ве имам вас кои знаете каква е болката. Инаку читам книги ама во моментов не ми оди некако. Ке излеземе со мм да прошетаме малку. Кога да направам тест?
Ако се работи за имплантација веќе од утре треба да покаже бледа линија. Сепак, најдобро е да почекаш да ти задоцни еден ден. Кога ти е датумот?
Дај боже да е имплантација и да бидат 2 цртички. Но, јас од мое искуство кога имав таков исцедок за жал ми доагаше. Јас скроз бев исто исклучена мислев дека е имплантациско но кај мене не беше. Кај секој е различно кај мене беше така. Стискам палци за имплантација драга