Јас сум кај Петановски и со прво ивф добивме бременост. Многу сум задоволна и топло го препорачувам. Да, во Ремедика е. Утре, среда, е во сала цел ден и не се симнува во амбуланта, освен ако нема закажано. Сепак можеш да се јавиш сабајле и да прашаш. Со среќа и ти посакувам успешна приказна.. Само храбро
Што ти рекоа за пролактинот? Дека ти е висок, да примаш терапија или? Зошто и мене ми е толку, и д-р. тврди дека нема потреба да пијам ништо, дека пролактинот може во текот на денот да се качува и симнува, повеќе пати.
Девојки здраво, што мислите за капсулите од Мака на фирмата Now и Swanson се мислам на која фирма да земам дали има некоја разлика во квалитет затоа што се иста цена а во едните има 100 капсули, на другата 60?
Мила пролактинот ти е стрес хормон кој секој ден да го проверуваш може да е различен и во различни часови во зависност од расположеноето Терапија обично даваат над 25 кога е... но немора да значи... иако најдобро е кога е на средина со вредностите позз
Не сум била кај доктор со резултатот. После ќе одам кај гинекологот, а утре кај ендокринологот и ќе ти пишам што ми кажале. Јас мислам дека кај мене е од стрес покачен, бев под голем стрес последниве неколку дена.
Nemam koristeno vo kapsuli,no imam vo prav,i mislam deka e podobro vo prav ako mozis da si ja koristis
И јас бев, и кажав и на д-р. она сама ми кажа ете од тоа што се нервираш, и што мислиш затоа и не можеш да останеш, а немаш никаков проблем, ќе видиме ајде, се ќе биде кај сите.
Јас сум сигурна дека се што ми се искомплицирало досега е од стрес и од нервоза,ама неможам да го сменам,незнам кско други успеваат ама јас неможам долготрајно да не се напнувам..
Незнам и јас, исто нон стоп мислам дали ќе биде и на крај не биднува. Па се разочарувам, па нов месец па пак мисли и така се вртам во круг.
Девојки. Продолжи исцедокот. Кога е розов кога е кафеав. Кој тест да го земам што кажува најрано или да закажам на гинеколог? Некако се плашам.
Треба да го има во сите аптеки, во Зегин и Виола сигурно го има. Мислам дека можеше во било кое време да се прави, но најубаво прашај во аптека ќе ти кажат точно. Но, ако можеш да се стрпиш до утре сабајле, почекај.