Дали некој има исто како мој проблем а на крај добил бебенце веке 9 години се борам со нередовен циклус,полицистични јајници ми се смачи одење по болници веке почнав ин витро се направиа 10 фолекули на крај ни еден не порасна повеке од 15 мммм ,док ме остави без одговор едино што ми кажа млада си !!!! Пијам еден куп апчиња ве молам некој совет
Девојќи јас конечно си добив. Не е обилно ама бојата е таа. Нареден месец нови сили во потрага по бебе. Си се изнаплачев деновиве.
Ајде нов месец, нова надеж. Мене веќе ми заврши и сега сакам да најдам начин да не се замарам со ова многу многу, па ако биде Јули супер, ако не ќе биде за некој месец, ама тешко оди. Важно е дека надеж има
Ве следам и си се тешам со вас душичкии.. Трет месец во обид за бебе, сеуште немам добиено ама мислам дека ке добијам такви симптоми имам, ме болат градите и стомакот ниско долу на периоди, така и предходните циклуси, инаку ми е 32ден од циклус, ми доцни ама како што кажав немам надеж. Ако добијам и овој пат не знам што да правам после тоа дали нови обиди уште некое време или да ги извршиме потребните прегледи..?
Во иста ситуација сме. Нас овој месец ќе ни биде 4ти обид. Искрено мислев дали и јас да правам барем хормони и спермограм да направи вереникот, ама пак од друга страна незнам , можеби е рано. Може и ќе почекаме уште некој месец да видиме како ќе биде, па после да тргнеме по тие врати.
Во цела среќа имав несреќа, а после во цела несреќа среќа. Уште на почеток се знаеше дека оваа бременост нема да успее. Бета 128, па 133, и денеска 46. Отидов во систина, ми направија ехо, ми рекоа немаш потреба да правиш веќе бети ке се намали. Фала му на Бог не беше вонматерична, туку биохемиска. Ми дадоа капки да престане веќе кафеново, зошто ова веќе историја стана. Исто ми кажаа дека можно е хормонски дисбаланс да имам и да ми треба терапија, така да кога ке заврши циклус, ке испитам тоа, а планирам и да ги повторам испитувањата на трансфузиологија. Летово правам одмор од "правење" бебе ке си го пуштам мозоков на пасење оти овие три четири дена додека да отидам кај салам доктор пекол ми беа. И тоа е се драги мои. Вас ви посакувам Јули да е ваш месец. *
Девојки, незнам не сум толку стручна, сите викаат од 6 месеци до година дена било океј, но според мене во најмала рака што можете да направите е да одите и да следите раст на фоликулите кај матичниот гинеколог месец два, така точно ќе знаете дали доаѓа до овулација или не и кои денови да бидете најактивни. Јас до 6 месеци повеќе не би чекала, после 6 месеци активни обиди веќе би почнала со испитувања. Ние од крај на април мај почнавме ама следам фоликули кај матичната, со ПЦОС сум и ќе пробуваме вака до септември здравје ако не бидне си почнуваме со хсг и спермогам за почеток. Среќно на сите!
Душа, важно сега знаеш што се случувало и важно нема лоши последици. Добро си кажа, дај си сега малку време за одмор, да се тргне тој притисок што го чувствуваш и да се одмори малку телото. Хормоните мораш да ги испиташ пошто многу е важно да се во баланс за да се постигне бременост. Една мала отстапка да има може да прави проблем. Во меѓувреме уживај во летото, може ќе се изненадиш кога најмалце очекуваш.
Да елова, по препорака од гинекологот уште од август веќе година ќе ме фати. Знаеше она дека од април сега сакав да почнеме со обиди мај имавме закажано свадба па ај да не сум трудна на свадбата и однапред ми ги даде еловата. Оф да ми е овој памет и трудна и со бебе свадба правам. Имаш некои други препораки за ПЦОС? Имам исто и режим на исхрана минимум јаглехидрати и шеќер никако и вежбање, воглавном тие насоки.
Одмори се убаво затоа што следното пишување ќе ти биде со труднички маки сигурна сум,ти посакувам за брзо време убави вести.
Денеспак сум во плачки... Правев тест, негативен е. 25 ден ми е а добивам најчесто од 28 до 30 (знам ќе речете рано е за тест ама осеќам дека нема ништо и овој месец). Бев месецов на следење фоликули - на 8 ден имав фоликул 12мм, на 11 ден истиот беше 17мм,ендометриумот одличен,правев и тестови за овулација и имав 2 сигурно позитивни на 13 и 14 ден, па според водечкиот фоликул и тестовите големи се шансите да имам овулација и хормоните ми се добри... Више не знам што е, само се разочарувам секој месец, 7ми месец како интензивно пробуваме. Кажете ми ваши искуства каде сте правеле спермограм и дали мислите дека сега е ок период да се направи после 7 месеци пробување или да почекаме уште 2-3 месеци. Зошто се ми е стрес, секое чекање на резултати хорор филмови си правам ☹️
Хсг имаш правено?? Не е рано да се почне со испитувања, барем најосновните, хормони, брисеви, спермограм и хсг.
Апсолутно издржано. Ако каналите се непроодни, дури и да има добра јајна клетка и добар сперматозоид тие нема да се "сретнат" и нема да дојде до оплодување.