Не е точно дека ќе си го спуштела под граница,Достинексот ако се дозира правилно супер го регулира пролактинот,повеќе го практикуваат од Бромергонот зошто е полесен за пиење,Бромергонот има страшни side effects,многу тешко се поднесува,со вртоглавици и повраќање едно добри недела две дури не го навикниш.
Ќе видам,се консултирав со матичен доктор. Фала ти многу,почнав и јас со истите активности,а за сопругот со него ми е многу полесно.
Некој што има искуство со тестови за овулација, минатиот циклус ги искористив сите 5 ленти и на сите двете цртки беа црвени со ист интензитет (ги правев од 10 до 14 ден). Сега, овој циклус, почнав порано, од 8 ден(вчера) и 9 ден (денес) и пак цртките се црвени со ист интензитет... Некако ми е чудно па некој доколку ги користел да ми одговори.
Ваљда ендокринологот знае што збори, врз основа на мојата историја, досегашни испитувања и вредноста на Пролактинот моментално. Знам дека Достинексот се дозира соодветно на покачувањето, ама пошто никогаш до сега не сум имала покачен Пролактин + бев под стрес, докторката не сакаше (со право) да ми даде терапија врз основа на само еден покачен резултат. Затоа и ми кажа да проверам и следен месец па ако треба ќе ми даде соодветна терапија нормално. Муабетот ми беше дека матичниот гинеколог не ме ни слушаше што зборам и не се базираше на ништо од претходно туку само на моменталниот резултат, што според мене е тотално погрешно. И како од ракав ми препиша терапија, што веројатно ја дава по дифолт на сите. Затоа јас цврсто стојам зад тоа дека последна одлука за терапија за хормони треба секогаш да носи ендокринолог, не за џабе е специјалист во областа.
Какви тестови користиш? Тестовите за овулација го детектираат зголеменото ниво на лутеинизирачки хормон (лх) што обично се случува пред да настапи овулацијата. Доколку тебе секогаш ти покажува позитивен може да значи дека ти е константно повишен како што е во случаи на полицистични јајници. Дали имаш испитувано хормони на трет ден од циклус и ако да, какви ти биле резултатите? Колку ти трае циклусот? И дали ти е редовен? Ова се само претпоставки, за да бидеш сигурна треба да испиташ хормони и да се консултираш со гинеколог/ендокринолог.
Колку години си? Каков ти е циклусот? Провери да не имаш полицистични јајници. Кај ПЦОС има лажно позитивни тестови
Хормони надвор од референтните вредности бараат консултација со специјалист. Немаш дадено информации за какви се вредностите и најмногу што можеме да ти кажеме се наши лаички претпоставки. За стресот и јас барам решение, ако го најдам ќе споделам. Она што ми помага се чај од маточина, гледање на лабави серии и филмови, читање на книги и воздржување од читање по интернет за мојата состојба или гуглање симптоми.
Кај мене па никогаш не покажа две црти со ист интензитет 2 месеци. Или немам овулација или тестовите не се како што треба.
@LaTama @le.soleil хормони сум испитувала на 3 ден од циклус во јануари и во мај и беа добри. Лх 5 и двата пати, Фсх негде 5.5-5 6. Циклусот редовен од 28-30 дена, секогаш и ми трае 5-6 дена. Минатиот месец бев на следење фоликули и имав водечки фоликул од 12мм на 8ми ден и истиот тој фоликул беше 17мм на 11ти ден. Матичната ми рече се е добро, хормони добри, матка,јајници нема никакви проблеми. 29 години сум.Више се мрднав,не знам ни што да мислам, ни што да правам.
Воопшто не се секирај ако се хормоните добри може има др проблем... спермограм хсг имате проверено? Тестовите не се секогаш веродостојни... бар според мене...сигг си го познаваш телото за дали и кога имаш овулација
Zenski , da ve prasam dali nekoj skoro pravel brisevi na Institut za javno zdravje odnosno dali voopsto rabotat? Ako ne tamu kade ste pravele brisevi na drzavno? Isto taka me interesira i za infektivni markeri kade ste pravele na drzavno vo skoro vreme? Fala
Трибестан 2х1, селен, цинк, с витамин 1000, б12, фолна киселина, л карнотон, л аргинин од лош дојдовме до одличен спермограм сите се природни 3 месеци употреба и видливи резултати. Поздрав
Лани беше тоа, ми рече матичната - гинеколог, тешко има термини кај Јани, па јас следев на мој термин и веднаш отидов за упат штом се отвори. Но, Јани да ти бил на одмор, ме прими Кочо, ми рече некои имаат деца, некои не, ќе имаш мутиран некој ген, па што дека, нормално било и така беше, на резултатот ништо не беше напишано. Па го 'манијачев' Јани, чекав кога беше во амбуланта да му покажам. Многу се налути, ме враќаше, дојди тогаш, оногаш и на крај на ливче ми напиша што да пијам (тоа фолна молна ама не сфатив за аспиринот - пиша во бременост да се пие, па јас мислев и претходно, ама сега гинекологот друго ми кажува и збунка сум).
Работат и во Институт за јавно здравје и во Микробиологија за брисеви. Јас во Микробиологија носев. За инфективните можеш и тие во Институт, но ти препорачувам во Железничар да ги направиш, за два часа имаш резултати и упат не ти треба за таму.
Идеално за забременување ТСХ го бараат под 2. Кај тебе не е многу висок и обично не даваат терапија за 4, но е повисок од идеалното. Консултирај се со специјалист најдобро, ќе треба да ја следите тироидата. Другите хормони во ред ти се?