Нема да биде погрешно ако се консултираш со ендокринолог. Како што кажа @LivingGlam oни го сакаат околу 2-2 ипол најмногу за забременување. Познавам девојки што на вредност 3 и нешто пијат минимална терапија за да го спуштат. Така да се решава, не се секирај.
Кои тестови ги правеше? Можеби тестовите не биле како што треба, јас секогаш си чивствувам кога имам овулација, нема шанси да не ја осетам, ми се менува телото, мислам дека. Така да, гледај малце батали тоа тестовите и мерење базални температури, и опушти се, не мери ништо, прајте си бебе секој ден, не се оптеретувај дека мора да измерипш базална температура, или пак мораш тест за овулација, барем еден месец остај се така.
Девојки, дали некоја од вас имала искуство со лечење на уреоплазма? Денес микробиолошките тестови ми покажаа дека ја имам таа бактерија, а утре сум кај докторката за терапија. Дали може да биде таа причина за тоа што подолго се обидуваме за бебе неуспешно?
Има тема Уреаплазма. Таму има искуства да прочиташ меѓу кои и моето. Уреаплазмата влијае на квалитетот на спермата така да можно е.
Од E-bay ги нарачав тестовите. Минатиот месец си ја осетив овулацијата а овој месец не. Така и ќе направам нареден месец. Овој месец паузираме лагано, но од другиот се ќе баталам и се надевам дека ќе биде што поскоро.
Мислам дека е позитивен како што гледамфрлете се на работа овие 2 дена. Те гушкам и ти посакувам среќа.
Во живо втората цртка е мааалку побледа од првата. Ќе се тестирам деновиве, па ќе видам како ќе биде. Се надевам дека е грешка гинекологот. На 13ти ден имав фоликул од 8мм и он ми вика ништо овој месец. Ама ете имам надеж дека си пораснал и дека ќе имам овулација месецов. Секако имам долги циклуси, денес ми е 19ти ден така да може ќе биде на 20+. Ќе бидеме активни ние, па како ќе биде така. Те гушкам.
Позитивен, до вечер може уште поинтензивна да биде тест линијата, ако имаш тестови направи пак. Кај мене кога е вака обично за ден-два имам овулација, па рачунај си таму, направи си распоред на денот .
Па имам уште 5-6 теста, може да се тестирам вечер уште еднаш. Уф, дај Боже да имам овулација. Симптоми немам никакви освен мнооогу благи речиси неприметни cramps доле ниско.
Мислам дека овие тестовиве за овулација врска немаат, јас од 6ти до денес правам тестови и сите се позитивни. Или со мене нешто не е во ред или не знам што е...Не осеќам никакви симптоми за овулација ама мислам дека е рано уште, денес ми е 11ти ден,а добивам од 28-30 дена.Мислам дека овулацијата(ако воопшто ја имам нели) ми е некаде 15-16 ден ако се водам од тоа колку си го познавам телото.А сега позитивен тест уште на 8ми ден ми покажа.
Јас од вчера почнав да се тестирам и вчера беше побледа цртката. Ќе продолжам да се тестирам денес и утре, па ќе видам што ќе излезе. Фала ти.
Девојки еве го тестот од пред малку. Или поминал пикот или не ми беше доволно концентрирана урината, пошто беше многу бледа по боја. Саат ипол - два пред тестирањето се воздржував за во тоалет, повеќе не можев.
Идеално би било пред тестот да не се пијат течности најмалку два часа пред да се направи, така што нема да се разредува концентрацијата на LH во урината и да се добие лажен негативен резултат и не се препорачува прва утринска урина за тестирање на овулација... во рок од 24до48ч може да настане овулација Работете на случајот .позз
Да да, ги знам правилата за тестирање, одамна се тестирам. Затоа и спомнав дека за вториов тест немав услови да не се воздржувам од одење во тоалет повеќе од саат ипол - два. Како и да е, утре ќе направам уште еден тест по правила, па ако и тој е негативен ваљда денес преку ден кога се тестирав бил пикот. Фала ти.