Да се пријавам дека и јас се разочарав. Баш овој месец бев поопуштена, не се опседнував толку, и мислев дека и кога ќе добијам ако добијам ќе го прифатам тоа не вака стресно како што го прифатив. Си се изнаплакав, се разочарав пак и почна паниката зошто веќе не бидува... Добив на денот кога треба да добијам, малку е и кај мене не е уште пробиена ама важно дојде вештерката. Е сега и мене ми е прашањето дали во четврток да одам да проверам хормони од 3 ден иако не ми е пробиена скрос, дали денес да го сметам да 1 ден?
Прв ден се смета кога ќе почне убаво да тече. Хормони може од 2-5 ден од циклусот. И ти и @babybubu видете како ќе биде денеска, па ќе одлучите четврток или петок.
Прв ден на циклус се смета откако убаво ќе почне крварењето. Ако денес ти пробило, значи денес ќе го рачунаш прв ден. А маж ти убаво ти вика. Гледај ја и светлата страна, почна редовно да добиваш. Дај му и на телото време да се прилагоди и да се навикне. Полека се ќе се среди
Девојки со ПЦОС би ве замолила ако може да споделите начини и режими на исхрана и вежбање што ги практикувате. Фала ви.
Јас избегнувам процесирана храна и јаглехидрати. Се трудам исхраната повеќе да ми се базира на зеленчук, овошје и протеини. Исто се трудам да намалам со јадење благо, мада што летно време со сладоледиве правам прекршоци. Вежбав во теретана до пред коронава, повеќе кардио тренинзи, но и на справи. Моментално вежбам многу малку, во домашни услови и се трудам да пешачам повеќе.
Го прикачувам начинот на исхрана за ПЦОС што го имам добиено од матичниот гинеколог, мене најискрено ми помага, намалени ми се акни на лицето, намалено ми е сало околу колкови и стомак, си ги осеќам овулациите.
Многу убаво објаснето. Не ми е јасно само зошто не се јаде овес. За тестото ајде некако ќе се помирам, иако сум гооолем љубител на тесто, а месото кое уствари треба да го јадеме ич не го обожавам. Ама овес јадам многу често за доручек, не знаев дека не треба.
Сигурно е дозволено да се внесува млеко и млечни производи? Јас како што знам треба да се одбегнува :/
Млекото и млечните производи во такви диети се забранети, освен со ниска масленост и пак внесување на многу мали количини.
Девојки јас сум стварно збунета и не знам како што да го рачунам ова. Очигледно е многу оскудна менструација, комотно можам да поминам цел ден со една влошка. Во смисла не ми тече, ете сега пред спиење се истуширав и веќе два саати имам само една точка на влошка и на бришење многу малку. Си споредувам со претходниот месец и нема врска едно со друго. Ок ли е на ваква менструација да проверувам хормони? Стварно не знам што да правам.
Хм... не сум паметна околу ова но мислам дека подобро да се консултираш со докторот дали да испиташ хормони (знае некогаш да е и оскудна но причината не би ја знаела сиггурно...) Се случува и овулаторно крварење да трае и повеќе од точка (и од пукање на циста / фоликул) ...иако не сум на твое место ја би отишла на контрола место за хормони.... твое е да одлучиш ...
Не е имплантациско сигурно, 25 ти ден од циклус ми е, на 19ти ден имав позитивен тест за овулација и симтоми, многу рано е за да биде имплантациско. Искрено не ми се оди од незаинтересираниот однос на матичниот. Ќе чекам да видам до петок како ќе бидам. Ако пробие убаво ќе проверам хормони, ако не пробие ваљда нема. Не ми е сигурно на вакво крварење дали ќе добијам веродостоен резултат. Нека помине ова па ќе одам кај приватен гинеколог. Кај матичниов ако отидам знам дека само ќе се изнервирам уште повеќе.
Да го споделам моето искуство со тестовите за овулација. Втор месец се тестирам.Минатиот месец се тестирав од 10 до 15 ден(еден ден скокнав) со тоа што двете цртки беа со ист интензитет црвени(можам да кажам бледо црвени,но исти), само последниот 15ти ден тест линијата беше поцрвена од контролната и тоа видливо поцрвена. Овој месец почнав со тестирање од 8 ден и се тестирав преку два дена, истата ситуација, од 8ми до 14ти ден линиите бледо црвени но исти, на 16ти ден тест линијата видливо поцрвена од контролната. Збунета сум бидејќи пишува дека тестот е позитивен ако цртките се црвени со ист интензитет или тест линијата е поцрвена од контролната. Немам полицистични јајници, хормоните ми се добри(барем последно во мај проверував, беа добри,циклус редовен од 28-30 дена секогаш. Дали ова значи дека тестот е позитивен само кога тест линијата е потемна од контролната?
Скрос иста насока добив и јас од мојата матична како @i13dk што има ставено, со тоа што овесни знам да си каснам, сладолед летово посебно а за млечни производи избегнувам или ако сакам грчкиот јогурт го зимам со најниска масленост што е. За вежбање не вежбам воопшто, дадено ми е препорака по 30 мин пешачење минимум секој ден, и до ова не се придржувам баш баш...
Многу ви благодарам на сите три за одговорите и споделените информации. Дали имате проблем со резистенција на инсулин? Јас немам проблем со нејадење благо, си наоѓам замени засладени со стевиа, а поради ендометриоза не јадам ниту млечни производи - како замена јадам веганско кокосово млеко кое содржи пробиотски култури, од тестенини јадам безглутенски тестенини од наут или црвена леќа без брашно, ама многу, многу ми е тешко тестото и особено лебот целосно да го елиминирам од исхраната. Со зеленчук, месо, риба и јаткасти плодови и семки едноставно не можам да се најадам и цело време сум гладна и морам да дополнам со мало парче или две интегрален леб, а често јадам и полнозрнасти овесни снегулки за доручек. Не знаев дека препорака на лекариве е да не се внесува никаков леб, тестенини и овес, од она што имам читано бел ориз и компир е полошо да се јаде отколку добар полнозрнаст леб или тестенини поради високиот ГИ на оризот и компирот. Само стварно не би знаела што да јадам наместо тоа, а да не чувствувам глад и нервоза
Гледам дека препорачаната исхрана е безглутенска. Овесот е контаминиран со глутен во производството, веројатно затоа е исклучен. Има безглутенски овес, можеби таков може.
Искрено не знам баш, и јас го јадев ептен пред да ми ја дадат "диетава", па гледав уште тогаш по нет дека се поделени мислењата во однос на овесот ама одлучив да ја слушам докторкава.