Мила ако не си сигг во докторот побарај и 2ро мислење и 3то ако треба... но ако нешто видел сигг не е за џабе... можно е да има нештто во матката за да предизвикува спонтан , а може да си провериш и мутации за метилирана фолна да примаш уште пред бременост (и тоа може да доведе до спонтан) и неправилни сперматозоиди може да не се развие правилно ембриончето,... многу причини може да се појават...дека си млада може мислел за ифв , пошо остануваш бремена е сега е проблемот што го предизвикува спонтаниот... но пак ќе речам консултирај се и со др спец. и ти посакувам успех
Трајковски е таков, и мене ме прати на хистеро и лапаро, ама не сум направила сеуште. Видел нешто, ама треба поубаво да се види, да биде сигурен. И мене тоа ми рече дека сака да елиминира ако нешто пречи за секој случај.
Јас после првиот спонтан правев хистероскопија два пати , но пак имав спонтан пред еден месец ,од хистеро немаш штета убаво е да се види внатре како е. Не е воопшто страшно истиот ден си дома каде и да правиш. Доколку немаш испитано генски мутации испитај си , и почни со метилирана фолна три месеци пред да планирате нова бременост. И спермограм , да не има таму лоши сперматозоиди , тоа убаво ќе ти објасни доктор. Јас одев кај Трајковски и презадоволна бев. Дур не најдеш доктор/ја што ќе ја имаш довербата во нив и ќе се чувствуваш безбедно не превземај ништо, собери повеќе мислења , повеќе доктори и ќе си одлучиш самата што и како за понатака.
Јас првиот пат кога останав бремена и плодот беше со аномалија, правев киретажа во 12 недела. За време на киретажата докторката забележала дека имам срцевидна матка. По интервенцијата ми објасна дека тоа нема врска со мојот случај, ниту дека влијае на забременување, но дека може да предизвика спонтан во друга бременост заради слаба циркулација во тој дел што бил вдлабнат. Бев и на второ мислење, со 4д ехо се виде дека имам таква матка, како со септум. Правев хистероскопија, ми го отстранија септумот. Набрзо потоа останав бремена и сега сум 6ти месец. Добро би било да те видат на 4д вагинално ехо и абдоминално, ако се испостави дека има нешто да направиш хистероскопија. Така ќе се види најубаво како е внатре и ако има некоја преграда ќе ти ја отстранат. Бидејќи си со 3 спонтани јас би те советувала да испиташ плус и кариотип и мутации ако немате испитано. Ти посакувам да го решиш проблемот и полни раце во најскоро време!
Фала ви многу девојки за советите и поддршката. Вака после вториот спонтан ги направивме сите испитувања. Хормоните ми беа во ред, кариотип добар на двајцата, имам генски мутации ама сите ми рекоа дека не е нешто страшно. Примав метилирана фолна, витамин В12. Во бременост клексан и аспирин ама бидејќи имав крварење ми ги прекинаа. Маж ми има тератозооспермија со 1 % нормални сперматозоиди, упорно мислев тоа е проблем. Др. Трајковски ми рече да ама види во колку милилитри, и вели требало барем 3 спермограма да направи бидејќи баш тогаш можеби бил под стресна ситуација. Вели може и јајце клетката не била добра, не го оспорувам ни тоа. Кај мене проблемот е што престанува срцевата акција и морам да одам ма киретажа, последниот пат бев во систина и го пративме плодот на испитување и се беше во ред. Секако ќе ја направам и хистерскопијата и се друго што треба само еден ден да можеме да се осѕвариме како родители. И на сите вас тоа го посакувам од
Јас мојата грешка ја направив што не обрнав внимание на тие генетски мутации и пред многу години ми кажуваа се е во ред , и метилирана фолна почнав да земам од кога бев на ехо и кога докторката ми кажа направи тест ова изгледа на бременост. Со квалитетен доктор кој ке те следи и ќе ви препише и погоди добра терапија ќе успеете , никогаш не губи надеж ти посакувам успешна бременост до крај и полни раце љубов
Не знам дали е тоа што те интересира, но јас правев хистероскопија и утврдија слепувања на ѕидот на матката од претходни две киретажи. Ме убедува докторот дека требало хистероскопија и дека со тоа се средил сега ѕидот, па да се надеваме
И јас си отидов со плачење од кај Трајковски и мене без гледање ништо само ме откачи дека треба да направам хистероскопија. Од една страна, ги разбирам, навистина многу се решава со таа постапка, но од друга страна, јас толку лошо поминав со анестезијата и болките, што мислам дека не е фер да се расфрлаат нон стоп сто тоа прај хистероскопија како да е тоа тркни до продавничкава (операција е). Но, ако веќе се правиме стручњаци тука, и јас мислам ако другите испитувања се во ред, тогаш мора да се види матката да не нешто внатре прави проблем. Секако, НАЈДИ СИ прво друг доктор кој што нема да те потресува.. hug:
Me interesirase dali se lekuva i dali nekoj ima bremenost posle nego? Dijagnosticiran mi e posle kiretaza pred dva meseci
Па, според докторот, сме решиле, односно сега матката била во ред, но ете уште ништо не се случува на поле бременост (не знам што е точно причината).
Еве јас работам на случајот, ќе ви јавам штом успеам Како и да е, не е ништо нерешливо, со хистероскопија има да ја гланцнат матката не се секирај
Mene mi rece deka ke treba da vgradat nekoja spirala ili balon za da ja drzi matkata,ne znam kolku vreme se nosi,..kao sega sme skoncentrirani da dobijam,nikako da dobijam od togas..
Здраво девојки, ви се приклучувам и јас на темава. Во брак сме речиси 2 години, но месецов решивме да почнеме со обиди. Сега имам еден проблем ми се појави алергија по цело тело и ми препишаа апчиња, но не знам колку е безбедно да ги пијам сега кога сме почнати со обиди. Што ако се фатило, па апчињата нешто наштетат, а од друга страна морам да ја санирам алергијата. Не знам ни дали е за тука прашањево, пишав и во друга тема, но не добив одговор. Ви посакувам среќа на сите, што поскоро да ги видиме двете цртки.
Сум ги пиела и двата..декортинот е јак лек, така да мислам дека не е дозволен во бременост..мене ми ги даваа кога имав проблеми со дишење, бидејќи имам астма и друга инфекција кога имав (на нозе) и знам дека се многу јаки така да гледај прво среди со алергијата па прекини ги зошто се штетни и за многу други работи...