Со дечко ми пробуваме за бебе 3 месеци. Започнав со испитувања до сега викаат дека е се во ред и дека сум млада да не се секирам(23 год). Но овој период сум под голем стрес , и ми доѓа мисла дека ке паднам и на ова поле дека јас не сум вредна за таква среќа и дека никогаш нема да имам свои деца. И депресивна сум периодов, дали мислите дека стресот игра улога за зачнување? И дали имате совет и охрабрувачки зборови
Охоо и те како има врска стресот...јас едно време се опседнав со оваа тема, престанав да си го живеам животот, но сфатив дека тоа не ме води кон ништо...сега само водам љубов со маж ми, а бебето само ќе си дојде..и покрај сите испитувања што се во ред, јас мислам кај нас од стрес ништо не биваше досега, а од минатиот месец си наоѓам само обврски и причини да се смеам, па кога ќе си дојде бебето ќе си дојде...се си има свој вистински момент
Секако дека има улога стресот во зачнувањето.Треба да се опуштиш да не се опседнуваш со тоа дека не си вредна сите ние понекогаш премногу размислуваме на оваа тема не фаќаат стравови паѓаме во депресија и многу други работи но најбитно од се е да пробаме да се опуштиме да не мислиме и самото ќе си дојде.Ти си млада животот е пред тебе не треба да бидеш депресивна воопшто.Се согласувам до @Cherry blossom89 да си водите љубов и да не мислите дека правите бебе и можеби тогаш кога најмалце ќе очекуваш ќе ги видиш посакуваните две II цртички.
Јас имам хронична алергија на полен, грини и домашна прашина и цело време пијам таблети Аериус, без нив ми е многу лошо. Додека не видиш втора цртка можеш да си ги пиеш слободно, а од кога ќе останеш бремена ќе си се консултираш со соодветен лекар за да ти даде алтернативно решение (ако недај Боже не ти е решен проблемот до тогаш). Пошто овие лекови не се дозволени за време на бременост, а не за време на обиди. И јас секако ќе ги прекинам кога ќе забременам, сега за сега не можам без нив, а и никој не ми кажал дека штетат на зачнување.
декортинот го даваат и доктори да се пие пред трансфер на ембриони,за намалување на било каква инфламација во телото. Па после трансфер не се пие. Така да сметам дека смееш да пиеш само прекини го по позитивен тест.
Дали некој има искуство со таблети Оргаметрил? Само што си идам од гинеколог ми ги препишаа зошто ми се поремети менструацијава поради биохемиска бременост. Последен пат имав на 12ти јуни, а денес на ехо тенок ендометриум, што значи нема да дојде за брзо. Една година ми требаше да средам менс и овулации природно со 300 чуда, за сега да пијам хормони. Кога прочитав дебелеење,мрсна кожа, акни, влакна на несакани места, се мислам дали да и де јавам на матичната да и кажам дека не ги пијам и да ги фрлам во шоља
Здраво девојки. Денес добив резултат од ТСХ и конечно ми е под 2. Прашањето ми е тие што сте со хипотиридизам дали сте забремениле ако е ТСХ пониско од 2 или мора да е 2, 2.5 максимум? Знам дека е тоа идеална вредност но ме интересира дали и ако е пониско може да има успех?
Мене цело време ми е под 2, за забременување е подобро да е под 2, иако идеално го сметат од 2-2,5 Супер си!
Да, сум слушнала дека тоа применуваат, за да не се залепат повторно ѕидовите на матката. Јас правев во Систина и применија нешто помодерно ако добро разбрав, намачкале со некаков гел за да држи да не се слепува повторно и нема гаранции дали нема да се врати пак состојбата . Инаку да, и јас едвај да крварев при добивање, тоа е затоа што нема асален ѕид за здебелување, ако е слепен.. Како и да е, ако откриле што е маката (што е за браво), направи си што ти велат и после фрлајте се на работа
Девојќи пошто е поактивна темава и тука ќе пишам. Како ја излечивте уреаплазмата? После терапија со сумамед и вагиналети poliginax пак ја имам. Сега ми даде капсули vibramicin и истите вагиналети. Дали може да се почне со обиди за бременост или најдобро е да ја излечам прво?
За жал прво треба да се излечи, но можеби глупаво прашање, јас ете не знаев, а е најбитно, дали и партнерот исто пие антибиотици? Кај нас и тој се испита, брис, пред и по пиење на антибиотикот, за да продолжиме понатаму..
@Tinka1234 @Мишел* Треба да се излечи прво, па после обиди. Мора двајцата партнери да пијат терапија, иначе џабе само жената ќе се "клука".
Да исто и партнерот пие антибиотик. Што треба да испита тој затоа што не ми кажа матичниот ништо за него да испита?
Па не кажуваат, обично по пиење антибиотик, жената прави повторно брис дали е излечена бактеријата, но ние, за секој случај пред да си правиме на ти го дај ми го (па не дај боже пак антибиотици), не само јас, туку и мажот направи брис од уретра, па ако сме двајцата излечени, може да се продолжи без заштита.
За државно, односно Чаир, многу го фалат Илиевски, така што, кога ќе почнат пак со хистероскопии, бркај за кај него