Аа да и тоа со течна столица почна од вчера и денес. Знам секој организам е различен, но со тек на време се подобрува? Ако продолжи вака со месеци мислам дека ќе полудам.
Тежок е метформин, на сите ни е така.. Јас дури и си намалив доза, едно од 750 го кршам и го пијам сабајле и вечер со оброк. Од тоа лошење и болка во желудник еден ден испаничив дека умирам.. Инаку треба да пијам по две од 750, ама поради тоа што ми се слоши премногу кога ги почнав така си ги намалив сама ама затоа повеќе внимавам на исхрана.
Ќе се среди , нема да трае со месеци Метформинот има лоши нус појави , затоа се почнува со помалку па се зголемува дозата и потоа е се нормално од кога е организмот навикнат нус појавите се губат . Издржи
Кај мене ете не поминува. Од март сум на Глукофаж, прво почнав со 1000мг, првите 15 дена имав мека/течна столица, после се стабилизирав. За месец дена ми ја зголемија дозата на 1500 мг и од тогаш почна гадењето и губењето на апетитот + косата почна да ми паѓа последниве месец дена. Зборев со докторката ми кажа дека се тоа ми е од него и дека за жал морам да издржам и да го пијам. Имам одредени денови кога не ми е толку тешко, ама генерално апетитот ми е катастрофа. Повеќе можам да јадам лесна храна, салати, зеленчук. А месо и некои потешки јадења едвај ставам во уста. Во исто време осеќам и глад и гадење, едноставно ужас!
Оф девојки јас се крстам во тоа дека со тек на време ќе се среди, бидејќи стварно ќе полудам. Денес на два пати си пуштив некоја солза од мака што ми е. Инаку мене ми ги препиша ендокринолог заради пцос, правев огтт тест искочи океј ваљда, на гладно 5,5 по два часа 6,6. И ми рече на следна контрола за 3 месеци да и дојдам со испитан инсулин на гладно. Мене овој резултатов на гладно ми личи на горна граница ептен дека е.
Не знам кај тебе како е со симтомите на ПЦОС , но кај мене ужас се имам покачена тежина , акни , влакна на брадата , нередовна менструација . Метформинот го намалува апетитот за да се изгуби на килажа. Можеби затоа и апетитот тие катастрофа. Јас од дамна не сум го проверила инсулинот , па здравје можеби и пак ќе треба да почнам со метформин.
А со сиофор да пробаш. Јас како метформин ич не го можев. Сиофор немаа такви гастрични тегоби. Подобро ми беше со него. Иста генерика се
Тие и ги користам мислам, еве слика во прилог, ја метформин си ги викам. Ауу ако овие се најдобрите за тегоби тешко ми се пишува, значи до мене е проблемот.
Хмм, чудно. Јас повраќав од метформин и глукофаж, само од овие ми беше добро. Пријави го ова кај докторот твој, некаква друга замена да пробате, или со дозата нешто да се направи
Јас немам толку изразени симптоми на ПЦОС. Покачена тежина не сум имала, освен некои 3-4 кг што стално ги варирам ако јадам глупости. Акни немам воопшто, а влакненцата од кога пијам Спиринолактон за покачениот тестостерон речиси и да ми исчезнаа.
Баш ќе поразговарам со ендокринологот дали има опција да ми ја намали дозата. Ама не ми се верува дека ќе се согласи пошто гинекологот ми даде 1000мг, а она ми накачи на 1500мг, рече дека многу поголем ефект ќе има кога е во поголема доза.
Пак јас. Може и глупаво е прашањето, ама денес еве ме мачи цел ден стомакот и имав на бришење само кафеаво и не толку многу. Значи уште не ми е убаво пробиено. Утре кога ќе се јавам во болница за да закажам за хистероскопија, од денес или утре да сметам дека имам добиено !? Ваше мислење ?
Немам искуство, ама најдобро ако можеш да разговараш со докторот што ќе ти го прави зафатот и да му објасниш и така да одлучите кога е најдобро.
Ти благодарам @Alishan30, ќе следам ситуација уште недела дена ако не се среди ќе се консултирам со лекар обавезно. Инаку @Nithya со која доза ти беше добро тебе?
Јас го пијам ко глукофаж хп со продолжено дејство и не се нај нај ама ги навикнав или организмот ги навикна За да рачунаш циклус штом видиш свежа крв а не кафеавко а и ако е по 17ч.од утредента се рачуна но сепак јави се и исконсултирај се