Телото се спремало за овулација, ама според температурата тогаш, овулацијата не се случила од некоја причина. Бидејќи последниве денови ти е повисока, мислам дека сепак си овулирала, ама покасно. Сметај ако тоа се случило на 25-ти ден, сеуште е рано за тест.
@Bella_Stella може ќе биде глуп совет, ама ако имаш можност направи анализа само на ЛХ во ист ден (пр утре), во две различни лаборатории.
Не е воопшто глуп советот Фана, ама си викам малце да паузирам со проверки дур не отидам на преглед кај гинеколог. Живеам во помал град и не знам колку можам да им верувам на приватниве лаборатории тука.
Нормално ниво на пролактин кај небремени жени и жени што не дојат е < 25 ng/mL, вредност од 35 се смета за висока и може да го наруши репродуктивниот систем. Како инцидентен резултат не значи многу бидејќи пролактинот е осетлив хормон кој многу варира - доколку претходната вечер не си спиела како што треба, доколку периодот си била под поголемо ниво на стрес или дента на земање крв си била нервозна, доколку си била повеќе од вообичаено физички активна - се тоа може да доведе до висок резултат. Затоа се остава барем еден циклус да помине, и резултатот да се повтори. И не е точно дека само при ИВФ гинеколозите бараат да биде низок, гинеколозите препишуваат терапија при ваков резултат на пролактин, дури и кога воопшто не се планира бременост. Доколку на два или повеќе наврати се јавува висок резултат, се препорачува да се направи магнетна резонанца на хипофиза, за да исклучи постоење на микроаденом на хипофиза, кој што е најчеста причина за покачено ниво на пролактин. Обавезно консултирај се со доктор.
А поради која причина правеше хормони после овулација? Најдобро е да се консултираш со докторот кој ти издал таков упат. Јас прв пат слушам за испитување после овулација. Ако некој друг има такво искуство можеби може да ти помогне.
Има строги критериуми кога е пролактинот проблем؛ МР на Хипофиза се прави кога пролактинот е како што го објаснив погоре؛ многу често мозе да се најде аденом на Хипофиза кој е инциденталом или Хормон неактивен и тоа кај голем процент од популацијата؛ Затоа и не се дава терапија кај секое покачување но секако дека треба да се повтори؛ Тоа е ендокринолошка патологија со која секојдневно се соочуваме и успешно се лечи доколку е потребно
I kazav na ginekologot deka ovulacija mi e na 12 den, a taa mi rece ako ovie hormoni se pravat na 3ti i 13 den napravi gi . I jas mislev nema smisla posle ovulacija ama ete... i sega uste tolku ne mi e jasno.
Фала многу. Дали може после хистероскопија нареден циклус да се прави инсеминација или треба да се чека одреден период? ИВФ правеше преку фондот и ти одобрија со 3 инсеминации или правеше 4?
@Bebce1 @Bella_Stella и јас се преоптеретив многу и многу се разочарав и од сама себе што сум ваква а и од докторите. Пробав со терапија и стимулација,се напнав уште повеќе и пак ништо конкретно не добив. Пак не почнав да добивам циклус. Овој пат сум сигурна дека дефинитивно е време да се ставам малку на пауза и да пробам да намалам стрес,да не пробувам пак и пак и пак и да си правам поголеми сомнежи,да барам причини кои ги нема.. Пишував и во друга тема дека после 1 година испитав целосно хормони и секако покачени се тие хормони кај кои најмногу влијае стресот. Ќе пробам колку што можам да го намалам стресот и барем до септември да не се напнувам ни со циклус ни со бебе,а ви предлагам и вас да си дадеме малку време,па ако не бидне дотогаш,ќе почнеме пак да одиме напред по патот. Извинете што се вмешав но во иста ситуација сум,па да се утешам и јас а и вас колку толку да ви олеснам.
Јас вадев полип во април, па оставивме 2 месеци да пробаме природно бидејќи освен полипот немавме никаков проблем, сите резултати одлични и кај мене и кај мм. Јуни ја направивме првата инсеминација. После правевме преку еден месец. За ваучер поднесов 3, но искрено со врски бевме, па не нѐ вратија. Секако сите документи уредно собрани, сите испитувања направени, само што немавме 4 туку 3 инсеминации. Првото ивф во Јануари годинава - краток протокол, 2 веднаш вративме, 2 смрзнавме.
Девојки здраво. Под голем стрес сум, денес ми е 30 ден од циклус а најчесто добивам од 28-30 дена, на 31 ден дали 3-4 пати сум добила, значи многу многу ретко... Тест се уште не сум направила од страв да не е негативен и да се разочарам, многу лошо ги поднесувам тие негативните тестови, со плачки. Симптоми немам нешто посебно, на моменти ме боли малку стомак како за добивање и со страв гледам да не сум добила...Јас чисто да си ја олеснам душава, затоа пишувам.
Во право си тотално. Опсесијава со останување бремена нигде не ме води. Само си стварам стрес и притисок секојдневно и си одмагам наместо да си помагам. Се надевам дека сите ќе стигнеме успешно до целта и дека нема уште долго да го одиме патот.
Зависи, најдобро доктор ќе ти каже, мене ми рекоа дека после следен циклус можеме веќе да се обидуваме за бебе ама ние сепак почекавме 2-3 циклуси да поминат. Добив после 2 недели од хистероскопијата, точно на денот кога требаше да добијам и без да сум правела.
Девојки незнам дали е за тука прашањето ама на едната града видов пеозирни какпи,а имам добиено не е брменост вчера ми дојде.Од што може да биде??
Ве читам за овулација , сега кога останав трудна не ми била на 14ти ден. Јас сум исто со долги циклуси на 40+ дена . Последна менструација имав на 15.04 траеше 7 дена не обилна Според табелата на бета на 19ти ден после оплодување било на 25.04 , што значи јас сум овулирала отприлика на седмиот ден од менструација Така да јас мислам дека во медицината не се 2+2=4 , не ми се лутите што кажувам свое искуство тука , но сакам да ви дадам надеж дека никогаш не се знае ништо и не мора да значи дека настанувало овулација на 14 ден. @Bella_Stella сега те читам убаво со ова ПЦОС и со крварењето на средина на циклус , тоа можеби и цистите мали пукаат , кога настанува тоа доаѓа до оскудно крварење слично на овулација што е.
Можно е Бокаче, се е можно кога се нема редовни циклуси. И ти ли имаш Пцос не те разбрав? Се ќе беше поубаво да се забременуваше како на филм, ама ете не било така. Да ми кажуваше некој дека ќе се мачам вака немаше да верувам. Ама не знам, можеби животот вака решил да не направи посилни...