во недела ми се паѓа 3 ден од менстр.за испитување хормони,ама незнам дали работи клиника за гинекологија во недели? т.е. работи ли некоја лабораторија уопште?идадија можеби
Работат на гинекологија и недела. Јас еднаш бев исто за хормони и ми се падна исто недела да одам и работеа. Ајде на тие што им касни макар и еден ден земајте тестовите и да ни соопштите позитивен резултат. Знаете колку сум нестрплива
девојки ви држам среќа на сите посакувам да добиете две цртки и да ни бидете новите труднички ајде не губите верба ке биде не сте сами
Нека не ти пишуваат дата на упатот, може ли така? 100% јас бев во недела тогаш и ми земаа крв за хормони. Мада беше пред 3-4 години тоа, ама знам дека тогаш рекоа мора да работат и недела затоа што ете баш тој ден мора да дојде некој. За во ГАК лабораторијата зборам.
јас сум уште 1 недела на чекање, барајќи ги тестовите за откривање рана бременост забележав дека само уште една недела имам до добивање, инаку веќе 2 дена осеќам некои мачнини во стомакот и градите на допир ме болат, ништо друго ама бидејќи знам дека и пмс и симптомите на бременост се речиси исти ајде си велам ќе почекам уште малку
Баба рога пристигна сабајле по 3ден доцнење...нема разочарување одиме до крај,бев на гинеколог и докторката ми рече дека можеби ми доцнело од кломифенот и сега од 3ти ден почнувам пак со кломифен + утрогестан...ајде пуштам среки4ка за сите што се во исчекување да не израдуваат
Само упорност и позитивни мисли Еци - ќе биде! Слушај го гинекологот, прави како ќе ти каже, уживај си со љубениот и бебушка како порачана ќе си дојде!
Ќе си дојде Еци, ич да не ми се секираш, многу добро што си позитивна, имаш 5-ка од мене Занимавај се со некои работки, колку можеш повеќе смеј се, биди весела и опуштена и за кратко време ќе заживее нов живот во тебе!
Поминаа и 5 дена, уште нема ништо, се надевам сум имала овулација овој месец. Здравје ако не биди ништо во септември одиме оддново на детална анализа. Сега, се мислам меѓу Систина, Плодност Битола и Орханџијски Штип, ваши препораки?
Се надевам многу брзо ке станеш мама .Само сакам да те прашам зошто св.Лазар не ти е во опцииве?Ние таму почнавме да одиме сега за сега добри се резултатите паузиравме летово со испитувања така ни рече др.Ѓ Николов па се надевам ке ни даде Господ дете или деца овој месец ако не идемо даље.Задоволна сум оттаму засега ама навистна ме јаде сомнежот зошто ретко читам оти некој таму одел за испитувања и потпомогнато забременување.Имаш нешто неубаво разбрано за таму или...?
Па да ти кажам не ми текна ич за Св. Лазар, ниту за Ремедика. Не сакам да одам некаде само да ми ги трошат парите, затоа прашав каде? Немам време веќе ниту за трошење пари ниту пак време. Тука сакав да слушнам позитивни искуства од некаде.
Јас ти го препорачувам тимот во Плодност( лекари , сестри, биолози се е на место ) сите се екстра, детални и секој случај индивидуално го третираат. јас бев кај д-р Таше, сега сум кај Д-р Марија прекрасна личнот и голем стручњак Од Ремедика д-р Петановски (ама тој исто како д-р Таше повеќе е за ИВФ)
Вака,менструацијата ми е редовна ми доаѓа точно на 28 ден од месецот,претходниот месец ми дојде на 15 јули(само тогаш ми дојде на 30-ден ). Ми доцнеше цела недела купив тест за бременост(кога ми каснеше само 2 дена) бидејќи со мм имаме незаштитен однос, тестот беше негативен. Денес добив имав многу обилно крварење и јаки болки и по само неколку саати менструацијата ми престана сега немам повеќе.Некоја да не знае што би можело да биде,ќе одам секако на гинеколог но дотогаш би сакала да слушнам и други мислења/искуства.
После прекинот по само 5-6 саати повторно добив менструација....досега ова ми се нема случено се надевам дека ке добијам некој одговор.
мислам дека менструацијата ти е.. затоа што не може цел ден да течеш стално значи ќе потечеш,,, после некое време пак... ама сепак ако сметаш дека требва да посети гинеколог оди и консултирај се да не му ја мислиш.... и јас порано сум имала вака ке потечам.. па после некое време пак
честитки до новите мамички...а тие што чекат како мене во најбрзо време да си дочекат,тоа чеканјето убива......ве поздравувам сите и да не се разочаруваме како господ никој не....