Можеби е подобро прво да го средиш пролактинот па потоа да почнеш со кломифени. Само предлог, прашај ја докторката. Пролактинот спречува овулации, затоа си имала проблем да забремениш. Откако ќе го средиш, кломифен може и да не ти треба. Каква терапија ти препиша и колку?
Бромергонот по пола апче на вечер да сум ги пиеала. Ќе се бориме нема друго. Ми рече да продолжам да ги пијам апчињата,не ми рече да прекинам.
Јас пијам Цинк,Селен и Фолна,се мислаѓ дали да правам пауза со нив или да продолжам...А б12 ти е препорачано или ?
Да, Б12 по препорака го земам, оти имам големи еритроцити а на долна граница по број. Едино мислам со селенот можеш да направиш пауза ако го земаш предолго време, оти некаде читав дека е токсичен да се зема постојано, ама не ме држи за збор, изгуглај за секој случај.
Jas pijam Folna kiselina, vitamin D i Ovunorm. Povremeno vitamin C, magnezium i Cink. Dali nekoja pie Zlatna maka vo prav? Imam citano deka ja zgolemuva Plodnosta i gi regulira hormonite.
Пиев некое време ПреМама, ама ги прекинав ради тоа што имаат Јод во составот, а тоа не ми одговара за тироидната. Моментално пијам само метилирана фолна + селен (препишан од ендокринолог во точна доза заради хипо/хаши). Прв пат слушам за ова дека е токсичен. п.с. Ако некоја знае нека ми препорача некои витамини слични на ПреМама што не содржат Јод, не можам да најдам во ниедна аптека.
Што е разликата помеѓу метилирана фолна и обичната фолна киселина. Мене гинеколог ми препиша фолан од 5 мг, дали е тоа исто со фолна киселина?
Јас почнав да пијам Перуанска мака во прав и дури ја пиев редовно осетив мало подобрување,не хормонално туку имав повеќе енергија и издржливост физички,но почнав да ја заборавам и да не ја пијам редовно.Многу е добра за хормони,само треба редовно користење.
Така ми кажаа во скоро сите аптеки кај што прашав. Ама мислам дека мора да има некои, ете за вакви случаи како мене. Евентуално да земам посебно цинк, магнезиум, Ц витамин и уште нешто, не знам. Ми здосади од количината на апчиња што ги пијам дневно, сакав некои кои во 1-2 апчиња содржат се што треба. Фала ти.
Methyl Folate е биолошки активнa, природнa форма на фолат кој се користи за фундаментални функции на организмот како нормална клеточна делба и синтеза на невротрансмитери и ДНК. За разлика од редовната фолна киселина, Methyl Folate е докажано дека навлегува во крвно-мозочната бариера, каде што помага да се поддржи невролошкото здравје. Колку што знам полесно се апсорбира во организмот и дава многу подобри резултати од обичната фолна. Исто ја даваат и на жени што имаат генетски мутации. Мене гинекологот ми ја даде да ја пијам како наводно подобра опција од обичната.
Како што пишав и погоре, не ме држете за збор, некаде имам сретнато, знам бидејќи и јас пиев, а и сопругот во големи количини за подобрување на спермограмот. Селенот како микронутритиент во трагови е одличен антиоксиданс (затоа и е добар за репродукција), но во поголеми количини (не знам колкави) или подолготрајна употреба (не знам колку долго) може да биде токсичен. Штом ти е препишан од ендокринологот, сигурно е регулирано со доза, времетраење и начин на употреба. Целта ми беше дека некогаш треба да сме малку повнимателни со земањето на суплементи на своја рака (и јас го правам истото постојано), бидејќи иако станува збор за витамини и минерали не значи дека може секој да ги употребува во доза и времетраење како сака и колку сака.
Во право си ,и мултивитамини неможеш да ги земаш предолго време,мора пауза барем 1 недела пред повторно користење. Ама во нашиве случаи не е проблем,во нормални дози е и препорачливи.