Преубаво и многу точно напишано. И јас сум со хашимото, изгубив едно бебе, кај сите доктори се беше во ред, се до последниот момент кога ми рекоа дека итно треба на киретажа да одам ... значи крајно незаинтересирани и нестручни излегоа... колку да си поминеш од редот, па шо даде Господ. Значи кога има една жена проблем со тироидната уште толку треба да ја насочуваат што да испита, и кога нема проблем се праќа додуша ама вака уште повеќе оти хормоните ни се хаос и без бременоста не па со неа. Испитав генетски мутации, на едно 2000 броја свртев, се живо и диво првпат слушаше за такво испитување, исто како од Марс да паднале а не како да се здравствени работници ... јас што немам 2 минути медицинско школо имам слушнато за такво испитување ама тие шо работеа во лабораторија па и доктори првпат слушаа не знаеја каде да не пратат да испитуваме. Македонија да не ти се падне при раѓање е најдобро од старт.
И да, пролактинот е секогаш висок со тироиднава, мн ретко да се нормализира не ни знам шо не пробав и за него веќе, кренав раце. Качи 3 скали и тој се качува, допри се случајно за гради ( при бањање пример) и тој пак се качил... и си реков шо сака нека праи веќе
Јас сега редовна терапија бромергон и еутирокс и никако не ги прекинувам,секако за тероидна одам на патофиза а за пролактинот сама си одлучувам бидејќи матичната ми вика како сакаш или бромергон или достинекс. Мене хашимотото ми се појави после спонтан претходно тсх 2.7 ми беше, а ф4 10 затоа и во бреженост се проберуваат и се прима терапија.
Прв пат кога останав бремена од прва останав,на гинеколог бев само за Пап и брисеви до тогаш,но кога го имав спонтаниот,одма ме прати на испитувања првин брисеви,па потоа Генетски мутации,ХСГ,Торч и на крај хормони на годината од спонтаниот,се ми беше во ред немав никакви остапки и пролактинот беше во ред,па почнавме со обиди немаше резултат веќе 10 месеци и ми препиша Кломифен но пред да почнам да ги пијам вечерта видов дека имам исцедок од градата а сабајлето веќе се напив,веќе два дена ги пијав од кога ги земав реузлтатите од пролактинот Кломифен и кога видовме дека е покачен пролактинот веќе 5 дена пијам Бромергон.
@medena147 се согласувам со апсолутно се погоре напишано од девојките. Многу несериозно од страна на гинеколог е да даде терапија со Кломифен, да не ти објасни за што служи и како функционира, а уште полошо да не те следи на ехо после тоа. Значи не ти дава Ц витамин туку хормонска терапија за стимулирање на овулација. Недај Боже може да се деси да пораснат фоликули па да не прснат и да треба стоп инекција, не е за џабе тоа следење на ехо. За пролактинот веќе да не зборам. Ова што ти дава Кломифен на нестабилизиран Пролактин е уште поголем апсурд во целата ситуација. Да, пролактинот е хормон кој лесно се става во нормала, ама додека тоа не се случи и чавките на гранките знаат дека не смее да се стимулира овулација. Убаво ти кажа @CareTee , не дозволувај од ординацијата на гинекологот да излезеш со повеќе прашања отколку одговори. И мене ми се случувало со мојот гинеколог, ама не сум се оставала никогаш само на неговото мислење. Сите тука знаат дека да го слушав само него, ниту ќе знаев дека имам хипо/хашимото, ниту ќе ми дадеше терапија соодветна за пцос, ништо од тоа. Баш од оваа причина јас секогаш сум за тоа да си се консултирате со ендокринолог за било кој хормон. Гинеколозите не се специјалисти во таа област, имаат некое општо познавање, ама многу често знаат и да погрешат. Се надевам дека исходот ќе биде позитивен, дека ти се симнал пролактинот и дека ќе имаш позитивно искуство со Кломифенот. Но, те молам во иднина немој да земаш лек за кој што не знаеш за што служи, како точно функционира и дали ти е даден во соодветен момент.
Ма интересно е што различни ендокринолози за пролактинот имаат различен став. Јас кога бев кај ендокринолог со пролактин 60 а откако добив ужасни нус појави од терапијата препишана од гинеколог ми рече дека немало потреба од терапија затоа што сум имала редовни циклуси и требало само да се следи да не се качува или предизвика симптоми. Иако членката имала симптом (исцедок од градите) и во тој случај претпоставувам различен совет би добила. Јас пиев достинекс месец и пол, го спуштив и сега после 6 месеци од терапијата ми е 8 и не се крева. Многу без везе е што сме во ситуација да читаме по форуми за да се информираме и знаеме што да прашаме или какво испитување да побараме наместо сето тоа доктор да го прави. Мојата матична е како со multiple personality disorder, на истите резултати во 3 дена разлика ми вика не ми е јасно зашто не остануваш природно бремена, а следен пат мораш одма на ин витро немаш време за чекање. На истите резултати во размак од 3 дена. Ме полуде. Среќа што кај неа идам само за брисеви и пап иначе ќе ја убиев.
Абе Бог да чува. Јас не знам како може да се толку незаинтересирани и баш како да се биполарни, еднаш едно понашање, следниот пат сосема друго. Јас чим не го убив мојот кога ми рече 'не можам сега да те прегледувам имам капки ставено', значи нема да го убијам. Мислам дека цела крв од телото ми се качи во глава во тој момент и ми се идеше да го залепам еден шамар да му се познаат и капки и се, ама се воздржав некако среќа. Тоа е тоа, сам ако не се заангажираш ништо не си направил. Треба да ги молиш за да ти објаснат основни работи. Мислам до сега да имав едно ехо дома, сама подобро ќе се прегледував него он што ме прегледува. Некогаш е ептен темелен со прегледот, некогаш збор од уста не му се вади. Епа извини ама професијата не ти дозволува да си го рефлектираш врз неа моменталното расположение.
видете пролактинот покачен е состпјба која не е за занемарување и за нетретирање , се што е над граница се валидира како покачено и дисбаланс , може да ги поремети сите други хормони и моето искуство прво со покачен пролактин ми беше објаснето дека доколку не се третира навреме може да остави трајни последици и да доведе до слепило .... се лачи од регион во мозокот кој се вика sella turcica , доколку има индикација се прави покрај регуларна контрола со хормони и ренген на главата и магнетна резонанца , јас кај два гинеколози имам појавено повисок пролактин и тоа не повеќе од 30 последниот пат и со двата гинеколози поминав низ истите испитувања со едниот + ренген , а другиот си побара магнетна , а не ми бил многу висок пролактинот и сум била само два пати по неколку месеци на терапија ... гледам вие и со повисоки резултати не спомнувате снимања на глава , незнам што било поразлично кај мене
Мене ми е пролактинот 24 на табела со референтна вредност дека до 25 е нормално. Значи на горна граница ми е. Пијам веќе еден месец,1/4 бромергон дневно. Ако го измерам сега пак, ќе покаже разлика? Или да почекам повеќе од еден месец за проверка?
Се согласувам, покачениот пролактин е индикатор за да се направи магнетна и да се провери функцијата на хипофизата. Не зборам за резултат под 20, се што е блиску до горна или над горна граница си бара дополнително внимание и проверка.
Мене ми е 35 па ми препиша 1/4 на недела, не знам зошто толку малку. Плус по моја иницијатива вика од стрес ти е не мора терапија, од короната сега..... После месец дека да сум го проверила и тогаш ќе ми следел фоликули.
Јас бев во процес на ин витро и може затоа толкава доза - за побрзо да го спуштам. Ама еве неуспешно ми беше па ми кажаа да продолжам така да го пијам.
Ти се дивам на нервите и смиреноста што си ја имала. Јас ќе го тепав најозбилно На тема пролактин, предходниот месец од што немав попаметна работа отидов да испитувам пак хормони. Пролактинот 32 испадна. Предходно 10 ми беше. Докториве хаосот од хормони ми го препишаа на акумулиран стрес, па сега чекам да добијам и да идам пак да ги испитам за да видиме дали се стабилизирало нешто или сум за терапија.
Баш истово го напишав пред некое време, сум со многу слично искуство. Висок пролактин, поготово на неколку мерења не е ствар за занемарување и мора да се третира или бар да се доиспита зашто сити други репродуктивни хормони може да ги доведе до дисбаланс. И јас бев на магнетна со вредност 35.5 на две мерења. После тоа самиот без терапија падна на 15, и сепак испадна дека е од стрес ама докторот беше спремен достинекс да ми даде, рече ајде сепак уште еднаш да испитаме кога испадна дека не е микроаденом во прашање. Да не сме кај истиот гинеколог случајно?
Да, точно, има студии што покажуваат дека мио-инозитол поготово во комбинација со d-chiro inositol дава подобри резултати дури од метформин. Мене за инсулинот ми е препишан само магнезиум во голема доза плус што пијам Витамин Д+К поради недостаток и Имприл за мутациите, ама планирам да си нарачам и мио-инозитол од iHerb и да пијам 2г. Доктори што се повеќе информирани и повеќе пратат даваат инозитол за инсулинска резистенција, метформинот е веќе застарена терапија иако е ефикасна. Мене ми се HOMA - insulin resistance вредностите во нормала, инсулинот е само на третото мерење многу висок, може поради тоа не ми дале метформин ниту инозитол, а и најверојатно дека имам редовни менструации/овулации. Да сум на твое место, ќе пробам со инофолик комби.
Каде и што ќе ми предложите да испитам во врска со инсулин? До сега имам пиено овунорм без да проверам било што. Инаку имам инверзен сооднос на фсх и лх а не ми дијагностицирале пцос.
52 ден од киретажата , јас сеуште немам добиено Пред една недела имав менструални болки си реков конечно ми дојде и ништо . Искрено се плашам да не ми се влошиле јајниците после оваа бременост , не сакам да добивам со хормонски апчиња До кога да чекам , па да одам на доктор ?
Мислам дека не е лошо да одиш да те видат на ехо. Така ќе знаеш во која фаза си по дебелина на ендометриум и дали евентуално би добила во скоро. Па ќе ти каже докторот која е најпаметна опција.