Дали ќе чекате природно да зачните или "вештачки" како што кажаа погоре е само ваша желба и ништо друго. Колкусте спремни да чекате за бебе е прашањето,а теоријата,штом се е во ред ќе си бидне природно ќе ви ја побијам јас со тоа што кај нас се е во ред ама не бидна ни со ин витро,4 год обиди,мене ако ме прашате мислам дека и многу чекавме,премногу. Од друга страна знам парови што имале проблем ама биднала работата природно. Нема правила,водете се од вашите желби и планови.
Многу добро кажано, браво. Сакам да ти посакам што побрзо остварување на желбите, да си ги видиш || цртки. Господ е голем еден ден ќе не смилува сите нас и ќе ни ги исполни желбите, само трпение и надеж.
Со упат од матичен гинеколог моментално само на Клиничка биохемија ако начекаш реагенси да има. Во приватниве лаборатории е 3500-4500 денари. @LunaGrey лајкот е за поддршка за побрзо да собереш сили да си го земеш да расте во меше
Девојки ова ми е резултатот од ПАП, ме викна гинекологот да ми земат брис за бактериска вагиноза, чекам резултати во понеделник. Кажете ми во меѓувреме колку може да биде сериозно ова? Читам на интернет ама сакам да видам ваши искуства. До сега секогаш ми биле чисти сите брисеви, ама нели уште ова ми фали дека малку ми се проблеми.
Пиј пробиптик, ставај ацидосалус вагиналети. Паднат ти е имунитетот намалени ти се добрите бактерии. Не е страшно.
Бактериската вагиноза најчесто се јавува при пад на имунитет, хормонален статус. Голем процент од жените имаат вагиноза, тое е индикатор за хламидија и гонореа затоа ти рекол др.да направиш брисеви. Предноста кај вагинозата е тоа што не се пренесува на партнерот како што се другите бактерии затоа не мора и тој да прима терапија.
Бактериска вагиноза се решава со десетдневна терапија со флажил (метронидазол) вагиналети во комбинација со таблети за орална употреба. Ваљда докторот чека да се потврди наодот па да ти даде рецепт дека поинаку не можеш да ги купиш, антибиотици се.
Може не ни има...Обично пишуваат ОТСУСТВО НА ПРИРОДНА МИКЛОФЛОРА. Ама тука пишале во прилог, дека може да се развие вагиноза. Малку глупаво напишано. На пап вагиноза не може да се види. Како и да е @Bella_Stella се решава не се секирај. Направи си комплет брисеви не само за вагиноза кога идеш веќе, нека ти земат и за кламидија, уреаплазма...
Правев брисеви во јуни и чисти ми беа. (Слика во прилог) Сега ми земаа брис само за вагиноза и ми кажаа дека ако има бактерија таму одма тестирале на кој лек реагира и така ќе ми даделе соодветна терапија. Докторот дури ми рече не мора да ти зимаме, пошто кај други вака што пишувало на Пап, после брисот испаднал негативен. Ама јас инсистирав да ми земат пак, не можам да се водам по тие други.
Направи си брисеви за мирна глава. Ќе знаеш со сигурност барем. Јас резултативе од ПАП со резерва ги земам. Во последниве 2 години не знам ни јас веќе колку ПАП-а имам направено, резултатите се со широк спектар на дијагнози, од нормален до ептен ненормален. А константно имам ЦИН1 потврден два пати со биопсија. Па сеа види...
Мене на брис од цервикс ми е најдена Ешерихија. Затоа ми е многу страв да не ми е направила воспаление на тубитеЕве уште имам болки на долниот дел од стомакот ама треба и да добијам деновиве
Моја другарка има Ешерихија и знам дека е многу досадна, ја лечи и стално и се враќа. Се надевам дека ако имам бактериска вагиноза не е уште една од причините што ми прави проблем да забременам. Како сите проблеми да се собрале и дошле кај мене, аман веќе!
Ќе видиме што ќе покаже резултатот во понеделник. И јас не знам веќе во што да верувам. И не ми е јасно како може доктор да вика нема потреба од брис, кога ете има индикации за вагиноза. Јас почнав на своја рака да се мијам со камилица и сода и да ставам Pro Balans Lady вагиналети за подобрување на микрофлората, сестрата на гинекологот ми рече ако, добро правиш.