За докторот што не можеше да те прегледа бидејќи капки си ставил правиме муабет ли? Ако е тој, што да кажам повеќе
Добро правиш, ако немаш мака не треба друго, само вака да ја јачаш флората. Добри се вагиналетите што си ги земала, јас сите ги имам користено, ама Lactogyn ми се најефективни, пробај ако не си.
Lactogyn i kaj mene se pokazaa kako najdobri,koristev i lactogyn kapsuli. @Bella_Stella moze da probash so niv za reguliranje na mikroflorata
Девојќи еве ме мене пак. Ја излечив уреаплазмата конечно после 3 терапии со прекин од 2 недели измеѓу но сега имам кламидија најверојатно од антибиотикот ми рече матичниот и ми даде само вагиналети полигинакс. Дали е опасна и дали ќе се излечи лесно затоа што не ми рече да повториме брисеви туку кога ќе добијам да му се јавам за да ми каже од кога да мериме фоликули за забременување?
Кламидија не се добива од антибиотици. Кламидијата е најопасна од сите. Долго време ако ја оставиш и не ја лечиш- ги запушува јајцеводите. Не смееш да пробуваш да забремениш додека имаш инфекција. Не знам каков е тој гинеколог што така ти рекол.
Тој. Се испостави дека само на првиот преглед кога се запишав кај него беше коректен, сега е идиот невиден. Ќе одам кај него само за брисеви и рецепти, секако од четврток ќе почнам со консултации кај др Снежана Стојковска, он нека крши глава. Ќе ги послушам советите што ми ги дадовте. Фала ви на сите.
А зошто толку голем временски период за пап тест? После еден месец си ги земала резултатите. Јас кај матичната само упати зимам за хормоните, другото се сум по приватни...
Се чека месец дена резултат од ПАП пошто ги праќаат во друг град, нема овдека кај нас, не испитуваат. Инаку примерокот за ПАП ми е земен во ист ден со брисевите што се чисти, ама нив тука ги испитуваат и резултати има одма.
@Bebce1 Сите папови од сите градови се носат во ск и се испитуваат во државна. Затоа се чека толку ако го правиш преку матичен.И да си од скопје пак се чека по месец. А и често се неточни резултатите. Затоа јас секогаш си правам пап на приватно, 1200 ден годишно да дадам не е многу и сум раат.
Никогаш не ми текнала оваа опција, ама паметно правиш. Со години правам ПАП на државно нон стоп и ова е прв пат да имам вакви индикации. Можеби е точно не знам, ама може и да не е со оглед на нашето здравство.
Јас кај што идам на гинеколог на приватно, докторката има работено на клиника со години пред да работи приватно и она ми кажа- Испитувај се државно само немој папот, папот секогаш во приватна лабораторија. И ми се врежа во глава некако тоа
Од последниве 4 ПАП-а два пратив државно, два приватно, наизменично. Сите без врска беа. Овие од државно еден излезе АСКУС, другиот чист, а овие од приватно едниот инфламација другиот Цин2/3 поради што пак завршив на биопсија. Крајот не можам да им го најдам Фала им на овие од клиника за чистиот ПАП, па тој си го приложив во документите за ваучерот
Моиве се смешка жива ама ај, битно редовно ги правам, за украс @Bella_Stella штом брисевите си ги правела во исти ден со ПАП-от сигурна сум дека нема ништо.
Се надевам дека е така, мада што имам некои симптоми што читам дека се типични за вагиноза. Често ми се оди во мало вц, имам мала количина на исцедок со не прејак, ама некако нетипичен мирис. Ќе видиме што ќе излезе.