Супер доктор, не збори многу ама си прегледува се што треба и ако недајбоже има нешто ти кажува ако не си кажува се е во ред и толку. Ако го прашаш нешто се ќе ти објасни убаво и културно, ако смета дека нешто треба да се објасни сам ти кажува што како. Мене мн ми се свиѓа како работи, безпотребни паники никако не прави што ми е многу битно
Не сум останала досега, ама не беше до овулацијата или бројот на фоликули. Баш ми е жал за твојата загуба. Ти посакувам поскоро 2 црти и успешно до крај
И јас имав полип, мораше да се извади зошто шансите за забременување беа многу мали. Доколку не го извадев, докторот ми рече може да предизвика спонтан. Најдобро би било да го извадиш
Девојки, дали некој може да сподели искуство со фолекул кој не прснал за време на овулација него прераснал во циста. Што се случува со почетокот на следниот циклус? Дали ви дошла менструација на време, ви доцнело или воопшто не сте добиле? Јас се сомневам дека ми се случило тоа месецов зашто треба да добијам за 2 дена а немам ниеден од симптомите за добивање што ми се константни како швајцарски саат и ми е многу невообичаено.
Многу често се случува да не прснат мила, може и по 4,5 пати во годината. Барем така ми кажа мене гинекологот мој. Мислам дека и мене не ми прскаат секогаш, а имам и циклуси кога немам овулација(ановулаторни), и тоа се случува барем два циклуса во годината, па пак редовно си имам менструација ко швајцарски саат.
Мене ми доаѓал циклусот навреме и кога сум имала перзистентен фоликул. Обично наредниот циклус ми бил пообилен и поболен, и тогаш пукале.
Мене ми се случи на предпоследниот циклус на 21ви ден од циклус да имам фоликул од 23мм, очекував овулација, но на 23ти ден добив циклус, доста обилен. Никогаш не добив објаснување од гинеколог, но моја претпоставка е дека прераснал во циста и пукнал, не знам може сум грешка, ама така некако ми е логично.
Штом ПАП-от и брисевите ти биле на исти ден, немаше што да се секираш, ама ај колку да се дешава нешто, не може без секирации да се помине Јас па да не останам покусо пак си проверував хормони. Ми рекоа само пролактинот, ама јас сите си ги проверив
Епа и јас како тебе направив на последниот циклус и само се исстресирав зошто ЛХ ми беше високо, а организмот сеуште не ми е стабилизиран и циклусите не ми се тоа што треба да бидат, па којзнае дали резултатот е веродостоен. Мене ме искара докторката да не претерувам со толку чести проверки, и во право е... Се надевам мила.
И со мене се караат и си знам дека се во право ама јас да си истерам моето Маж ми рече ќе ми забранел влез на клиника
@monik55 како се викаше испитивањето хромозомски што ги правеше за генетика пред да останеш со малиов бремена? Кариограм или нешто друго?