Нема терапија. Кариорип се прави кај двајцата. Ако недај боже има некое поклапање ( не знам баш точно да објаснам) тогаш за жал, нема никаква терапија. За мутации има , клексан и метил фолат. Мони не е имала проблем со кариотипот. Мислам само некој митиран ген/гени е имала. Ама тоа е честа појава
Аа чекај ти збориш за мутациите. Јас имав мутиран ген хетерозиготен. 3 месеци пред бременост пиев метилирана фолна и аспирин,после во бременост од 17 недела клексани примав а до 32 аспирин.
Најдени се Антинуклеидни анти тела - Ана лесно покачени. Има проблем со исфрлање на плодот. Значи останува бремена и потоа на 15ти ден заминува плодот. Како антитела да го напаѓаат нон стоп. Три спонтани досега.
Хахахах мене мојот ме зеза, вика не знам тие од болница како до сега не залепија на врата еден лист дека си persona non grata.
Мила мене ми се случи во ноември, тогаш правев ПАП,брисеви,ехо пред да почнеме со обиди за бебче и имав перзистентен фоликул, толку се исплашив и почнав да се опседнувам дека немам овулација а најверојатно тоа беше само во мојата глава. Инаку следниот циклус ми дојде 3-4 дена порано(невообичаено за мене) а во поглед на циклусот мислам дека нормален ми беше, како и секогаш.
@Veki4kaa мислам дека имаше два или три спонтани. Ја паметам нејзината приказна дека требаше да праќаат ембрион во Турција на испитување доколку одат со ин витро.
Таа имаше еден хромозом помалку,за тоа нема лек,доколку има спонтани заради хромозомска неправилност,се оди со ин витро и PGD на ембрионите им се прави пред трансфер,кај нас го нема тоа. Инаку тоа е лотарија,може да се зачне и добар плод без никакви проблеми.
Ако антинуклеарните антитела се покачени, треба да се направат дополнителни испитувања каде што истите ќе се расчленат и со тоа ќе се дојде до сознание дали станува збор за некакво автоимуно заболување како ревматоиден артритис, системски лупус, Сјогрен синдром и слични кои обично даваат позитивен резултат на АНА. Од дијагнозата понатаму зависи и терапијата.
Oва испитување го прават на трансфузиологија и имунологија. Повеќето сме го правеле на имунологија. Кажува дека телото има автоимуни реакции. Јас имам автоимуни болести но конкретно овие антитела ми беа во нормала. Докторот прво тоа ми го провери од резултатите и кажа дека е добро што антителата се во нормала, а другите генетски испитувања се помалку проблематични. Не го прашував за терапии затоа што ги немав и не се заинтересирав. Претпоставувам дека со кортико би можело нешто да се направи, но само претпоставка. Нека го побара доктор Петличковски на Имунологија ако е од МК, на повеќето тој ни објаснувал резултати. И да намалува инфламација во телото преку исхрана. Исто, пребарај на форумов членки со лупус и контактирај ги. Мислам дека кај нив се покачени овие антитела.
Не знам детално, одамна читав, ја означив, можеби ке може да помогне. Знам сега дека има бебенце, значи приказната завршува среќно.
Мило ми е за убавата вест,супер полека полека ќе се средуваат работите. Инаку јас денес 43 ден од последен циклус,симптоми никакви за добивање. Планирам да оставам да видам што ќе биде ,до кога нема да добијам.
Фала ти Curly, се надевам дека ќе дојде крајот на маките во скоро време. Ти не можеш ли да отидеш на еден ехо преглед да те ѕирнат?
Па искрено не ми се ризикува,пред скоро време во ординацијата имаше случаи на ковид 19,и незнам сега како е ситуација. А приватен доктор немам во близина...
Добро тоа е веќе друга ситуација. Почекај уште некое време па ако евентуално не добиеш можеш негде и на приватно да отидеш. Тест си правела ли?
Па незнам дали малку да го оставам организмот без хормонска терапија ,да видам дали ќе добијам и на колку дена.Ако одам на гинеколог е истото освен бременост или дабростон или примолут за провоцирање циклус и се така во круг...
Те разбирам, ама поради тоа што кај нас со нередовни циклуси никогаш ништо не се знае, мислам дека треба да направиш еден тест, чисто да знаеш на што си. Можеби ќе се изненадиш.