Девојки денес имам страшни болки во долниот дел на стомакот бев на брза помош ми дадоја само Б6 и магнезиум и брусница да пијам ми се намалија ама не скроз сеуште ме боли за 10 дена треба да добијам.
Дали е можно да е овулација? Бидејќи беше стимулирана со кломифен, доколку дошло до создавање на многу фоликули и сега прснале знае да боли. Затоа збориме дека секогаш со кломифен мора паралелно следење на ехо.
@FreeMind Да така е, кај мене е кариотипот проблем, а ова АНА мислам го испитував и беше во ред, јас веќе имам бебче по природен пат, и искрено рано ми е за второ ама веќе ме страв како ќе биде дали ќе имам пак абортуси.
Да од овулвација е беа прснати фолекулите денес бев на гинеколог.Се надевам со позитивен резултат. Фала ви многу.
Каде го вадеше полипот? Јас треба да правам хистероскопија за вадење на полип ама некако многу ми е страв. Дали може да споделиш искуство за целата процедура. Фала
Полипот беше голем колку портокал мораше да се отстрани со киретажа,со целосна анестезија. Не беше ништо страшно целиот зафат трае околу 30минути.Се правев во државна, потоа ми дадоа терапија цикло прогинова. Ми кажаа 3месеци да се пазам, да не останам бремена и отпосле да пробуваме. Отогаш поминаа 6месеци и никако сеуште да се фати.
Девојки, денес ми е 18ти ден од циклус. Синоќе дур бевме излезени ме здоболеа јајници, особено десниот, ама дур се вративме се намали ептен. Сабајле кога станав гледам крв на секојдневната. Е сега, имавме малце по див секс или како да го наречам хахах и се прашувам дали може од тоа да ми пукнала некоја циста, дали е овулација или што е. И се случило ли на некоја од вас нешто слично? И моментално осеќам некој слаб притисок доле ниско во јајниците. Се надевам дека до утре ќе прекине пошто сум на преглед.
Си ги земав резултатите од хормоните. Катастрофа. Пролактин 39, ТСХ 3,9. Не знам што се случи со моиве хормони, се пореметија скроз. Во: феб; јуни; јули; август PRL 12.8; 10; 32; 39 TSH 2.1; 2.0; 2.7; 3.9 Andro. 3.0; 3.1; 4.4; 5.0 (граница до 3,5) LH стандард високо (8-9) Не знам што да кажам веќе.
И мене понекогаш ме болат јајниците од по див секс но за кратко време поминува, а не ми се случило да ми протече крв. Со оглед дека ти е 18 ден од циклус можно е и да е овулација, но со овие наши полицистични јајници никогаш не се знае. Убаво е што си на преглед утре па гинекологот ќе види што може да е. Ти пуштам среќа да е овулација па да не израдуваш со позитивен тест за брзо.
Дај Боже да е така како што викаш мила. мене за време на oдносот не ме болеа јајници или па немам заприметено. Пред тоа само осетив остра болка во десниот јајник и после се намали. И еве и сега ме наболува истиот, ама таква некоја тапа болка. Не знам како изгледа тоа овулациско крварење и дали воопшто е нешто такво или пак пукнала циста или е нешто сосема трето. Се надевам дека утре ќе може да ме прегледа докторката, па ќе видам што ќе излезе.
Јас имав овулациско крврење тоа е розово и како конци помешано еднаш имав само еден ден,а еднаш имав 2 дена.А за болки јас имав страшни болки пред некој ден од десниот јаник и цела матка ме болеше завршив на брза помош од силни болки.
Јас немам конци, имам само розевкасто-црвено, на влошка неколку капки и на бришење. Од сабајлево почна и нема престанато, а интензитетот му е ист цело време. Десниот јајник ме боли, тапа е болката некако, не е како вчера јака.
И мене ми продолжи да ме боли исто така само не такви болки минимални.Мислам дека ти од овулација.Ти држам среќа се надевам ќе имаме успех.
Оф, камо среќа да си во право и да се израдуваме и двете месецов. А кажи ми, ти кога беше на преглед имаше ли крварење и како те прегледаа? Јас утре треба да одам, не знам дали може да ме прегледа докторката со вакво оскудно крварење.
Сега кога имав болки немав крварење,само болки ми беа,вагинален преглед имав и виде дека се пукнати фоликулите биле 3.
Јас имав болка во левиот јајник како да ме прободи некој, дури и ме разбуди, точно неколку дена после овулација и мислам дека тоа беше моменот кога се фати бебето. Се надевам дека и кај тебе е тоа