јас поминав две биохемиски со 4+6 и 5+2 недели , со јаки болки два три позитивни тестови и чистење само со регуларен циклус .... е сега заради ПЦОС мене ми рече гинекологот чим се закачува бебече не скокај циклус и ние така направивме февруари- биохемиска, март - биохемиска , а април се закачи убавко јуначе и еве тераме 20 та недела , за испитување е ОК да направиш ама како што кажа си била со некои 5 до 6 дена задоцнет циклус и си прикрварела за што претежно не бараат да се стагнира два или три месеци ... тоа евентуално после киретажа за да се стабилизира матката и да зацели .... далеку од роа ако природно си се исчистила дека сега односи би можеле да предизвикаат инфекција, односи може , а ако си решена да се пазите пазете се два месеци .... мене реално и искрено после 18 месеци пробувањебаш тој момент ми беше позитивен и ми даде мотивација бидејки е доказ дека сте ОК и ти и сопругот значи ќе се гали меше во скоро време
И јас така сакав да направам. Одма да пробаме за втор обид. Но, докторкава ми вели 5 пати немој да пробувате. И сега не знам.
како ти рекла така прави , можеби сака да направи испитување прво и подобро е така , ќе се стрпите месец два
Моја другарка имаше спонтан во 5+ недела. Се исчисти вака како тебе природно. Докторот им кажал да се чуваат 3 месеци ама они не се чуваа и одма на следен месец забремени и си истера супер бременост. Еве го бебе 3 месеци наполни некни. Твоја одлука е, ама мислам дека лекарите повеќе го кажуваат тоа ради протокол. Веќе во подоцна недела ако има спонтан и ако се прави киретажа тогаш си треба задолжителна пауза. Мада што и за тоа имам пример. Друга другарка сега во февруари имаше киретажа, се пазеа па на следниот циклус забремени од предсемена. Зборот ми е, нема правила. Слушај си го докторот ама и инстинктот. И да, чим еднаш биднало, ќе биде и втор пат и ќе си го добиете најубавото rainbow бебенце.
Здраво девојки! Дали поради терапија со бромергон и антибиотици може д ми доцни циклусот? Имала некоја такво искуство?
антибиотик може да предизвика доцнење на циклус , е сега бромергонот кај мене го регулираше циклусот и предизвикуваше убави овулации и редовно на 29 дена ми доаѓаше , со синко претпоставивме дека така сум останала бремена , во само упатсво пишува доколку не планирате бременост да имате заштитени односи додека сте на терапија со бромергон ..... ако се пазите тогаш е антибиотикот , ако не може да е бременост
Да, се обидуваме веќе долго време, ама не ми се верува дека е од бромергонот затоа што скоро започнав со терапијата. Сигурно е од антибиотикот......
Никогаш не се знае. Викаат дека баш кога најмалку очекуваш тогаш се случува. Направи си тест и чекаме да не израдуваш со убава вест.
види јас ја одбив ќерка ми од доење ,после неа сакавме бебче второ ама не се фаќаше , ми се појави млеко после една година од одбивање и почнав со бромергон за да ми сопре лактацијава , не се ни сеќавам дали беше на пола циклус почнато со таблетиве или порано , една доза испив и немав циклус после тоа , веќе на две скоро три недели доцнење на циклус ехо ми правеа две докторки викаат нема бременост и примолут нор ми даде да пијам ама осеќав нешто не е во ред , сабајлето пред да ги почнам таблетките за секој случај направив тест и излезе позитивен , ама ти викам ние скоро година дена интензивно пробувавме и цинк пиев тој период и мм пиеше ама гинекологов рече можно е бромергонот да поттикнал овулација ти стискам палци
Фала ти многу на одговорот. Ќе размислам секако како ќе биде. Можеби ќе прескокнам еден циклус само. Ама секако треба да ги видам прво и резултатите од хормони. Моментално немам симптоми никакви. Ама би требало овулација да имам за една недела. Фала и на позитивната страна дека наредна бременост ќе биде Виножито бебе Иако немам забременето веќе си нарачав шпикозни со виножито. Само дај Боже да биде! Нема поголема среќа за мене од таа!
Нема на што. Пробај само да останеш позитивна и биди сигурна дека чим еднаш си забременила, ќе биде пак. Инаку така ги викаат бебенцата родени после спонтан, rainbow babies, бидејќи се убави како виножито после дожд.
Ми пробива ништо од надеждите за овој месец Фала ти, повеќе среќа наредниот пат. Можеби ќе ми биде од корист бромергонот овој месец...
Здраво, имам уште 10 дена до не добивање, и еве сега ме разбуди силна болка во левиот јајник, денес осеќав така малку тапа болка но оваа сега е остра, искрено и ме плаши да не е вонматрична бременост, но овулација ми беше пред една недела.
Јас не знам што ми се дешава со циклусов. Ајде ок се помирив дека добив,денес ми се води како 4ти ден, а мене од вчера ни крв на улошка ни ништо. Ставена улошка вчера кај 4h на секој саат проверував празна.Еве и сега се будам очекувам wow а уствари улошка празна. Искуство некој? Се нервирам ем сакаме бебе ем циклусов вака ме подјебава..
И кај мене овој месец и претходниот беше пооскудна за разлика од претходно. Обично ми трае 5 дена а овој и минатиот месец ми траеше 4 дена. Разговарав со гинекологот рече дека е нормално. Исто се обидуваме и ние веќе 6ти месец, и незнам дали од што обрнуваме многу внимание па се нешто чудно ни се случува, за разлика од предтоа кога може исто вака да било ама не сме забележувале толку. Не се секирај, кога ќе ти заврши отиди на гинеколог чисто да се смириш и кажи ја ситуацијава, макар што мислам дека нема место за паника.
Истото ми се дешава и на мене во моментов. Дури денес ми проби како што треба. Дури и на докторот му се јавив вчера од паника и ми рече немој да пиеш аналгин за да пробие туку остај самото ако не ми рече утре ке отвори иако е на одмор ама нема потреба да одам затоа што сега ми проби.