Здраво Феминки. Дали некоја од вас во последно време испитувала АМХ? Ме интересира дали се испитува државно или само на приватно може да се испита и колку е цена? Фала
Само што пишав во друга тема. На државно може да испита на Клиничка биохемија, 250 ден. Само јави се прашај дали имаат моментално реагенси. Во јули имаа.
Фала за одговорот. А дали се испитува на 2-3 ден од циклус како другите хормони или може во кој било ден од циклус?
Јас испитував во Хемолаб дека тогаш на Клиничка биохемија немаа реагенси и цената е 3500 ден. Пакет AMH и IGF-1 е ми се чини 5000 ден.
IGF-1 (insulin growth factor) е индикатор за фоликулите и нивното созревање, а честопати се проверува во комбинација со АМХ за да се добие многу јасна и прецизна слика за преостанатите оваријални резерви и одговорот на јајниците во процесот на стимулација (доколку се прави инсеминација или ин витро). Доколку немаш контролирани и стимулирани циклуси, доволно е да провериш само ниво на АМХ.
Здраво девојки, нова сум на форумот ...Пробуваме веќе две години со мм за забременување но безуспешно ..Проверував хормони и имам проблем со пролактинот па пијам апчиња бромергон пола сабајле пола вечер, исто така и со тироидната и ми даде апчиња ендокринологот еутирокс од 25 , а докторкава се чудеше дека на овие резултати пијам апчиња ... по месец два и по испиени две дози и од еутироксот и бромергонот испитав пак и овие се резултатите пред и потоа . Додека ги посетам што мислите дали треба да продолжам да ги пијам? И дали се добри резултатите за толку испиени дози? Колку треба да биди нормално за забременување? Ви благодарам и извинете за долгиот пост .
Обавезно да продолжиш. Tsh е идеално помеѓу 1 и 2. Пролактин најдобро некаде на средина на референтни вредности треба да биде. И кога ќе забремениш ќе продолжиш да ги пиеш двете.(бромергон до кај 13та недела, а еутирокс дури и се зголемува доза согласно резултати) Не се плаши од апчиња битна е крајната цел.
Апсолутно треба да продолжиш. Кога ќе се видите со докторите, можи и да ти ја зголемат дозата. Не е страшно, се средува.
Дефинитивно да продолжиш да си ги пиеш, то ест ние тука можеме да си кажеме само наше мислење и искуство, ама докторот треба да си го слушаш во врска со терапијата. Тсх треба да се спушти уште малку, а пролактинот сега ти е добар, ама тоа не значи дека треба да ги прекинеш апчињата. Како ќе каже докторот, така ќе правиш и се ќе биде во ред. Јас лично сум на терапија со Еутирокс и од следен месец ќе бидам стимулирана со Кломифен. На последна контрола пред неполн месец ТСХ ми беше 1.97, ама поради тоа што сега активно ќе се обидуваме за бебе, вчера баш се слушнав со докторката и ми рече пред да го почнам Кломифенот, пожелно е да проверам ТСХ и пролактин за ако треба евентуално да направи некоја промена во терапијата.
Се надевам пред да почнеш со стимулации сте провериле проодност на јајцеводи и спермограм. Кломифемот не е наивен воопшто и треба се да се провери пред да се користи, да не биде за џабе употребата. Среќно
Спермограм да (супер е), проодност не. И мене ми е малку шубе да пијам Кломифен без хсг, ама бидејќи до сега воопшто немав овулации докторката вика немам како да се посомневам во проодноста и ради тоа не проверувам сега. Свесна сум дека не е наивен лек Кломифенот и затоа ако недај Боже не биде од прво стимулирање секако следно ќе биде проверка на проодност. Фала ти.
Јас решив и покрај препорака на доктор да почекам 2 месеци, да не чекам и да се обидеме уште одма. Инаку имав биохемиска бременост во 4+5 дена. тоа беше пред 2 недели. Моментално имам симптоми на овулација и мислам да пробам уште сега. На интернетов се изначитав приказни за тоа дека после биохемиска бременост не се чека и дека се пробува одма. И дека веројатноста за успешна бременост е висока. Пиев Утрогестан но и покрај тоа имав спонтан абортус. Сакам да верувам дека сето тоа беше поради лош тајминг и еноставно се случи. По 1 недела секако ќе одам за брисеви и крв испитување, но до тогаш веќе работата би била завршена Го молам Бога за чудо! Се надевам ќе видам 2 цртки и дека овој пат ќе се закачи убаво
Резултатите ти се идеални за бременост. Јас сум во иста ситуација, само што по 1 месец со истата терапија тсх ми е 60, а пролактинот 20.
Здраво девојки .. ве молам да ми кажете дали сте правеле HSG, која е процедурата? И дали знаете во која од приватните клиники можам да направам и нормално како се цените?
Можеш во систина, плодност сигурно. Јас правев во плодност битола 6000 без анестезија 9000 со. Не сум сигурна мислам дека околу 10 ден од менструација се прави и трае 5 минути, ништо страшно јас бев со анестезија како само делумна ама беше доста јака а осетив кратко болка околу 10 секунди проодни ми се каналите.Кога би одела повторно не би ги платила тие 3000 мкд.