Zdravo. Moze li da mi pises lp. Jas probav da ti pisam ama ne moze.sakam da te prasam nesto okolu cistata. I kaj mene se somnevaat deka e takva. Mn sum isplasena
Баш ми е жал што минуваш низ сето тоа, но од целиот хаос ќе излезеш уште посилна, сигурна сум. Што се однесува до обидите, не знам што да ти кажам, а претпоставувам не знаат ни другите... Ете кога веќе имаш нов гинеколог кој е заангажиран, можеш со него да разговараш и да го прашаш што мисли, сепак е медицинско лице. Се надевам и ти посакувам што поскоро да се средат проблемите и да галиш меше конечно.
Фала ти мила се надевам дека ќе биде кај сите кои се обидуваме,не не па јас сум сигорна дека ќе успееме само времето не дошло уште . Докторот секако ќе го прашам кога ќе отидам, сега дека сум во изолација и имам време доста па само си барам нешто ,некоја утеха да ми рече некој па нормално дека можете да пробувате, ма збудалев дека ништо не правам Али тоа е
Здраво феминки, се обраќам за прв пат, но Ве следам многу одамна. Со сопругот се обидуваме за бебенце повеќе од 2 години. Редовно правам контроли и се е уредно, но за прв пат вчера испитував хормонски статус, каде што ТСХ е 8 (реф.вред. е 0,4-4,5) и андростендион е 3,67 (реф.вред 0,7-3,5) останатите се во рамките на реф.вред. Дали овие хормони се можен причинител на мојата состојба? Докторката користи одмор, во текот на следната недела ќе одам на контрола, ми значи Вашето мислење и истото го очекувам!
Да. Тироидните хормони ти се мн покачени. Ќе ги спуштиш со терапија и ќе се среди. Закажи си преглед кај ендокринолог и тој ќе ти одреди терапија врз основ на резултатите
Везе нема стресот и тоа ми е најголема глупост, кога некој тоа ќе го каже. На прегледот после неуспешниот трансфер маж ми го прашува докторот “Можно ли е ради стрес да не се успеало, пошто периодов ни беше мн стресен” И Др. само се насмевна благо и рече “Не. Не е можно”
Се слагам делумно,знам луѓе што биле во многу стресни ситуации па зачнале од прва,од друга страна целиот психички притисок има некаков мал удел врз хормоните ама па од толку многу пробувања барем еднаш ќе се закачело... небитно,поентата е дека кога се работи на бебе колку и да се трудиш да си опуштен,телото е напнато. Како и да е,мојата девиза околу оваа борба е дека не му дошло времето,нема правила за успех.
Не дека секогаш има везе стресот со се, ама па и дека скроз нема врска не можам да се согласам. Цел едндокрин систем е сензитивен на стрес. Те молам потсети ме кај кој доктор беше? Психосоматика не е воопшто наивно нешто. Хроничен стрес доведува и до иреверзибилни промени на функција на некои органи или цели системи во телото. Личен пример сум јас, можам до сабајле да пишувам што се си добив од стрес затоа што не можам да си ги контролирам мислите и стравовите.
Мислам дека кај Трајковски е,мене баш тој ме прашуваше дали сум под стрес,кај Луна можеби мислелдека стресот не влијаел на имплантацијата во инвитрото бидејќи тогаш ептен хормоните се под контрола и му треба ден два на ембрионот да се закачи по трансфер,па можеби мислел дека тука стресот не одиграл голема улога.
Цел свет е под стрес, животот е стресен. Се лачи повеќе кортизол да, ама дека влијае на години неплодност не се слагам.Па уште кога ќе кажат Опушти се и ќе биде. Тајминг е се и среќа. Тоа е мое мислење.
Девојки имам менструација како да немам Петокот на бришње беше розева,другиот ден сабајле беше темно кафена па потоа па розева црвена,на влошка ептен малку,цела ноќ немаше ни капка капнато ставив друго влошка па ептен малку е само на бришење ми е повеќе розева по некогаш малку црвена ептен оскудна ми е менструацијава ако е меснструација ова,мене ми се нормални првите два дена имам полни влошки и третио да се рече вака до сега не ми има бидено ниедна менструација. Денес е како последен ден менструација.
Истото беше и кај мене. 4 ден веќе ми проби. Се надевам дека кај тебе е имплатациско. Ти посакувам среќа
Кај мене беше слично овој месец, розево на бришење, па кафеави точки два дена и потоа позитивен тест после повеќе од една година обиди. Но сето тоа беше во многу мали количини, а мислев дека добив бидејќи поседните пати знаеше еден ден да ме зафркава додека да пробие. Со среќа