Здраво девојки дало некоја од Вас пијала перуанска мака во таблети и дали има некој ефект и колку време треба да се пијат и дали има некои штетни последици.
Здраво, во последно време имам многу желба и се чувствувам спремна дека е редно време за второ детенце, првото ми е три годинки. Е сега јас претходната бременост имав прееклампсија т.е. висок крвен притисок земав терапија метилдопа, по породувањето еден период ми се смири но потоа ми се качи пак притисокот и сега пијам пренеса. Тоа што ме интересира е дали некоја имала сличен случај дали со наредната бременост имала пак прееклампсија или се поминало добро? Дали можеби втората бременост би се водела како ризична бременост поради моменталната состојба со притисокот?
Многу е високо Тсх. Кај мене пред да ми се дијагностицира проблемот нон стоп варираше под долна, па над горна граница, за на крај да рипне на 35 и уствари се испостави дека имам хипо/хаши. Во тој период 4 месеци не добив менструација. Имам Пцос, но никогаш не ми правел проблеми со добивање, освен што имав долги циклуси. Тогаш докторката ми кажа дека недобивањето 4 месеци е последица на спојката тироидна + пцос. 50мг ти е многу мала доза за ваков резултат. Оди што поскоро на контрола, да ти ја покачат. Ти кажав кај мене е 1.97 Тсх, то ест на последните 3-4 мерења постепено се спушташе, а пијам 50 мг преку недела и 75мг за викенд.
Проверуваше хемостаза и димери во минатата бременост? Прееклампсија може да се добие и од високи димери.
Хемостаза не проверував само д-димери кои ми беа 600 и тоа испитување го правев на мое барање мат. Гин не ми ни посочи. П.с. во трето тромесечие го правев испитувањето кога ми се појави високиот притисок
Епа можно е тука да бил проблемот,скратено време на коагулација,можеби си требала да примаш клексани,во бременост обавезно се следат овие работи. Во наредната бременост ќе си ги контролираш овие работи обавезно. Дали би се случило истото никој не би можелда ти одговори сигурно,бидејќи не се знае и нема правила.
И овај месец ништо, си добив рано рано денеска Со големо разочарување но сепак со нови сили и надеж за следниот месец. Одвај чекам да ја израдуваме ќерка ми со таква убава вест, кутро детенце секоја ден само за тоа зборува.
Девојќи јас денес бев пак на мерење фолекули. 13 ден од циклус имам фоликул од 19 мм на десен јајник. Ми рече преку еден ден односи и ми даде утрогестан од 15 ден од циклус да почнам со нив. Се надевам дека нема да добијам нареден циклус.
Да во понеделник одам на контрола и мене ми беше тсх 2.5 во декември, јануари спонтан тсх 0.05, едни табкети 2 недели заборавив какви тсх 54, и сега еутирокс 50, тсх 60, уште немам точно утврдена терапија. Само не знаев дека од тсх не се добива циклус
Да да, тироидната е двигател на цел организам. Не удара кај секого на исто место, ама знае да направи дисбаланс на циклусот и тоа како. Мене мојата докторка ми кажа дека во овој период мора да се проверува Тсх на месечна основа, едно за да се утврди соодветна терапија, а плус и пошто се обидуваме за бебе.
Правев еден тест на 10ти ден после овулација (според fertility friend), негативен беше. Утре ми е 17ти ден после овулација (од апликацијата лутеалната фаза ми трае просечно 13 дена). Да правам утре нов тест или според ббт би требало да добијам, пошто последните три денови имам пад на температурата од 36.9 на 36.7? Од една страна ме убива исчекувањето, од друга страна не знам дали сакам ново разочарување. Да напоменам дека циклусите во просек ми траат 32 дена, а утре ми е 30ти ден од циклус.
Не знам дали си ги читала тие info tidbid на апликацијата, пишува дека ако по 18 дпо не добиеш, речиси сигурно станува збор за бременост. Температурата може да варира, не мора цело време да е 36.9, разгледај ги графиците на другите ќе видиш какви сé температури имаат, им паѓа и пониско, па пак се качува. На твое место би се тестирала, јас немам таква стрпливост, а сега ќе те мислам и тебе и искрено, според должината на втората фаза очекувам дека ќе имаш позитивен резултат .
Ги читам и затоа ми е хаос главата, не можам да се снајдам многу, па барам мислења постојано. Дај Боже да е позитивен. Утре штом се тестирам, ќе ви пишам.
Знам дека ништо не се гледа, се гледаше ептеееен бледа линија и тоа ептен аголот ако го погодиш и светлината. Го разглобив цел тест. Се надевам не ми се привидува мене, макар што поминаа веќе 4-5 мин од тестирањето до сликава. Во секој случај за скоро ќе одам да проверам бета преку крв, тука лага нема. Ќе ве известам штом имам резултати. Фала ви на поддршката.