Останува во понеделник да одам за бета, бидејќи во две лабараторијии ми рекоа ако денес оставам примерок од крв, бидејќи е викенд, резултати дури во понеделник ќе има, така да ќе почекам до понеделник. @Bebce1 @Nithya @Saba08 @LucyLu @Slatkata00 @venividivici ви благодарам, Бог да ве благослови и вас. @venividivici од симптоми само напнати гради и грчеви во лев јајник (се надевам дека не е ектопична, бидејќи имам сактосалпинкс на лев јајцевод). Ви благодарам на поддршката, многу ми значи! ❤️
Уште кога те читав вчера имав некое убаво чувство дека овој е тој пат! Чекав да ставиш тест, за да си го потврдам претчувството! И јас гледам бледа цртка и на првиот тест! Стискам палци се да е како што треба мила! Те гушкам!
Од првиот пат кога пишав, од тебе имав најголема поддршка. Ти благодарам за сѐ. Бог и тебе што поскоро да те благослови! ❤️
Секогаш ќе имаш поддршка од мене. Чекам во понеделник да не израдуваш уште толку со висока бета! Чувајте се!
Ако ме веруваш од кога пиша па се до сега ,дури го видов тестов само правев рифреш да ми стига известување. Знаев дека ќе има нешто прекрасно како @Bella_Stella имав претчувство ама си тлеев и чекав да бидам сигурна. И втората црта и не е баш толку невидлива,баш е преубава и убаво ја гледамм и на двете слики. Држам среќа да биде се како што треба и да си галиш мешенцее! Понеделник со висока бетаа те чекамее да се израдуваме убавоо.Гушкањее големо
Хахах јас дури и на сопругот му ја покажав сликата. Викам види една другарка од форумот е бременка. И замислете и он ја виде цртката. А мажи како мажи не приметуваат баш такви работи. Тука си е колку и да е бледа, во понеделник @IRBBB ќе се радува официјално, знам.
Јас ја мислам уште кога беше збуната со температурите,си викам абе трудна си каков ановулаторњн циклусИ сега вистинаа.Јас сум сигурна дека ќе се радува и таа а и ние со неа во понеделник
Хахах исто. Чекав само да стави позитивен тест, за да можам да искоментирам. Ајде мила, вака и ние за скоро време.
Фала ви за неизмерната поддршка и доверба со @Bella_Stella и сите тука на форумов. Јас бев збунета, сега сум уште повеќе. @Bella_Stella и @Saba08 јас не ја видов линијата, маж ми прв ја забележа. Ама убеден беше дека тоа не е знак за позитивен тест, освен ако тест линијата не е жар црвена. @Tinka1234 @fana ви благодарам, поскоро да ви се враќа и вас. Ве влечам за нос сите до една да се исчистите од темава, до крај на годинава ниедна да не остани тука.