Девојки дали е можно да ми е намален пролактинот и покрај сеуште што имам млеко,Среда треба да ми стигнат резултатите.
Ќе те боцнат со стоп инекција за да пукнат фоликулите да се ослободи јајце кл и да имате односи за да се оплоди...
Не ги прекинувај, тој знае веднаш да се качи после прекин на терапија и тоа за кратко време. Почекај да видиш што ќњ ти каже и докторката. Ако 8,6 ти е резултатот како што разбрав можеш да продолжиш со само 1/4. Предлог..
Jas si dobiv pak ke si napravam ispituvanja sea ako uspeam posto gi spremam i poslednite ispiti na fakultet (mozebi i stresot od niv mi smeta) pa ke vi kazam sto ke ispadne
Здраво, пред 5 месеци имав спонтан и направив генетски испитувања и ми излезе мутација на МТХФР -хетерозигот, пијам метилирана фолна, аспирин и б12. Циклусот уште не ми е редовен но не секогаш на точно денови (пр. Еднап на 30, еднаш 28, еднаш 25). Пред неколку дена пичнав да осеќам мачнини, имам многу бубулици, пред 3 дена исцедокот ми беше светло розев само еден ден. Денес ми е 30ти ден од циклусот и направив тест на кој има бледа втора линија. Бидејќи сум многу под стрес од претходниот спонтан при кој не се појави воопшто сецева акција, сега не знам како да постапам понатаму. Кога да одам и да закажам на матичен? Дали мжеби тестов и воопшто не е позитивен? Посебно молам за совет како да постапам заради мурацијата бидејки матичната ми рече штом дознаам дека сум трудна ќе треба да почнам да примам клексани. Има ли некој слично искуство? Дали да чекам појасно позитивен тест или да закажувам на доктор?
Разликата е активната супстанца внатре во тестот, едната детектира Хцг а другата хормон кој се лачи при овулација. Инаку да, исто изгледаат.
Ќе испиташ хемостаза и димери па ќе одлучите дали треба клексани,не може да се водат само по мутацијата,аспиринот може да ти е доволен.
Благодарам, дали би знаела да ми пропрачаш гинеколог во Систина, Ремедика и слично за оваа проблемтинка конкретно?
Иваноски во Систина,Димитров во Ремедика,јас одам кај Трајковски во Њуборн и сум презадоволна иако за ова ти треба добар трансфузиолог,ти го препорачувам Јани на клиника. Инаку тестот ти е позитивен,содобра мисла се ќе е ок,бидејќи имаш еден спонтан јас би те советувала да закажеш кај матичен одма и да ти даде прогестеронска поддршка за секој случај.
да прво ќе испиташ хемостаза и дидимери , јас од прв момент позитивен со одлични дидимери само на аспирин сум , еве 25 та недела не боцкам клексани и бебче е добро , проток и трансфузија на плацента се ОК па од следна недела ќе пратиме пак дидимери , немора да значи дека ќе боцкаш само мора да пиеш метил фолат наместо обична фолна , јас пиев фемибион прво тромесечие во него има и обична и метилна.
Фала ти многу. Исто така имај во предвид дека кога постои мутација заради која треба да се пие метилирана фолна киселина не тррба да се пијат други додатоци кои содржат обична фолна киселина, бидејќи таа има предност пред метилираната и ги зафаќа рецепторите и автоматски пак организмот останува без метилирана фолна киселина. Ти посакувам лесна бременост.
Честитки Најлесно да си ја износеш бременоста до крај, гали мешко сега и уживај! Не би знаела да те советувам за клексаните, ете, тие со искуство веднаш те упатија. Ти посакувам успех!
Извини заборавив да те прапам, д димери и хемостаза испита одма после позитивен тест или после потврдена бременост на гинеколог? Треба да чекаж за преглед недела дена па дали во меѓувреме да варам упат ило дури тогаш?
Девојки пролактинот ми е 3.72,конечно намален,сега чекам да ми каже матичната дали да продолжам со терапија и по колку.
кај мене беше касна овулација после позитивниот тест бев на ехо не виде бебче ама ми даде упати да испитам се и одма почнав со терапијата , ама мислам да си прашаш прво најубаво ќе ти каже гинекологот зашто кај мене не беше конкретен случај со мутација , работеа со претпоставка зашто имам две деца веќе , претпоставуваше дека е нешто со трансфузијата на плацентата од мене до плацента или од плацента до бебче, плус со историја на моларна бременост сум и затоа сакаше да се обезбеди за сигурно па почнав и аспирин и фемибион и магнезиум и вит. Д3 2000 единици