Препрашај ја но штом покасно си добила го сметаш петок за 1ден (но најдобро е да се исконсултираш да нема грешка)
резултатот стигна преку пошта, кога бев на гинеколог му кажав дека сакам да си проверам се и тој го прати прво мм па кога ке стигнат резултатите да види што понатаму
Девојќи. Ништо од овој месец изгледа со забременувањето од мене. 2 дена имам до циклус а можеби и да ми закасни бидејќи користам утрогестан , сабајле направив тестирање со self clear и негативен беше. Чисто онака да си се олеснам овде бидејќи само вие можете да ме разберете.
Ќе биде, само не се разочарувај. Имам пишано предходно во темава. После година и пол неуспешни обиди за бебуш, со супер резултати и за мене и за сопругот од овој циклус ќе почнам стимулации со кломифен. Денес добив, после ќе одам да си земам рецепти од кај матичната. Па се надевам дека ќе вроди со 2 црти. На сите ви посакувам да ни се исполни желбата за бебе што е можно побрзо.
Се надевам мила дека еден ден на сите ќе ни се исполни најголемата желба. Ти посакувам да си ги видиш двете црти од овој обид. Ако можеш да ми кажеш како оди тоа со стимулација со климофен? Бидејќи и мојот матичен ми рече ако не биде овој месец природно ќе пробаме со некоја терапија па претпоставив со истата како и твојата.
Дај боже. Денес ќе одам да ги земам рецептите и да ми објасни докторката што како и ќе ти пишам детално како оди постапката.
Ќе се дружиме со Кломифенот. И јас го почнувам од недела здравје. Како ти го дадоа да го пиеш? Јас 2 x 1 треба. Дај Боже да имаме резултати од прва. п.с. Која цена е без рецепт дали знаеш? Јас не земав рецепт а веќе е касно, не работи матичниот.
Не се надевам ич овој месецможеби некогаш ќе биде ама сега не верувам. Од сабајле уште си плачам. Сепак фала ти за поддршката
Некогаш баш кога најмалку очекуваш се случува чудо. И јас цело сабајле плачам, не знам што ми е, ама хормоните ме маваат во глава ептен. Сабајле се јавив кај матичниот за упат за пролактин и тироидна и ми се испонаша, петок било денес он требало да си оди веќе, а саатот 11 ипол. Кога и се пуштив на таа сестрата што ми крена на телефон, викам он е таму на работа или на гости? Како не ви е срам! И спуштив и кога си фатив да си плачам како мало дете. Одма сѐ почна низ глава да ми кружи. Јас како да сакам да се влечкам по болници па уште и некој таков кретен да ми се понаша. Тоа е мила, не е лесно, ама мора да се издржи, едноставно мора. Исплачи се и главата горе, нема откажување!
@Bella_Stella ти и твојот гинеколог.. Кога и да прочитам некој пост за него притисоков ми се поткрева.. Јака ти душа како издржуваш, искрено. Во друг град ќе одам на матичен ама него не би го трпела..
Девојки дали некоја од вас чека одговор од фондот за ваучер за инвитро, и дали на некоја во брзо време и стигнал ваучерот. Поздрав
Мене пред два дена ми кажаа дека ми е одобрен. Уште на неколку членки исто им е одобрен деновиве. Од кога имаш поднесено документи?
Готово веќе, раскрстувам со него. Земав упат денес и ќе барам друг матичен. Човекот си има фрустрации кои немам намера да ги трпам. Доволно ми е се што ми се случува, немам намера да се нервирам и од него. Знаеш ли колку пати во годината можеш да смениш матичен, односно на колкав период? Фала ти. Ги купив прееска, 139 денари.
Zdravo devojki. Denes pravev inseminacija, no br na sperm. bese 2 mil.. Dali voopsto imam sansi za pozitivni rezultati i dali nekoj imal slicna situacija? Blagodaram
Два пати имаш право годишно да смениш матичен лекар. Бегај од кај овој аман молим те. Јас што те читам се нервирам.
На 6 месеци можеш да смениш, ако не ти дозволат ќе се собереме една петиција сите од тука што не нервира тој човек, ќе мора да ти го сменат Од капките за очи го памтам еј..