Сакаш да кажеш дека не знаеш каков преглед ти правела и на какво испитување те испратила? Не ти дава објаснување пред секоја постапка, упат?
Јас не можам никако да разберам како сте спремни да сте мајки, а не ви се јасни, ниту пак сакате да ви станат јасни основни работи. Не живееме во 19ти век за да не знаеш како функционира женското тело и репродуктивниот систем и да си ја слушаш само докторката како слеп за стап. Нели те интересира што треба да испиташ чим толку време се обидувате без успех и што испитуваш кога ти дава упат? Стварно не можам да разберам.
Ти прочепкав низ мислењата, ќе ми извиниш, но како што прочитав од 2016 пробувате. Како не знаеш што си испитувала до сега, навистина не ми е јасно. Не може да не ти објаснува докторката што правите на преглед. Извештај од нешто мораш да имаш. Како може да земеш упат за нешто да испиташ, а да не знаеш што е тоа? Едит: Викаш докторката е многу добра, а после 4 години неуспешни обиди те праќа да направиш крвна слика? Ова уште помалце ми е јасно.
не сум во македонија во словенија сум ине знам многу да зборам словенски прво имав друг гинеколог тој отиде во пензија и сега е друга женско е и сега почнав да се испитувам првиот гинеколог само така ме проверуваше
Знам дека си во странство, но тоа не е изговор да не знаеш што ти проверуваат. Прст не би дала да ми пипнат ако не знам зашто, а не пак друго. Замоли ги да ти даваат писмен извештај, па ќе преведуваме. Сега гледам за спермограмот, пишува дека се присутни леукоцити. Нека направи маж ти спермокултура да се види да не има бактерија. Ако има, да може да му препишат терапија. Исто и за тебе ќе бараш микробиолошки брисеви да ти направат за да се провери дали има бактерија и кај тебе. ПАП ако немаш правено годинава, да направиш. Следно, ќе бараш да провериш хормони на 3 ден од циклус. Ќе и кажеш на докторката да правите фоликулометрија, односно да следите како растат фоликулите, дали достигаат доволна големина и дали настапува овулација. И проодност на канали да провериш.
Ме читате знам. Досадна сум знам. Ама сакаме бебе. Али бебе нема. Добив месецов порано 3 4 дена,а ми траеше само 3 дена. Четвртиот веќе имав кафеаво на улошка. Дали од што многу сакаме па не се фаќа незнам. Ќе видам уште месецов па нареден ако добијам ќе одам да почнам со испитувања. Вака не бива. Читам некои се плашат од бременост пијат апчиња јас ни апче ни бутур и никако. Стварно ми е мака. Имам комшика брзо се породи другата е при крај за пораѓај мене ми е мака не знам што е работа стварно.. мака ми е криво ми е никако да зачнеме. Верувајте толку голема желба за бебе толку напор и на крај пак ништо. Пиев едно време и фолна киселина, и од тоа се откажав. Односи преку два дена имаме.. не можам веќе ми се плаче. И јас и мм имаме стварно желба.. ама пак за жал не иде
Колку време се обидувате? Направете испитувања ако е повеќе од 6 месеци, барем ќе знаете на што сте и ако има проблем ќе го решите и ќе зачнете. Ако нема проблем ќе биде сигурно за брзо, само без стрес и нервоза.
Те читаме, знаеш ама досадна не си. Тоа не го знаеш ама треба да го знаеш. Колку време се обидувате за бебе? Направете основни испитувања и ти и маж ти. Ти ехо пап и хормони тој спермограм па ќе видите што понатаму.
Колку што се сеќавам од февруари почнавте со пробување. Прв совет, опушти се затоа што цело време си напната со ова. Друг совет, почните со испитувања. Пишав погоре кои да не се повторувам
По дефиниција тератозооспермија е присуство на абнормални сперматозоиди над 40%. На овој резултат се 60%. Плус леукоцитите и пак ќе речам апстиненцијата. Мислам дека е многу 7 дена. Еве на тие сопрузите што им правеле спермограм нека кажат, јас мислам дека на сопругот на две различни места му рекоа апстиненција 3-5 дена. Јас не знам дали проблем е јазична бариера или незаинтересираност од страна на лекарот или пациентот. @Elenota извини, ама мислам дека треба малку да се заозбилите, 4 години и не се така малце за да не знаеш, не прашуваш што, зошто и како испитувате со сопругот. Мислам дека со овој резултат и со резултат од спермокултура да си појдите на уролог, не на гинеколог.
Не ги видов бројките, ми се лоши нули кога гледам на спермограм Само за леукоцитите видов и прочитав дека докторката и рекла дека се е ок. Затоа спомнав
Знам мила дека ти се лоши од нулите. Ама средено е кај вас веќе, готово. Најдени сперматозоиди, добиен ваучер, опуштена женска.. прашање на време е само кога ќе се дружиме во труднички Ама ете, и од твое искуство, не може гинекологот да е специјалист за следење бременост, за испитување неплодност кај жени, за хормонска терапија кај ендокринолошки проблеми, за стерилитет кај мажи... мислам, во ред, сигурно имаат некои познавања, ама за сѐ си има одредена специјалност.
Лелеееее што збориш??? Те читав тука и ете конечно биднало Со лесно бременоста мила, уживај го секој ден и вади ги сите од тука @Bella_Stella
@Jana06 Ти благодарам најмногу мамасита. Знам твојата приказна ми беше ептен позитивна и никогаш не се замислував дека и ние после неколку месеци само со пцос ќе успееме. Ние само дека ептен нестрпливи и негативни на целата ситуација од страв одма кломифен. Битно целта е постигната. Уште сега ве читам во тема бебе се спремам хаха, јас и моето однапред се да знам не е на арно. Господ е голем, сите до една да ја напуштат темава што побрзо. Сега чекаме убави вести и од @Bella_Stella .