Девојки денес сопругот правеше 2 спермограм во Систина и доби дијагноза ОЛИГОАСТЕНОЗООСПЕРМИЈА. Првичниот резултат од 1от спермограм направен во Гинекомедика доби резултат АЗООСПЕРМИЈА по што имавме шок но денес по 2 недели од тој во Гинекомедика, направи во Систина и го добивме овој резултат. Сакам да прашам какви се вашите искуства до Олигоастенoзооспермија? Имала ли некоја природна бременост или само решението е инвитро?
Update од мене. Денес пак на мерење, двете фоликулчиња си пораснале 20 mm а ендометриумот вчера 5 mm денес 6 mm. Докторкава ми рече дека ми е на граница ама пошо уште денес и утре ќе пијам Естрофем, ќе ми се зголеми и ќе биде ок. Ми препиша денес да одам во Ремедика да се боцнам со 2 инекции Choriomon од 5000 IU, за да ми пукнат фоликуливе, и овие 3 дена интензивни односи. И совет ми даде пред да имаме односи малце да се опуштам со алкохол rofl: ми вика нека те подначука малце маж ти, за да бидеш опуштена. Зошо сакала нејкела сега си психички оптоварена, а мораш да се опуштиш. Ај тие што сте примале од овие инекцииве кажете ми нешто поише за нив. Боли? Има side effects? @Bella_Stella пиши како ќе поминеш денес
инекциите два пати ги примав , ама ја бев со хиперстимулации по неколку фоликули на двата јајника и секако со кломифенот имав по 4 дена болки кога пукаа фоликулите , инаку ми рекоа не би требало да боли како стандард овулација , само ја поминав екстра болно се виткав од болки , мислам кај секој е различно би требало до 2 дена максимум да пте подзаболнуваат јајниците
Фала многу на брзиот одговор. Јас искрено никогаш не осеќам кога имам овулација и немам болки кога ми пукаат фоликулите. Ќе видиме сега со инекцииве како ќе биде. Се надевам дека ок ќе поминам.
Супер си! Еве и јас само што се враќам од мерење. Многу слична ситуација, два фоликула имам и јас, по еден на секој јајник. На лев 16.8 мм и на десен 17.7мм, ендометриумот ми е 6.7 мм. Сега треба да се слушнам со докторката, да ми каже што да правам следно, пошто мерењето го правам на друго место.
И јас навивам за вас, а и имам добро чувство дека овој месец ке си одите од групава И да си се пофалам тсх од 60 сега ми е 1.73, пролактин 20, ама зголемив доза бромергон. Следна недела и антитела и т3 и т4 ке проверам.
Денес бев и јас да испитам пролактин па здравје утре резултатите да видиме какви ќе бидат без терапаија се надевам ќе бидат добри оти стварно не можам повеќе да го поднесам Бромергонот.
Супер фоликулчиња имате девојки! Ајде редно време е малку да се развесели темава. @Bella_Stella @kostovaivana Од срце ви посакувам успех и да не израдувате со убави вести. И точно е тоа за алкохолот и мене исто ме советува.
Фала ти мила! Таман имаме и повод за пиење викендов, на сопругот му е роденден и ќе имаме birthday getaway. Таму ќе се прави бебе.
Здраво Женички, и јас од денес почнав со Кломифен и Естрофем, 5 ден, 2 фоликулчиња од 10,11мм и неколку помали допрва да се формираат и ендометриум 9.... Се надеваме на успешност овој месец