Хахахах срцка. Утре ќе се слави поофицијално, славеникот добро ќе биде почастен за роденден. Гушки до најубавата мама.
Веќе ти пишале но и јас да ти пишам Нормално е поради фоликулите и да не само денес утре бидете активни неколку дена и Ич не се замарај пробај да сте најопуштени...
Само работете на случај, тоа се јајце клетките кои треба да ги испукате и да се оплодат, јас имав многу дурини ме болеше и докторот ми рече тоа е затоа што се баш пораснати фоликулите.
Нормално си е тоа. Јас обично имам повеќе болка во десниот јајник но овој месец левиот е активен. Убаво ти пишале. Опушти се и максимално што можеш и те чекам за 2 недели сликичка да ни пуштиш
Мене прв пат ми се случува до овој степен да осеќам болка. Изгледа претходно воопшто сум немала овулации, не знам. Или пак вака е од што сум стимулирана со Кломифен. Како и да е ќе си бидеме активни ние, па со Бога напред се надевам дека за две недели ќе се радуваме.
Mene istoto mi se slucuva za vreme na odnosi sekoj mesec za vreme na plodni denovi, najverovatno od folikulite kako shto kazaa i drugite. Samo opushteno, ti posakuvam sreka!
Здраво девојки.. изминативе 3 месеци пиев Јасмин.Овој месец ја завршив третата кутија. Плодните денови ги поминавме доста активно имавме односи секоја вечер.. е сега последниве денови чуствивам некоја тапа болка во долниот дел на стомакот и повеќе во десниот јајник.(иначе тапа болка чиствувам и кога се плодните денови) но сега болката е малку посилна.Исто така имам и зголемен вагинален исцедок. Што мислите вие дали е можно да се работи за бременост или се работи за нешто друго? Пример хормоните сега да реагираат после јасминот или нешто слично? Инаку 1,5 година се обидуваме за бебенце,досега неуспешно .. и знам дека е рано за некакви симптоми треба да добијам некаде на 5ти - 6ти следниов месец,но ова чекање ме убива ..
Зошто ги пиеше? Можно е сега да настанува имплантација затоа имаш болки во јајниците. Обично имплантацијата настанува после 6-7 дена ама може да биде и порано зависи секој организам е различен.
Во Февруари бев стимулирана со кломифен, не испадна ништо си добив најредовен циклус.Во април се јави крварење кое траеше 10 дена и никој незнаеше да ми каже од каде е тоа крварење.Бидејки фати корона и сите тие глупости,неможев никаде да отидам на преглед.Фатив врски кај докторка vо New born,за среќа ме прими,ме прегледа и ми даде да пијам дабростон за да запре крварењето.потоа ми кажа да пијам јасмин 3 месеци и метформин затоа што имав покачен инсулин и андростендионот ми беше на горна граница. Јас не ги земав одма да ги пијам јасминот(требаше да почнам од мај), затоа што во Мај при редовен циклус имав такво силно крварење и такви страааашни болки и завршив на клиника полу мртва и од мене излезе огромно парче(некое чудо) кое што сите доктори подоцна тврдеа дека е дел од задебелен ендометриум.И по сите тие работи што ми се случија јас почнав од јуни да пијам Јасмин,одлично поминав едвај чекав да ги завршам и докторката ми рече после јасминот редовни односи шансите за бременост се големи,ние ја послушавме и си имавме односи како што напишав и погоре,но ме плаши болкава и да е бременост се плашам да не нешто не е во ред .. голготата со крварењето што ја поминав ме преплаши на клиника сакаа да ми прават киретажа а ни они самите не беа сигурни што е .. само ми кажаа ти си право за во сала,многу крвариш мислеа дека е спонтан еден вика спонтан е друг вика не е ... На крај ме боцнаа за болки и уште една друга инекција и ме пуштија дома.
Бев на истата терапија и откако ја прекинав вториот месец останав бремена. Или телото се навикнува без терапијата или е бременост. Како и да е, ти посакувам 2 црти во најскоро време