Здраво женски. Веќе 7ми ден ми доцни.. обично ми доаѓа на 33-34 ден, а сега ми е 41ви. Направив 3 теста, првиот невалиден беше, два негативни... што би ме советувале за следен чекор? Имам редовна иако ми е подолг циклусот и тоа ми е дава надеж + немам никакви симптоми за добивање. Но, сепак 2 негативни
Бета преку крв не може да даде лажно негативен резултат, за разлика од тестирање преку урина. Ако и таа е негативна, тогаш кај матичен гинеколог да се бара причината за доцнење на менструацијата.
Дојдов само да честитам на @kostovaivana и да не повлечеш сите да се радуваме на 2 цртки наскоро! Ептен ми давате позитивна енергија, и покрај сите перипетии што ми се случија минатиот месец и покрај тоа што сеуште незнам каков ќе биде исходот (тие што ме читаат упатени се можеби за се што се случуваше), и девојки ви благодарам на енергијата, надежта и посакувам сите да се чистиме од темава побрзо!
Браво, преубава слика @kostovaivana! Честиткии да си имаш најлесна бременост! Инаку ако те копка и за посигурно преку крф најубаво. Ајде спремни сме за славење ги чекаме и другите позитивни тестови!
Лелелелелеееееее!!!! Е вака да ми почнува секој ден сакам! Честитки мило девојченце! Многу се радувам за тебе, дојде денот! Ти посакувам многу среќна и лесна бременост! Гали мешенце и да ми те чува Бог!
Да не ве цитирам сите посебно ОГРОМНО ФАЛА на сите!!! Ви пуштам на сите baby dust, и нека секое утро ни почнува вака, со убави вести и слики. Темава да се преполни само со позитивни резултати. Инаку и се јавив одма на матичната (пријателка ми е), и она ептен се израдува. После работа ќе одам да ме боцне за бета преку крв и ќе знам за сигурно. А и ќе ја замолам да ме види на ехо без разлика дали е рано или не Ајде ве чекам сите да ми се придружите!!!! Да си бидеме другарки трудници, вака сама не е интересно Ве гушкам сите најсилно и фала ви уште еднаш со цело срце за позитивата и за сите совети!!!! Останете ми така само со големи мешиња *
Да знаете во Биохемиска клиника нема реагенси за пролактин,кортизол и естроген,бев денеска и за џабе отидов се напнав.Патувам за Скопје и ти викаат нема реагенси.
Здраво девојки. Одамна ве читам зашто е тема која ме засега долго време. Не се осмелував да ви пишам. Овој пат се пријавувам во групата за недобивање на 07ми овој месец, гледам не' има многу околу овој датум и околу 10ти. Се обидуваме со сопругот веќе 2 години и 2 месеци за бебе. Посакувам на сите да ни даде Господ тоа што посакуваат нашите срца во право време. Поздрав!
Ако ти се верува, и јас чекав со тебе деновиве и се уклучувам сега и знаев дека си го прикачила позитивниот тест баш ме израдува среќноо и лесна бременост до крај мила
Ми се верува, и јас чекам со сите вас. Секој ден отварам со мисла ајдеееее кој ќе ни биде мама денеска. Фала ти ептен. Дај боже да си дочекаш што побрзо.
Девојки кога се движам многу ме боли стомакот долу ,кога седам и кога лежам не ме боли,болките се сличнии на менструални,за 4 дена (не) треба да добијам,можно е да е некој симтом друго немам ништо од симтоми.
Здраво на сите. Јас малце да си ја олеснам душава Имам машки близнаци на 3 годишна возраст и сакам да родам уште едно со надеж за женско а и да не е женско пак би била пресреќна. Многу сум стегната неможам да се опуштам со мисливе. Јас сум невработена веќе од како ми заврши породилното и останав дома да си ги чувам децата. Ги запишав во градинка и супер се снаоѓаа ама ми се разболуваа почесто и ради то не успеав да се вработам а немаше кој да ми ги чуват сите одат на работа Сега ради коронава се дома од Март месец и сега не ми ги примнаја дека сум невработена. па си викам кај сум седела дома веќе 4 години бидеќи имав патолошка бременост и од 3 ти месец бев дома да останам бремена сега и да си ги порснам и да си почнам на работа. Сопругот е вработен и со финанси не сме лоши ама сепак јас се мислам 3 деца јас невработена и одма се премислувам. Ме плашат и болести и аутизам и све останато и само си ја стегам душава а премногу сакам да си родам уште едно и сопругот исто така само што тој чекат јас да бидам подготвена Незнам како би се снашла со 3 деца за помош се надевам ќе имам Извинете јас си се изнаприкажав и си ја олеснав душата Ви посакувам на сите што сте во исчекување на две црвени црти ❤️
Здраво девојки, дали постои некоја во групава со синдром на пцос, бидејќи јас го имам, а ме интересираат искуства со фемисан-а таблетки, капки??? Ве молам ако може некоја нека ми пише. Гледам по нет пишува дека се природна стимулација која делува строго во делот на јајниците, спомнато е за реулирање на менструации при пцос, зголемување на плодност, а бидејќи се обидуваме за бебенце затоа пишувам баш во оваа група. Би била благодарна на некаков одговор, доколку некоја има сличен проблем на мојов.