Женски не се оптоварувајте толку и не си правете стресови ќе биде ќе си дојде денот опуштете се јас имам родено едно детенце и се беше во најдобар ред и не се замарав толку многу а овој пат 5 месеци ја отупив главата ајде ајде и на крај се разочарав останав и го загубив плодот во 8 недела . Затоа мој совет опуштете се водете љубов и само со позитивна мисла и ќе си биде се како што треба . Ви посакувам на сите само убавини и радосни моменти и позитивни тестови. Многу да се чувате ,а јас ќе ви се придружам за некој месец
Не ја немам испитувано. Дали нешто за неа може да се види преку анализа на крвта? Се друго во анализата на крвта беше добро.
Докторот ми рече во ред е, не нешто многу покачен.Спомна и тој дека било рано и не сум била јадена, ете тоа не го знаев дека може многу да варира во текот на денот. Фала ти. Инаку не пијам многу кафе, алкохол воопшто не,цигари никогаш. А и сопругот исто како мене. Денеска ми е 34 ден од циклус. Требаше вчера да ми биде прв ден на менст.
Колку убаво би било...толку време ве читам и сега кога ви пишав право бремена да сум.. што знам.. хаха <3
Знам дека она знае да го качи кортизолот, ама чим е само малку покачен не е страшно. Намали стрес и се ќе си дојде на место.
Да малку е, на пр. само за 20 е поголем од горната граница. Беше наутро и не бев јадена и докторот рече океј е. Ќе проверам и тоа што викаш. Само дали преку ехо се гледа? Тоа не ми е јасно.
Хаха, исто. Некако и двете ми влеговте в срце, искрено, секое сабајле отварам да видам дали и шо има ново од вас, а ако имам време во текот на денот, како сега, ги читам и другите ако случајно може на некој да се помогне нешто .
Немам правено ехо, а другите хормони се во ред. И тироидната исто. Се' надевам ќе заврши ова чекање пред да ги откријам сите можни работи. Долг период не читав, сега дека почнав да правам испитувања пак се активирав по Интернет, ама добро е еве вака да се сподели, да се помогне некому. Не треба многу информации да знаеме. Поздрав и ви посакувам убав ден . А кога ќе имам инфо ќе ви пишам што со мене .
Чим ти касни и јас сум за да си направиш тест и да си ги скратиш маките. Може ќе се израдуваш баш сега, никогаш не се знае...
@melonka ај сподели графикот ако мериш уште температура. Мојата стрпливост за сите вас овде дур дојде време да правите тест бетер од на мало дете
Мила прво да ти заблагодарам што ме мислиш, ми значи многу . А графикот е ист не гледам некои показатели на бременост .
Еве и јас ја отварам темава деновиве само заради @Bella_Stella. До недела чекам да прикачиш позитивен тест!! П.с. не прави тест порано.
Дај Боже да продолжи. Обично 1 ден пред да добијам опаѓа температурата. Добивам на 27 дена, само минатиот месец на 26.
Здраво, 8 дена ми касни, имам еден невалиден тест, а два негативни. Редовен циклус имам иако ми е на 33-34 дена. Денеска веќе ми е 43 ден. Вечерва приметив бледа крв при бришење...знам дека е возможно при имппатација...кога добивам подруго е..едноставно истекува.. но од др.страна денеска имав болка како за добивање..само стомакот ме сечеше, не ме болат градите како секогаш што било. Се мислам колку е голема веројатноста баш во еден ден да почувствувам болка како за добивање и бледа крв што ппвеќе ми личи на добивање... па се помислив дан е болката од бременост..ве молам мислење