Пролактинот мене никако да ми се спушти дури и покачен 58.71 сега чекам да ми каже што понатака матичнава.
Провери пак за месец може и побрзо, се зависи како ти го апсорбира лекот организмот? Ќе биде ич да не се секираш за хипотироидизмот, се средува брзо.
Бромергон пијав првин по пола апче,па пола сабајле пола навечер,па по едно навечер,ама никако да го спуштам,сега највероватно достинекс па ќе видиме
Здраво девојки денес бев на фоликулометрија на 11ти ден од циклус и имам еден водечки фоликул од 18,5мм и други мали од 9мм,ендометриум 8мм,др ми рече да продолжам со пијајне на циклопрогиновата,само не ми нагласи ништо во врска со тоа дали само белите или и двете,читам во претходни постови дека доколку си стимулиран со кломифен не би требало да се пијат кафеавите...ај помош плс.
На мене TSH последно ми беше 3.65. Според матичниот не пречело за забременување но според ендокринолог може да се намали ми рече но може и да се остане бремена со таа вредност но за да се намали прво треба да се испита нешто ми рече(имам запишано на ливче што поточно но не е со мене за да напишам што). Ќе пробаме овој месец со кломифенот ми рече матичниот па ако не биде ништо и овој обид недај боже ќе бараме друго чаре. Ама верувам дека ќе успееме овојпат. Поздрав и се надевам дека ти помогнав малку и ти посакувам успешно зачнување во следен обид
Се надевам дека со достинекс ќе ти се намали. Јас го спуштив од 60(мислам) на 8 за месец и пол со 1/4 два пати неделно.
И мене ми е уште висок пролактинот. Го намалив еден период, па имав стресен период сега пак ми е покачен и го изумив да го пијам бромергонот и несакајќи го прекинав,а знам не треба да се прекине. И сега да продолжам да го пијам или да се консултирам со гинеколог?
Со бромергон од 75 го симнав на 15 за 3 месеци. Пола апче наутро пола навечер. Веќе една година стои на 15 но бромергонот не сум го прекинала, се пие до бременост до 12 недела. Некаде прочитав дека ти си прекинала, а тоа е грешка затоа што ако ги прекинеш наеднаш може да се качи дупло. Сите овие совети ми се од ендокринолог и затоа и брзо го намалив пролактинот. Советувај се со ендокринолог и ќе се среди.
devojki, bev na ginekolog, imam folikul 19 mm, rece ovie cetiri dena odnosi pa ke vidime, spored nea folikul so ovaa golemina e soliden
Девојки да ви го кажам моето искуство. Минатата недела открив дека сум бремена, т.е со ваша помош, и вие ми потврдивте дека е позитивен тестот. Па оттогаш по мои пресметки мислев дека сум 4+, но денес правев бета и според неа ми кажаа дека сум веќе 5+ Но друга ми е целта... сега сфатив дека всушност сум останала бремена во неплоден период кога не се замарав со тоа и не ни мислев на бебе, бидејќи знаев дека поголеми се шансите во плоден период. А кога имав овулација се напнав, постојано за тоа размислував. И на крај сум останала бремена кога воопшто не ни размислував за тоа. Затоа мој совет најбитно за сите е да бидите опуштени, не мислете премногу за тоа, уживајте!