A зошто ти прави фоликулометрија со абдоменално ехо, а не со вагинално? Инекцијата доктор треба да каже кога треба да ја примаш по негова проценка, ама можно е во сабота веќе да треба.
Никогаш не ме гледа со вагинално ехо. Можно е да не е точно со абдоменално отколку со вагинално? Значи најдобро ми е утре да ја барам ако ја има овде.
Како тоа не те гледа со вагинално ехо никогаш? Мене абдоминално ме гледаше само од 15 недела на бременост до крај. Во секој друг случај - вагинално.
Баш чудно. И мене цел живот сите гинеколози кај кои што сум била исклучиво вагинално ме прегледувале. До сега сум немала ниту еден абдоменален преглед. Не дека не е точно со абдоменално, ама вагиналното е доста попрецизно, особено за фоликулометрија.
@Bella_Stella @fana незнам зошто ама му реков и ми одговори дека не требало за сите работи да се користело вагинално ехо. Да појдам утре на приватен ако не незнам што би ме советувале?
Не, според мене нема потреба да одиш на приватен. Очигледно докторот на тој принцип си работи, иако малку ми е чудно мене. Во сабота кога ќе одиш пробај барем да бидеш со полна бешика за да може да види поубаво. Ти посакувам многу среќа, опушти се и почнете си уште од сега да бидете активни.
Се мислев да не ми е за џабе што ги пиев апчињата. Почнавме од вчера но ми рече преку еден ден. Дали беше ти на ехо откако пукнаа фолекулите за да се осигурате дека се пукнати? Мене ништо не ми рече. Мада пак си мислам дека е фолекулче и тоа од десна страна ама незнам.
Не, јас бев само два пати на мерење. Еднаш ми беа помали на 12ти ден, и после на 15ти беа пораснати, едниот на десен јајник повеќе. После тоа не отидов, докторот што мереше рече одма инекција, а докторката што ми даде стимулација рече не е морално пошто не можев да најдам нели, ја знаете приказната. И така, и ние преку еден или секој ден имавме односи, уште пред првото мерење си бевме почнати. Според мене викендот после второто мерење мислам дека ми беше овулацијата, петокот меревме, а викендот си осетив болки во јајниците.
И двете овај месец чекаме позитивен резултат од кломифен ....дај боже и двете да се израдуваме што поскоро и да се дружиме во тема труднички муабети.
Незнаев само дали беше на мерење да се осигурате дека се пукнати другото го знам. @meri24 Секако дека ќе бегаме од темава за брзо. Еве @Bella_Stella како што ја знаеме најмногу ќе не пречека и ќе не прими со раширени раце
Јас и @Bella_Stella така си чекавме заедно резултати од кломифен, па сега си се дружиме во труднички и во прво тромесечие. Ве чекаме сите да ни дојдете со раширени раце, и кафенце ќе во свариме само доаѓајте побрзо! Со Господ напред, на сите ви посакувам да ви се исполни желбата што побрзо
Еве јас за себе да си кажам, едвајјјј чекам да дојдам во труднички и прво тромесечие Имам љубов за вас, погодени сте ми, па сакам заедно да "растеме" и поминуваме низ нај убавото нешто во животот - бременоста Ај ве гушкам сите, и успорете, чекајте ме П.С имам и друшки и во второ тромесечие, тие мн ми избегаа и со нив сакам да се дружам
имам пишувано и претходно , биохемиската е добар знак , јас пред оваа бременост имав една по друга две биохемиски и третиот циклус се фати бебче сега терам 31 ва недела , направи ги испитувањата секако ама ете од таа биохемиска одма имаш минус 3 испитувања кои нема потреба да ги правиш , знаеш дека спермограм не би требало зашто се оплодила веќе јајце клетка со подвижен сперматозоид , проодност не ти треба бидејќи стигнала преку јајцевод до матка , и секако одличен знак во регуларен циклус без стимулации си имаш регуларна овулација ..... биохемиската бременост е природна селекција на бластоцист со малформација , докажано е дека многу жени во многу циклуси низ процесот на зачнување ги имаат и тоа често само што не се регистрираат повеќето , тоест не знаеме за нив .... ќе се среди се само немој да те удри на психа , опуштено пробувајте си и во меѓувреме направи основни испитувања
Ќе се исполнат, исто како што им се исполнија на новите мами, само треба да дојде нашиот вистински момент Верувам и се молам и знам дека ќе ми се исполни желбата а и на вас друшки мои па сите заедно ќе ги "нападнеме" тие групи Гушки до сите И нас ќе не огрее